Македонија
Ковачевски: Поголеми пензии и силна поддршка во време на кризи
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска го посети Сојузот на здружение на пензионери, каде оствари работен состанок со претставници на Здружението.
На средбата се говореше за стандардот на пензионерите, кој, како што оцени Ковачевски, значително е подобрен и ќе породлжи да се подобрува благодарение на зголемувањето на пензиите како и мерките за заштита на животниот стандард на оваа категорија граѓани.
„Просечната пензија денес е над 20.100 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година, кога просечната пензија изнесувала нешто над 200 евра. Минималната пензија пак денес изнесува 13.100 денари, што е за 4.300 денари повисока во однос на 2016 година, односно повисока пензија за речиси 50%. Со Владата предводена од СДСМ пензионерите денес добиваат во просек по 6.000 денари повеќе“, рече Ковачевски.
Ковачевски истакна дека СДСМ како партија на која солидарноста и е една од најважните вредности ќе продолжи да се грижи за оваа категорија граѓани и во иднина.
На состанокт се разговараше и за новата програма на СДСМ, во која се опфатени и пензионерите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кликнете „Обраќање до судот“ за електронски да поднесете иницијатива, барање или предлог до Уставниот суд, услугата е достапна од 1 јануари
Веќе трет ден граѓаните можат и од дома, електронски, да поднесат барање, иницијатива или предлог до Уставниот суд. Услугата е достапна за сите правни и физички лица од први јануари.
„Електронското поднесување поднесоци е овозможено преку интернет-страницата на Уставниот суд, односно преку актегоријата ’Обраќање до судот’ каде во поткатегоријата ’Електронско поднесување на поднесоци’ се наведени насоки за начинот на електронско поднесување“, извести денес Уставниот суд.
Електронското поднесување иницијативи, барања или предлози до Уставниот суд е регулирано со Правилникот за електронско поднесување на поднесоци кој е објавен на интернет-страницата на судот.
Министерството за дигитална трансформација, пак, соопшти дека од денес електронските документи издадени од јавни органи, печатени на хартија, нема да подлежат на процесот на верификација туку ќе имаат иста правна и доказна сила како и оригиналниот документ со традиционален печат.
Македонија
Тошковски се извини на велешани за затворањето на мостот во Башино село за реконструкција, полицијата ќе обезбеди проток во сообраќајот
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, заедно со премиерот на Владата Христијан Мицковски, министерот за транспорт и врски Александар Николовски, градоначалникот на Велес Марко Колев и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски беа на увид на состојбата на мостот кај Башино село. Целта на посетата беше да се координира брзина на институциите по добиениот извештај од Градежниот факултет до Јавното претпријатие за државни патишта дека мостот кај Башино село е во многу лоша состојба заради што се забранува секаков сообраќај за лесни и тешки товарни возила.
Министерот Тошковски упати извинување на граѓаните на Велес кои ќе мора да бидат трпеливи за надминување на оваа состојба бидејќи за жал претходната централна власт до која е апелирано уште во 2018 година за проект за санација на овој мост оставила штетата толку да се зголеми што сега има неминовност од затворање на мостот на неколку месеци, се до негова конечна санација.
„Министерството за внатрешни работи во моментот преку специјалните единици учествува во подводни снимања на мостот со што ќе овозможи видео материјал на Градежниот факултет за да направи брз проект за санација и пуштање во употреба на мостот за сообраќај што се очекува да заврши за 60 до 90 дена. Во меѓувреме сообраќајот кој нема да се одвива преку овој мост ќе биде пренасочуван преку Велес, а полицијата постојано ќе го регулира сообраќајот со посебни режими со цел да не се наруши текот на сообраќајот и да нема застои во движењето на возила низ градот Велес. Ги повикувам граѓаните на Велес и сите граѓани кои ќе имаат потреба да сообраќајот во овој регион да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои ќе учествуваат во регулацијата на сообраќајот. Во меѓувреме паралелно на проектот за санација на овој мост кој треба да заврши за 60 до 90 дена се планира проект на нов мост во близината на истиот, чија изградба треба да почне во втората половина на годината после завршувањето на тендерските постапки и избор на изведувач“, потенцираше министерот Тошковски за време на увидот.
Македонија
Битолското обвинителство отвори предмет за фотографијата на Дранго со мртва мечка
Основното јавно обвинителство од Битола отвори предмет за случајот со застреланата мечка и фотографијата на која позира заменик-директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго.
„По објава во медиумите оформен е предмет и се постапува за да се утврди што точно се случило“, велат од Основното јавно обвинителство во Битола.
Бурни реакции во јавноста предизвикаа фотографиите кои ги објави здружението „Анима мунди“, на кои се гледа заменик-директорот на „Македонијапат“ и претседател на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар, како позира со пушка со оптички нишан и со мртвото животно.
Тој има своја верзија за случувањата за наводна сообраќајна несреќа во која настрадала мечката, но од СВР Битола велат дека кај нив нема таков пријавен случај.
Фотографиите до кои дојде „Анима мунди“ покажуваат дека Дранго, откога ја убил мечката, ладнокрвно позира со неа како да е трофеј, што само го отсликува неговото умоболно хоби за што говорат и неговите фотографии од убиени разни диви животни на социјалните мрежи.
Реакцијата на „Анима Мунди“ доаѓа по вчерашната изјава на Дранго дека мечката, со која е сликан на Фејсбук загинала во сообраќајка.