Македонија
„На секој граѓанин му носиме модернизација, безбедност и подобар живот, ова е само почеток“, велат од „Влен“
„Коалицијата ВЛЕН им го менува ликот на нашите општини! Со големи проекти, јасна визија и непоколеблива посветеност, на секој граѓанин му носиме модернизација, безбедност и подобар живот. Ова е само почеток на посветла иднина!“, велат од ВЛЕН.
„Oпштина Гостивар станува дел од една поширока визија за модерен и квалитетен живот. Еден од главните проекти е издвојувањето на над 161 милион денари за 2025 година, наменети за реконструкција на патишта и подобрување на патната инфраструктура. Оваа инвестиција е значајна за зголемување на безбедноста, функционалноста и квалитетот на животот во општината, придонесувајќи за изградба на урбана средина достојна за граѓаните.
Покрај инвестициите во патишта, големо внимание ќе се посвети на зачувување на животната средина и подобрување на основната инфраструктура. Општина Гостивар ќе добие алатки за селекција и транспортирање на отпадот, за да помогне во создавањето почиста и поздрава животна средина. Исто така, проектите за изградба на фекални колектори, канализации, резервоари за вода и нови водоводни линии се доказ за нашата посветеност на ефикасно управување со виталните ресурси.
Но, тоа не е се. Во Тетово вкупно планираните инвестиции изнесуваат 332 милиони денари, а опфаќаат проекти како што е реконструкција на водоводната мрежа во село Порој – 25 милиони денари (финансирани од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање). Поставување на заштитна ограда во река Шкумбин (во недовршениот дел) – 9 милиони денари (од буџетот на Министерството).
Реконструкција на магистрален водовод за водоснабдување од Попова Шапка до Тетово – 65,5 милиони денари од вкупно 140,7 милиони денари (од кредитните средства на Европската инвестициска банка). Проширување на водоводната мрежа за населбата “Вонвардарска“ – 15 милиони денари (од средствата за капитални дотации на Министерството), како и многу други проекти од витално значење за граѓаните.
Овие инвестиции се дел од стратегијата на коалицијата ВЛЕН, каде инфраструктурата и чистата животна средина се главни столбови за долгорочниот развој на општините“, се наведува во соопштението на ВЛЕН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) СДСМ: Дрзок непотизам во Владата на Мицкоски, синот Андоновски министер, таткото советник
Безочно и бес осет, континуирано се назначуваат роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, се вработуваат под државна капа, на грбот на граѓаните, обвини на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Како што реле, последен е скандалозниот случај со Љупчо Андоновски, татко на министерот за дигитална трансформација во Владата – Стефан Андоновски.
„Таткото на министерот Стефан, Мицкоски си го назначил за негов советник во Владата. Братот пак на министерот Стефан, Игор Андоновски, е нзаначен за началник на одделот на АНБ за град Скопје пред неколку месеци. Значи едниот син министер во Владата на Мицкоски, другиот началник во АНБ а таткото Советник во Влада. Ова е класичен пример на непотизам и судир на интереси. Ова е срам и навреда за граѓаните“, изјави Кузеска.
СДСМ бара од Државната комисија за спречување на корупцијата итно да отвори предмет и да постапи.
Македонија
Криминал со употребувани возила и глисери – штетата е 635 илјади денари, вмешан и царински службеник
Поднесени се уште шест кривични пријави за девет лица до Основното јавно обвинителство заради вршење криминални дела со употребувани возила, при што е нанесена директна штета врз Буџетот од 635.827 денари.
„Во еден случај вмешан е и царински службеник за кој е изготвено отказно решение. Случаите се дел од предкривичните постапки на Секторот за контрола и истраги при Царинската управа за криминални дела со употребувани возила за кои извести пред јавноста изминатиот месец“, информиораа од Царинската управа.
