Македонија
Муцунски на министерскиот состанок за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес
 
																								
												
												
											На покана на германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на министерскиот состанок во рамки на Берлинскиот процес.
Во своето обраќање, Муцунски се заблагодари на министерката Баербок и на германското раководство за нивната решителност за унапредување на иднината на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија и констатираше дека денес Берлинскиот процес сега е платформа која претставува составен дел од обновената посветеност на ЕУ за политиката на проширување и го одразува стратешкиот интерес на унијата да го интегрира Западен Балкан во своето семејство.
Муцунски потенцираше дека неопходно е да го удвоиме напори со цел да ги поттикнеме реформите и да ја забрзаме постепената интеграција, а нашите граѓани да можат да ги почувствуваат придобивките од членството во Европската Унија за време на процесот на пристапување, притоа нагласи дека во таа насока треба да се искористи рамката на Берлинскиот процес за да ја покажеме посветеноста за постигнување одржлив развој и поблиски врски на Западниот Балкан со Европската Унија.
Исто така, министерот Муцунски напомена дека Република Северна Македонија даде свој придонес во севкупните достигнувања на Берлиснкиот процес, притоа издвојувајќи ги одржувањето на првиот Дигитален самит за Западен Балкан во Скопје во 2018 година и усвојувањето на Заедничкиот регионален пазар и на Зелената агенда за Западен Балкан, за време на Заедничкото претседавање на Берлинскиот процес заедно со Бугарија во 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја
 
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 (Пеглата) влез 2 (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од Новоселски Пат, како и објектите на Стокомак, КАМ Маркет, бензинската пумпа ОКТА и објектите во нивна близина. (општина Ѓорче Петров)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Леринска, лоцирани во околината на бр. 3. (општина Карпош)
Македонија
Без вода дел од Чаир
 
														Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 150 мм на раскрсница меѓу улиците Челопек и бр. 157 без вода ќе останат корисниците од улиците Челопек и бр. 157, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди
 
														Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 20 степени.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво, а во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник кон крајот на денот, најпрвин во западните делови, а во вторник и среда насекаде ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.


 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											