Контакт

Македонија

Пендаровски до студентите на првиот академски час: „Пред вас се најубавите години од животот“

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на првиот академски час за бруцошите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

dobivaj vesti na viber

На студентите им порача дека пред нив се најубавите години од животот.

„Ќе учите, но и ќе се дружите меѓу себе. Секој од нас и ден-денес ги памети најтешките предмети, најдобрите професори, но и сите згоди и незгоди од студентските години“, истакна Пендаровски.

Пендаровски во обраќањето посочи дека Универзитетот „Кирил и Методиј“ како најстар и широко реномиран академски центар во нашата земја со децении продуцира кадри, кои со своето знаење и вештини се конкурентни на пазарот на трудот и кај нас и во странство.

„Од Правниот факултет на УКИМ, на кој и самиот имав среќа да го оформам моето високо образование, излегуваат идните правници, адвокати, судии, политолози, новинари и политичари, кои имале и имаат своја улога во процесот на трансформација на Република Северна Македонија во модерна, демократска и просперитетна држава“, рече Пендаровски.

За жал, како што истакна претседателот, годинава пандемијата на Ковид-19,, која од темел го измени нашето секојдневие, диктира и промени во образовниот процес. Затоа, и денешната свеченост беше видоизменета во согласност со здравствените протоколи и прописи.

„Ја нема вообичаената атмосфера во студентскиот кампус, меѓутоа животот мора да продолжи и сите ние мораме да се адаптираме. Користете го секој момент да стекнете нови знаења и вештини, да добиете информации и искуство. Споделувајте и комуницирајте, кога тоа не може да го правите со физичко присуство, користете ги новите технологии“, додаде претседателот.

Го заврши обраќањето со желби за добро здравје, среќа и успех, а на бруцошите им посака студии исполнети со интересни содржини и стекнување нови знаења и вештини, кои од нив ќе направат подобри луѓе.

Македонија

Мицкоски до ДУИ: Граѓаните знаат дека манипулирате со моноетнички теми

Објавено пред

„Ја разбирам потребата, ваша лична и на политичката опција која ја претставувате, и како координатор и како висок функционер на политичка партија која во минатото имаше главен фокус на јавните набавки, па преку еден момент да се пренасочите кон зелената агенда, па да станете екологисти, па од тука да се префрлите на енергетиката во делот на копање и увоз на јаглен, па на моменти како политичка опција да сте прилично активни во делот на игрите на среќа и конечно на крај, откако дојдовте во опозиција, да се обидете да внесете поларизација во мултиетничко општество како нашето со едноетнички теми“, одговори премиерот Мицкоски на пратеничко прашање упатено до него од страна на координаторот на пратеничката група на ДУИ, Блерим Беџети на денешната седница во Собранието.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски посочи дека може да ја препознае стратегијата на ДУИ да влезе во фрикција со ВМРО-ДПМНЕ на моноетнички теми, бидејќи тие процениле дека тоа ќе им донесе позитивни резултати во микро средината каде што функционираат.

„Не именувам, но со голем дел од градоначалниците кои што доаѓаат од вашата политичка опција разговарам и навистина имаме одлична комуникација, затоа што се сите задоволни што прави оваа влада, за сите општини и за сите граѓани. Сите тие велат дека ова повеќе од 20 години додека бевме во влада, нашите не го правеа. Сега дојде таква влада што не ги дели луѓето ниту по етничка ниту по партиска ниту по било каква припадност, туку целта е да испорачува проекти и да работи за сите граѓани“, одговори Мицкоски.

Премиерот истакна дека ги разбира ДУИ за тоа што поларизираат, дека ќе продолжат да се отвораат моноетнички теми и ќе се обидуваат да создадат меѓуетнички конфликт, но дека тоа нема да им успее.

„Фокусирајте се на вистинска испорака кај граѓаните, оваа не е тема која што граѓаните ги удира во глава. Над глава оди. Верувајте. Затоа што знаат дека се манипулирани. Затоа што кога ќе дојдат во центарот на градот Скопје и ќе го видат трговскиот центар Соравија, тогаш си спомнуваат што е позади оваа реторика“, нагласи Мицкоски.

