Контакт

Македонија

Левицата: „Власта го крие труењето на народот – олово, арсен и цијанид во Kрива Река“

Објавено пред

„Излевањето на токсичен рударски отпад во Крива Река од рудникот „Тораница” е директен резултат на криминалната спрега меѓу власта и бизнис-елитите! Независните анализи потврдија алармантни концентрации на тешки метали: олово, арсен и цијанид кои претставуваат сериозна закана за здравјето на жителите и животната средина, но институциите прават сè за да го прикријат злосторството!“, велат од партијата Левица.

dobivaj vesti na viber

„Министерот за животна средина, Изет Меџити, не само што ја дозволи оваа катастрофа, туку и се обиде да ја заташка, тврдејќи дека станува збор само за „заматување на водата”.

И за жал, за очекување е, „Булмак 2016”, компанијата која управува со рудникот, да продолжи со работа како ништо да не се случило.

Во реалноста, рударските компании под контрола на ДПМНЕ, ја трујат реката со опасни хемикалии, а државата не презема ништо! Напротив таа е соучесник. На чело на рудниците во Крива Паланка (Тораница) и Пробиштип (Добрево) стои Тони Тоневски – Тозо, поранешен градоначалник на Пробиштип од ДПМНЕ и актуелен претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Пробиштип. Тоневски не е обичен управител, менаџер – тој е директно назначен од премиерот Христијан Мицкоски, како дел од партиската шема за контрола на рударската индустрија.

Овде не станува збор за изолиран инцидент. Со години истите луѓе кои управуваат со овие компании профитираат од експлоатацијата на природните ресурси додека народот и животната средина страда. Наместо државните институции да ги заштитат граѓаните – тие служат како послушен сервис за бизнис интересите на рударските концесионери.

Ова е еколошки и криминален скандал што бара итна одговорност, но институциите се целосно распаднати и ставени во служба на партиските интереси. Системот што ДПМНЕ и СДС го градат со децении, денес е во тотален колапс – корумпиран, неспособен и потчинет на бизнис-елитите. Додека тие владеат, ваквите катастрофи нема да бидат исклучок, туку правило.

Браме итно повлекување на раководителот Тони Тоневски-Тозо од сегашната функција и истрага која би ја воспоставила неговата улога во труењето на реките. Дополнително, бараме драконски казни за концесионерите „БУЛМАК 2016” кои соодветствуваат на сторената штета. Се помалку од ова би било продолжување на политиките кои доведуваат до вакви катастрофи“, се наведува во соопштението на партијата Левица.

Македонија

Облачно со повремен дожд, попладне нестабилно

Објавено пред

На терторијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2).

dobivaj vesti na viber

Утринските температури се движат меѓу 2 и 10, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 6 и 17 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, со највисока температура до 15 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дождот ќе се задржи до четврток, стабилизирање дури во петок

Објавено пред

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

dobivaj vesti na viber

Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени, јавува УХМР.

Во Скопје, променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.

До четврток ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2), грмежи и засилен ветер. Стабилизирање на времето ќе има во петок.

Прикажи повеќе...

Македонија

Хуманитарен концерт на Тамара Тодевска – Пееме за Кочани

Објавено пред

Со цел поддршка и помош на семејствата на починатите граѓани и повредените во трагедијата во Кочани, Тамара Тодевска организира хуманитарен солистички концерт.

dobivaj vesti na viber

Имено, овој музички настан ќе се одржи на 17. април (четврток), од 20:00 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Средствата од продажбата на билетите ќе бидат наменети за семејствата на починатите граѓани, како и за сите повредени во трагедијата.

Информациите за продажбата на карти ќе бидат објавени претстојните денови, а Тамара ги повикува сите свои фанови и луѓе кои ја почитуваат македонската музика да бидат дел од овој концерт:

– Хуманоста и солидарноста се вредностите кои можат да ја вратат надежта, а се толку потребни за семејствата на починатите и повредените граѓани во трагедијата во Кочани. Во моментите на тага и жалост – да останеме луѓе, да пееме македонска музика, да пееме за Кочани. На 17. април (четврток), во @mkc_skopje, од 20:00 Ве повикувам на хуманитарен концерт за Кочани, посочи Тодевска на своите профили на социјалните мрежи.

Продажните места за картите за овој концерт ќе бидат објавени на офијалните канали на социјалните мрежи на Тамара Тодевска на Instagram и Facebook.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 часа

Христијан Стојанов е уште едно младо момче што влезе во „Пулс“ за да спасува луѓе: „Обезбедувањето ни помогна многу“

Осумнаесетгодишниот Христијан Стојанов е уште еден херој од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој не размислувајќи за сопствениот живот...

