Македонија
„Мигранти за пари, Мицкоски ја распродава иднината на Македонија“, велат од СДСМ
„Со контра Резолуцијата ДПМНЕ-ЗНАМ признаа дека постои договор ‘мигранти за пари’. Во нивната контра Резолуција на ДПМНЕ воопшто нема одредба против носење мигранти од Британија за пари. Има игра на зборови, обид за поинакво дефинирање на мигрантите под превезот на ‘економски работници’ и ‘нелегални мигранти’“, велат од СДСМ.
„Ова е национално предавство за пари. Владата на Христијан Мицкоски ја става иднината на Македонија на пазар, на распродажба.
Државата е во тешка финансиска состојба, трезорот се затвора пред време, доцнат исплати на породилно, социјална помош, ДДВ, нема пари за плати и пензии. На власта и требаат пари ама не за граѓаните туку за да им врват наместените тендери.
Затоа договара мигранти за пари и скапи кредити кои утре ќе ги враќаат младите, идните македонски генерации.
СДСМ ќе се спротивстави и нема да го дозволи ова национално предаство, оваа распродажба.
Имаме решение. Нема да има мигранти, туку домаќинска политика, како во времето на СДСМ кога ги зголемивме платите и пензиите а државата одеше напред.
Наместо 161 тендер за една фирма, парите ќе се насочат кон за зголемување на платите и пензиите. Без криминал и корупција, без мигранти, парите назад кај граѓаните, со поголеми плати и пензии.
Одбраната на Македонија започна и нема да престане! Сите ќе одговарате!“, соопшти СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише Резолуцијата на СДСМ, кажа Кузеска
„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот. Цела недела одбегнуваа да одговорат на нашите повици, одбегнуваа да ја потпишат Резолуцијата во којашто експлицитно стои дека нема да дозволиме да се носат мигранти“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Наместо да застанат заедно со нас поднесоа контра Резолуција. Контра протести, контра Резолуција, лажни вести, закани со кривични пријави, исто како во време на Никола Груевски.
Со контра Резолуцијата ДПМНЕ–ЗНАМ го потврди она што СДСМ со денови го говори: постои договор „мигранти за пари“. Државата е во тешка финансиска состојба, дупката моментално е 1 милијарда евра. Трезорот се затвора пред време, доцнат исплати за породилно, социјална помош, на ДДВ, нема пари за плати и пензии.
Но, парите не и требаат на власта за граѓаните, туку за пумпање пари преку наместени тендери и бизниси.
Сите ги видовме криминалните шеми, 161 тендер, 14,5 милиони евра само кај две фирми.
Затоа договараат мигранти за пари и скапи кредити што утре ќе ги враќаат младите и идните генерации.
Затоа во контра Резолуција нема ниту една јасна одредба што забранува носење мигранти од Британија за пари.
Има игра на зборови, мигрантите ги кријат зад термини како „економски работници“ или „нелегални мигранти“.
Ова е национално предавство. Владата на Христијан Мицкоски ја распродава иднината на Македонија.
Ние заедно со граѓаните ќе ставиме крај на овие предавнички и криминални политики на ДПМНЕ-ЗНАМ.
Крај на на предавството на Македонија. Крај на корупцијата и криминалот. Крај на тендерите за пумпање пари од граѓаните. Крај на катастрофалните економски политики.
Крај на изолацијата! Доаѓа вашиот крај. Тоа граѓаните ќе ви го испорачаат! Борбата за Македонија почна и нема да застане. Сите ќе одговарате!“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Македонија
Заедно со граѓаните ќе ставиме крај на предавничките ДПМНЕ-ЗНАМ, порачуваат од СДСМ
ДПМНЕ-ЗНАМ прават национално предавство, со договори-мигранти за пари ја продаваат Македонија.
Нема пари во буџетот, државата доцни со исплата на социјална помош, породилно, поврат на ДДВ, нема пари за поголеми плати и пензии. Дупката е веќе 1 милијарда евра, велат од СДСМ.
На власта, додаваат од опозициската партија во соопштението, и требаат пари ама не за плати и пензии туку да продолжи со криминалните тендери.
„161 тендер за една фирма, 14,5 милиони евра за две фирми, сите граѓани веќа видоа како се испумпуваат парите на граѓаните.
Затоа ја продаваат Македонија, за пари.
Нема да седиме со скрстени раце додека ДПМНЕ-ЗНАМ ја распродаваат Македонија.
Заедно со граѓаните ќе ставиме крај овие предавнички и криминални политики. Крај на предавството на Македонија“.
Порачуваат дека доаѓа крајот на, како што велат, предавничките ДПМНЕ-ЗНАМ.
Македонија
Секојдневно се спроведува рачно и машинско чистење на најфреквентните јавни површини, велат од ЈП Комунална хигиена
Од ЈП Комунална хигиена-Скопје информираат дека во текот на изминатата недела седум пати, во три смени, било реализирано собирање и транспорт на комуналниот отпад од 5000 надземни, подземни и полуподземни контејнери лоцирани во сите скопски општини.
„Додека приближно 90 000 канти наменети за одлагање на комуналниот отпад од индивидуалните домаќинства се празнеа два пати во неделата, според однапред утврден распоред по блокови“.
Претпријатието, како што додаваат од таму, продолжува со континуирано одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини што се во надлежност на Градот Скопје.
„Секојдневно се спроведува рачно и машинско метење на најфреквентните јавни површини – улицата Македонија, централниот плоштад Македонија и помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, Камениот мост, мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, пешачките мостови во централното градско подрачје, како и Старата скопска чаршија“.