Премиерот посочи дека не станува збор за етнички легитимитет или нелегитимитет, туку дека станува збор за обична дневна политика и злоупотреба на чувствата на граѓаните поради остварување на финансиски бенефит.

„Како влада функционираме со една единствена цел, а тоа е да го направиме сето она што вие повеќе од 20 години не успеавте. За доброто на сите граѓани да се обидеме сите оние празни села кои ги оставивте позади вас, граѓаните кои што ги напуштија во струмичко и во кичевско и во штипско и во гостиварско, барем некој од нив да ги вратиме назад, затоа што тие луѓе почувствувале дека со оваа влада има некаква надеж дека ќе нè биде“, рече Мицкоски и дополни дека тоа ќе биде одговорот на Владата на дестабилизирачката политика на ДУИ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Герасимовски: В петок предновогодишна забава на „Боемска 1“, концерт на „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов

Објавено пред

Општина Центар, в петок, 27 декември, организира предновогодишна забава наменета за сите граѓани, за децата и возрасните на „Боемска 1“.

dobivaj vesti na viber

„В петок, во 11 часот, почнува предновогодишно дружење со хорот ‘Златно славејче’ и хорот од ООУ ’11 Октомври’, при што ќе се изведат познатите детски хитови и ќе ги забавуваат најмалите. На овој настан предвидено е обраќање на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, а веднаш потоа следува забава со Елса и Спајдермен, кои ќе им поделат новогодишни пакетчиња на дечињата.

Вечерта, во 20 часот, ќе почне предновогодишниот концерт „Вечер под ѕвездите“ со македонските музички ѕвезди, групата „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов.

„Ги поканувам сите граѓани на концертот што ја одбележа годината. Настанот ќе почне со загревање на атмосферата со диџеј Александар Јорданов, а потоа омилената македонска група на сите генерации ‘Нокаут’ ќе ги отпее хитовите со кои пораснавме. Ветуваме добра журка и расположение, дојдете на ‘Боемска 1’“, вели Герасимовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Антикорупциската комисија реагира: Немаме надлежност да ја истражуавме веродостојноста на сертификатот на Христовски

Објавено пред

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) реагира, повторувајќи дека нема надлежност да ја истражува веродностојноста на сертификатот по англиски јазик на директрот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.

dobivaj vesti na viber

Реакцијата следи откако претходно портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска ја повика ДКСК да ја повлече одлуката за непостапување по овој случај и да ја преиспита.

Од антикорупциската комисија во таа насока велат дека како институција, при разгледување на секој предмет, ги утврдуваат
фактите преку информации кои ги прибавуваат од други надлежни институции и при носењето на одлуките постапуваат исклучиво во рамките на нивните законски надлежности.

„Во однос на предметот за директорот на АНБ, што се однесува на оспорената факултетска диплома, надлежна иснтитуција која ги утврдува фактите е Државниот просветен инспекторат врз основа на чиј записник од спроведен инспекциски надзор е донесена одлуката на ДКСК. Во однос на овој случај, сакаме да укажеме дека ДКСК нема надлежност да презема истражни дејствија во однос на веродостојноста на сертификатот за познавање на странски јазик и тоа прашање е во надлежност на истражните органи“, велат од комисија.

Што се однесува до членот на ДКСК Цвета Ристовска, укажуваат дека нејзината соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје била на ниво на гостин предавач и никогаш за финансиски надомест или друг тип договорна соработка. Оттаму, сметаат дека не постои никаков судир на интерес бидејќи нема никаква поврзност со наведниот универзитет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, одговарајќи на прашање за тоа кој е ставот на Владата...

Македонија1 час

Собранието ќе одлучува за разрешување на членовите на Судскиот совет, Гаши вели како биле назначени така ќе бидат и разрешени

Негативниот извештај за работата на Судскиот совет значи дека Собранието на некој начин ги отповикува и дека може да почне...

Македонија1 час

Мицкоски: Граѓаните да се чувствуваат безбедно, Владата обезбедува сигурна европска држава со подобра економија и повисоки плати

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека граѓаните треба да се чувствуваат мирно и безбедно,...

Македонија1 час

Интерпелациите за Меџити, Тошковски, Стоилковиќ, Исеини и за Даути ќе бидат во јануари, Гаши потсетува дека тие немаат егзекутивна моќ

На почетокот на јануари на дневен ред во Собранието ќе бидат ставени сите досега поднесени интерпелации, најави денес претседателот на...