Македонија18 часа

Подобрена е состојбата кај двајца пациенти кои се лекуваат во Солун, од интензивна нега преместени се на пластика

Министерството за здравство информира дека нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти од вчера, во Скопје вкупно се лекуваат 16...

Македонија19 часа

Oсмани и Адеми во посета на семејството на Бектеши за Бајрам: „Неправедно е обвинет, ја имате нашата поддршка“

Поранешниот министер за здравство Бујар Османи и портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, за Рамазан Бајрам го посетија семејството на ексминистерот...

Македонија20 часа

„Не пројдоа ни 40 дена од трагедијата“ – Мицкоски смета дека е рано да се размислува за градоначалник на Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека рано е да се размислува за заеднички кандидат за градоначалник на Кочани, по информациите дека...

Македонија21 час

Планинарката Ивона која загина во пожарот е ќерка на единствената пожарникарка во Кочани, колегите тагуваат

Дваесет и едногодишната Ивона Антова – планинарка која загина во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е ќерка на единствената жена пожарникар...

Македонија1 ден

Прво сведоштво на Костадинов за пожарот: Се измокрив со црево и влегов низ прозорецот кај билетите, ги вадевме луѓето еден по еден

Со маса го скршив прозорецот и со цревото прскавме вода внатре. Вака 19 годишниот Јован Костадинов кој спаси 21 живот...

Македонија1 ден

Попладнево пороен дожд, грмежи и ветер, најавија метеоролозите

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава...

Топ2 дена

Деца од Битола принудувале врснички сексуално да ги задоволуваат, имале компромитирачки материјали

Деца од Битола принудувале врснички полово да ги задоволуваат, заканувајќи им се со компромитирачки материјали кои ги поседувале. Случајот во...

Спорт2 дена

(Видео) Кочани, Кочани… емоции на првиот фудбалски натпревар во градот по трагедијата

Денеска беше одигран првиот фудбалски натпревар во Кочани по трагедијата со пожарот во дискотеката „Пулс“. Мечот се одигра помеѓу тимот на...

Македонија2 дена

Влошена е состојбата кај двајца критични пациенти кои се лекуваат по пожарот, информира Таравари

Влошена е состојбата кај двајца пациенти кои се лекуваат по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Вкупно четворица се во...

Македонија2 дена

(Видео) Пиротехниката во затворен простор ќе се најде пред пратениците, се менува Законот

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред и мир, со што се става ред...

Македонија2 дена

Случајот со Фросина Кулакова не’ собра, а причина е системот, велат од „Кој е следен“ по обвинувањата дека ја злоупотребиле трагедијата

Точно е дека движењето „Кој е следен?“ настана по сообраќајната несреќа на Партизанска кога загина Фросина Кулакова. Тоа не’ собра...

Македонија2 дена

(Видео) Шукова: Можеби храната што ја јадеме е под ризик порди излевањето во Крива Река

Се’ што се продава на пазарите во Скопје, Куманово, Паланка, Велес и другите градови, се наводнува од Вардар, Пчиња, Крива...

Култура2 дена

Филип беше ураган од љубов – во Штип се одржа комеморација за музичарот Стевановски кој загина во пожарот

Во Штип се одржа комеморацијата за директорот на штипскиот центар за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски, кој тагично го загуби...

Македонија2 дена

Утре еден час помалку спиење – во два по полноќ почнува летното сметање на времето

Вечерва, сабота кон недела, почнува летното сметање на времето. Тоа значи дека стрелките на часовникот во два часот наутро на...

Свет2 дена

Зеленски: Американците целосно го сменија договорот, чекаме правна анализа

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина нема да прифати никаков договор за минералните суровини што ќе ја загрози нејзината...

Македонија3 дена

OJO: Поднесено обвинение за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици на „Партизанска“

По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице што се товари за тешки...

Македонија3 дена

Четворицата лидери на „Влен“ вечерва ќе одат на ифтарска вечера кај Аљбин Курти, Таравари вели дека ќе разговараат и за локалните избори

За претстојните локални избори, како и за сите актуелни теми во земјата и во регионот, вечерва, на ифтарска вечера кај...

Македонија3 дена

Денес, осум пациенти од Скопје се пуштаат дома, од странство се враќаат уште девет

Министерот за здравство, Арбен Таравари, информира дека во моментот во установите во Скопје се хоспитализирани 22 пациенти, сите стабилни и...

Топ3 дена

Измамници оштетија струшко семејство: им понудиле донации за болниот син, па подигале брзи кредити

Двајца измамници излажале сопружници од Струга дека ќе собираат пари за лекување на нивниот болен син и им ги зеле...