Македонија
МВР: Полицаецот од ПО Арачиново требало да извести дека имал проблем со списите за казнување

По молкот на МВР за обвинувањата од полицаецот Дејан Саздов дека службениците од ПО Арачиново не можеле да се задолжат со списи за казни, денес тврдат дека секој полициски службеник без проблем може да се задолжи и подигне. Полицаецот Саздов, кој воедно е и преседател на Независниот синдикат на полицијата, за „Макфакс“ кажа дека тој побарал, но од административниот работник му било кажано дека МВР не дава списи за тоа полициско одделение.
„Доколку евентуално и се случил некаков проблем токму со полицискиот службеник кој дава генерална оценка за состојбите во надлежност на ПО Арачиново, тој бил должен за тоа веднаш да ги извести соодветните служби во МВР“, тврдат од МВР.
Министерството тврди дека изминатите два месеца биле изречени 54 мерки по основа на разни прекршоци на потегот кон селото Арачиново.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.
Македонија
Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи.
„Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.
Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, напиша Мицкоски.