Македонија2 часа

(Видео) ДКСК да ја повлече скандалозната одлука за Христовски и да ја преиспита, бара СДСМ

„СДСМ бара повлекување на скандалозна одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска со директорот на АНБ,...

Македонија2 часа

Пратениците на „Влен“ би ги гласале уставните измени и денес, но потребни се политички договор и предвидливост во процесот, вели Гаши

Уставните измени за внесување на Бугарите ќе се случат тогаш кога владејачката коалиција ќе биде сигурна дека ќе има парламентарно...

Свет4 часа

Идентификувани првите жртви по авионската несреќа во Казахстан: Игор и Александар управувале со леталото

Од компанијата „Азербејџан ерлајнс“ се огласија по повод трагичниот настан кога патнички авион се урна вчераутро во близина на градот...

Македонија5 часа

Најладно во Крушево, најмногу снег на Попова Шапка

Најладно утрово било во Крушево каде што се измерени -3 степени, 0 степени биле измерени во Битола и Берово, 1...

Свет6 часа

(Видео) Преживеаните патници слушнале експлозија пред да се урне авионот во Казахстан: „И тогаш имаше нешто како шрапнел…“

Авион на „Азербејџан ерлајнс“ се урна рано во средата во казахстанскиот град Актау, при што загинаа 38 од 67 лица...

Свет6 часа

Бајден по масовните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура: „Зголемете ја нашата испорака на оружје“

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден му нареди на американското Министерство за одбрана да продолжи да ги зголемува испораките на...

Македонија6 часа

Забранет сообраќај за тешки товарни возила на Ѓавато и на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Од 07:00 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато. Активна забрана за сообраќај...

Европа7 часа

Необичен настан над Исланд: авионот на „Туркиш ерлајнс“ се свртел и се вратил во Истанбул, велат ова е причината

Екипажот на авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Истанбул за Сиетл, ненадејно свртел и се вратил на аеродромот од...

Свет8 часа

(Видео) Патникот што ја снимаше внатрешноста на авионот во Казахстан го преживеа падот: објави снимка и по несреќата

Патникот кој го објави видеото од азербејџанскиот авион кој се урна во казахстанскиот град Актау, објави нова снимка на која...

Македонија1 ден

Дурмиши: Ако трговците не ги коригираат цените, ќе бидеме принудени да донесеме одлука за замрзнување цени или маржи

Инспекторите од утрово прават анализи во маркетите во однос на тоа како се движеле цените на основните прехранбени производи во...

Македонија1 ден

Цените пораснаа до 25 проценти кај некои продукти, рече Мицкоски и најави реакција уште денес

На одредени продукти во маркетите цените им се зголемени до 25 проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој најави реакција од...

Македонија1 ден

Мицкоски им се извини на жителите на Арачиново и Липково: Има неодговорни градоначалници, ќе се стапи во контакт со општините за градинките

Постојат неодговорни градоначалници со неодговорни изјави, но тоа не треба да биде пречка, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со...

Македонија1 ден

ВМРО-НП предлага укинување на „Државната лотарија“: Покрај сите досегашни нерегуларности во кои била вклучена институцијата, се нанесува и непотребна финансиска штета

ВМРО-Народна партија со внимание ги следи случувањата во врска со „Државната лотарија“ и во контекст на тоа предлагаме вклучување на...

Македонија1 ден

Трипуновски: Децата ги фрлаа јаболката што ги добиваа, а се потрошија над 40 милиони денари, таа мерка ќе се модификува

Мерката на претходната влада за помош на овоштарството, со која учениците и децата во градинките добиваа јаболка, сегашниот министер за...

Свет1 ден

Во авионот што се урна имало државјани на пет земји – преживеале 28 патници, меѓу нив и деца

Државјани на пет земји имало во авионот што утрово се урна во Казахстан. Во соопштението на Министерството за транспорт на...

Свет1 ден

(Видео) Се појави нова снимка од падот на авионот во Казахстан

Новата снимка од падот на авионот во Казахстан покажува дека леталото се запалило кога удрило во земјата. Khoảnh khắc máy...