Македонија
(Видео) По скандалот со збирката поезија, Агенцијата за млади и спорт ги повлекува примероците
Агенцијата за млади и спорт ќе го повлече целиот тираж на збирката поезија со дискриминирачка содржина. Директорот на Агенцијата, Дарко Каевски на денешната прес-конференција изрази жалење и нагласи дека посебна комисија била должна да направи селекција на песните и писмено да го извести него како директор, доколку има некакви сугестии или забелешки. Тој ги осуди песните со текстови кои шират дискриминација и говор на омраза.
„Професионална одговорност мора да има, мора да се знае кој го премолчел ова и дозволил да се случи. Нема повеќе место за говорна омраза и дискриминација. Ќе направиме се што е во наша ингеренција да ја детектираме вината. Не ја пренасочувам вината само во комисијата, чувствувам морална, но и професинална одговорност кај мене како директор“ рече Каевски.
Тој објасни дека директорот ги утрдува чекорите на постапката, но не и содржината на песните, вака Каевски го правдаше неговиот потпис како уредник на збирката поезија. Како што кажа, тој немал обврска да ги чита и да ја проверува содржината на песните, за тоа била задолжена тричлената комисија. Каевски ѝ се извини на јавноста за грешката и нагласи дека Агенцијата за млади и спорт ќе истражи како дошло до ваков пропуст.
Засега не поднесува оставка од функцијата, бидејќи, како што рече, било поважно да се открие кој е виновен за скандалот. Проектот чини 150 илјади денари и се спроведува четири години, а за направената штета, Каевски најави дека ќе побара од одговорните да ја надоместат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница
Стевчо Јакимовски и неговата градежна дружина сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница. Да ја потсетиме јавноста што се обидуваше Стевче да протурка овде во Влае, кажа денеска Maрија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Фирмата „Аполо Инженеринг“ преку процес на приватизација дооформиле парцела во Влае, во склоп на тоа и улица, каде претходно Стевчо Јакимовски уцртал маркица за зграда.
Во решението за приватизација пишува дека „Аполо Инженеринг“ доставиле два геодетски елаборати во пропратната документација за приватизација. Точниот датум кога се доставени елаборатите не е наведeн, но може да се види дека се изработени по донесување на Деталниот урбанистички план (ДУП). Едниот е изработен кон крајот на 2016 година, а другиот во 2017. Во оној од 2016 е наведено дека парцелите за кои се бара приватизација се дел од градежна парцела предвидена во планот, додека пак во оној од 2017 година се другите катастарски парцели кои ја сочинуваат градежната парцела.
Една од парцелите за кои „Аполо Инженеринг“ побарале приватизација е дел од улицата Есперанто овде пред Кино Влае“.
За приватизацијата „Аполо Инженеринг“ како што посочи Митева, платила само 285 денари за метар квадратен или, како што рече, нешто повеќе од 3.500 евра затоа што добила намалување на цената за 35%.
„Неколку месеци по приватизацијата компанијата го продала целото земјиште на Јонче Спирковски кој е сопственик на „Аполо Инженеринг“. Во купопродажниот договор наведено е дека имотот е продаден за цена од 2.950.000 денари со вклучен ДДВ.
ДУП-от за Влае иако беше укинат од Уставниот суд откако Стевче Јакимовски повторно дојде на местото градоначалник во 2021 година, тој го стави ДУП за Влае со две планирани висококатници повторно во процедура“.
Митева оценува дека Стевчо Јакимовски продолжува да ја турка бетонизацијата во Влае со сите сили. Затоа, како што нагласува, треба да се стави крај на ваквото делување, во недела на 2 ноември, со заокружување на бројот 9, за Сотир Лукровски.
Македонија
Александар Јовановски нов директор на „Комунална хигиена“ – Скопје
Александар Јовановски е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Тој доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за инспекторат, а претходно искуство има и во Секторот за локален економски развој.
„Александар има повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица, а со работен ангажман во Здружението за заштита и унапредување на животната средина работел на реализација на еколошки и општествено одговорни проекти. Јовановски има високо образование за менаџмент на Универзитетот ‘Гоце Делчев’ во Штип и има меѓународен сертификат за институционални пристапи за заштита на животната средина. Со своето образование, професионално искуство и ангажман во јавниот и во приватниот сектор, Јовановски ќе придонесе во КХС – Скопје за унапредување на стандардите на јавното претпријатие, модернизација на системите за управување со отпадот и одржување чиста, здрава и еколошки одговорна животна средина во градот Скопје“, соопштија од Град Скопје.
Македонија
Само со заемна почит и разбирање може да има напредок и побезбедна иднина за сите: Сиљановска-Давкова на свечена вечера кај Макрон
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа присуствуваше на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон во чест на високите гости на Парискиот мировен форум.
„Вчеравечер присуствував на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон во чест на високите гости на Парискиот мировен форум.
Во пријатна атмосфера водевме разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир“, објави таа на социјалните мрежи.
Порача дека само преку заемна почит и разбирање може да се создадат услови за напредок и побезбедна иднина за сите.