Во предкривичните постапки инспекторите уште во еден случај утврдија најгрубо кршење на законските прописи при што возач, увозник и царински службеник се сомничат за внес на товарно моторно возило во државата при што за истото е избегнато плаќање увозни давачки со што е нанесена директна штета врз Буџетот од 256 илјади денари. Во овој случај возилото е одземено, а против сторителите е поднесена кривична пријава и тоа по два основи, кривично дело царинска измама и кривично дело фалсификување исправи. Против царинскиот службеник е изготвено отказно решение.
Кривична пријава заради царинска измама и фалсификување исправа е поднесена и до правно и одговорно лице на фирма за сторено кривично дело царинска измама и фалсификување исправа. Во овој случај станува збор за кривични дела заради плаќање пониски увозни давачки. Сторителите при увоз на товарно моторно возило при царинење на возилото поднеле фалсификувана исправа за преференцијално потекло на стоката со цел истата да биде ослободена од плаќање царина. Ова е утврдено по извршена верификација на приложениот доказ за потекло на стоката со царински орган на земја членка на ЕУ, по што изготвено е решение со кое увозникот се задолжува да плати износ од 236.241 денар.
Во останатите четири случаи Секторот за контрола и истраги поднесе кривични пријави за четири лица заради основано сомнение фалсификување исправи со цел плаќање помали увозни давачки при увоз на глисери и возило со што е нанесена директна штета врз Буџетот во висина од 143.453 денари.
Македонија
Азири: Албанците ја доживуваат најтешката културна дискриминација во време кога Министерството за култура пропагира зголемување на буџетот
Во време кога Министерството за култура и туризам пропагира зголемување на буџетот за културата, реалноста за Албанците е сосема поинаква. Во 2025 година, Албанците ја доживуваат најтешката културна дискриминација во последните две децении. Годишната програма не е само неправедна распределба на фондовите, туку чиста државна стратегија за бришење на албанската култура од институционалната поддршка, реагира Валмир Азири од ДУИ.
Институциите што ја промовираат албанската култура, според него, се оставени на маргините и осудени на минимален буџет.
Во сите главни културни сектори, додава Азири, Албанците не успеале да добијат ниту 12% од буџетот и проектите, третирани како граѓани од втор ред во сопствената држава.
„Наместо да ја поддржи вклученоста на албанските уметници на меѓународната сцена, Министерството за култура го направи спротивното – ги елиминираше Албанците од секоја можност за промоција на нивната уметност и идентитет. 40 милиони денари за Македонците – само 3,5 милиони денари за Албанците. Ова е однапред смислен план за да бидат Албанците невидливи во меѓународната културна сцена. 320 македонски книги финансирани со 39,5 милиони денари, 60 албански книги со 6,6 милиони денари. Со овој третман, албанската литература се третира како безначаен елемент“, додава тој.
Оценува дека ова е тежок удар врз уметничкото наследство на Албанците и стратегија за ограничување на влијанието на албанската култура на националната сцена.
„152 македонски музички проекти – само 35 албански проекти, 52 милиони денари за Македонците – само 7,5 милиони денари за Албанците. Во држава каде албанската музика е една од најразвиените, ваквата распределба на средствата претставува отворен напад врз албанските уметници.
113 македонски проекти со 75 милиони денари. Само 7 албански проекти со 16,5 милиони денари.
Ова е најјасниот доказ за отворена дискриминација и директен обид за уништување на албанските културни фестивали“.
Азири подвлекува дека албанските културни институции се намерно оставени без средства, со цел финансиски да пропаднат и да бидат затворени.
Како што појаснува, оваа систематска дискриминација се случува под Влада, која целосно ја загуби способноста да ги брани интересите на Албанците.
„Ако оваа политика продолжи, албанската култура ќе продолжи да се деградира, а Албанците ќе останат маргинализирани набљудувачи во сопствената држава.
ДУИ ја подржува државната подршка на културата на сите етнички заедници но дискриминторскиот пристап има далекусежни последици“, истакнуваат од ДУИ.