Македонија
По 18 години затвор добија Анџело и Клементина, а Андреј 16 години за убиството на Денис Тот
Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ изрече високи затворски казни за тројцата обвинети за убиството на Денис Тот. Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски е осуден на 18 години. Второобвинетата Клементина Лефковска е осудена на 18 години затвор. Третообвинетиот Андреј Костовски е осуден на 16 години затвор.
Судијката кажа дека се ценети сите околности. Отежувачки околности се степенот на кривичната одговорност, лишувањето на животот… За Анџело и Клементина отежувачки околности се и тоа што повеќепати го удирале Тот.
„Не пријавиле дека тие му задале удари на оштетениот, ниту го пријавиле настанот во полиција. Клементина не пружа помош вечерта, а Анџело избега. Олеснителни околности за Анџело се тоа што е млад, нежент, се обидел да помогне, не осудиван. За Клементина олеснително е тоа што не е мажена, мајка е, неосудувана е, невработена, како и изразеното жалење за настанот. Судот за Андреј имаше в предвид дека не е женет, вработен, не се води постапка против него, тој преземал дејствија да му помогне на оштетениот, судот го ценеше и тоа што искрено и видливо беше манифестирано каењето на сите рочишта“, додаде судијката.
„ Најверодостоен доказ за судот се видео записите од камерите на ‘Привилиџ’ и од ‘Сејв сити’. Јасно се гледаат сите поединечни и заеднички дејствија на обвинетите. Неспорно е дека биле свесни за последицата која настанала. Падот на Денис Тот кој бил спортист и јак, јасно укажува на силината на ударите од Анџело. Ударите продолжиле, Клементина била најупорна која иако била тргана, таа се враќала и го удирала не било каде, туку удирала по главата. Самото вртење на Тот по земјата, влечењето, од страна на Анџело и Андреј, не кажувањето на Брзата помош дека оштетениот бил удиран, упатува на заклучокот дека тие биле свесни за настанување на штетната последица и се согласиле на можност за сторување на делото, односно делувале со евентуална умисла. Оштетениот не презел никакви дејствија кон нив, а тоа упатува дека тие биле свесни за последиците“, децидна е судијката Илиевска-Јосифовиќ.
Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ кажа и кои докази биле ценети како релевантни, а кои како нерелевантни. За сведокот Рената Соколовска, лицето кое повика Брза помош за Денис Тот, судот кажа дека и поклонил верба на исказот, бидејќи има поткрепа со материјалните докази. За сведоците Виктор Серафимовски и Даниел Наневски, судијката посочи дека биле пристрасни.
„ Пристрасен е исказот. Вака дадениот исказ, противречен е на другите докази. Овој сведок беше присутен на настанот, се оддалечил, но кога Анџело ги задава ударите, тој е завртен кон него и истиот можел јасно да види што се случува“, кажа судијката за сведочењето на Виктор Серафимовски, па за исказот на сведокот Наневски додаде: „ Од видео записот јасно се гледаат два удари од обвинетиот по кои оштетениот паѓа на земја. Ударот од Андреј бил во главата на оштетениот а не во градниот кош. Не може да се занемари фактот дека овој сведок е другар од детство. Овој исказ е делумно-прифатен од судот“.
За сведочењето на Мартин Ѓорѓиевски кој опишуваше што се случуваше во таксито и е единствен ваков сведок во постапката, судијката кажа дека исто така делумно верува на исказот.
„ Овој сведок во најголем дел ги потврдува фактите со видео записи. Судот не му поклони верба во кој вели дека имало удар од оштетениот кон обвинетиот Анџело бидејќи е контрадикторен со исказот на Даниел Наневски кој не кажа дека слушнал расправија или видел удар. Евидентно е дека целта е да се помогне на обвинетите да ја намалат кривичната одговорност“, додаде судијката.
Обвинетите негираа вина за делото убиство. Тие бараа да им се суди за тепачка. Тврдеа дека немале намера да го убијат Тот, ниту умисла, што е еден од условите за да се исполни битието на делото. Судскиот процес траеше два и пол месеци. Обвинителката Тања Трајчевска беше убедена дека докажала вина за убиството кај обвинетите. На судењата беа сослушани бројни сведоци на настанот, како и вештаци. Клучни беа и снимките од видео надзорот, како од клубот пред кој Тот беше убиен така и снимките од градските камери.
Доколку ракометарот Денис Тот, немал повреда на рбетниот мозок, ќе преживеел. Ова го покажа вештачењето на Александар Станков, директор и доктор во Судска медицина при обдукција на телото. Докторот Станков, вели: „Доколку таа повреда би ја немало, тој би можел да преживее“. Ударот во главата во тврда површина, бил клучниот момент. Тој се случил кога Тот бил со бокс удрен од страна на обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски. Сите обвинети се извинија за делото кое го сториле.
„На обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска, Андреј Костовски им се става на товар дека пред ноќниот клуб Привилиџ, заеднички со умисла го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. Откако обвинетите излегле од ноќниот клуб, влегле во такси возилото, настанала кратка расправија, Андреј излегол од таксито и го влечел оштетениот од возилото. Откако го извадил надвор, настанала расправија. Излегла Клементина и започнала да го турка оштетениот со двете раце на градите. Излегол и Анџело, ја тргнал Клементина и го удрил оштетениот со две тупаници во главата, по што оштетениот паднал на асфалтот. Додека оштетениот лежел, Андреј го удрил во пределот на градниот кош, а Клементина во пределот на главата. Клементина била тргната од оштетениот, но таа пак дошла до оштетениот и го удрила во пределот на главата, па Андреј го удира со тупаница во главата, па Клементина уште еднаш го удриа во главата. Анџело и Клементина влегле во таксиот за да си одат, а потоа таа излегла од таксито за да го удри уште еднаш. Оштетениот имал тешки телесни повреди“, опишуваше судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ, читајќи го обвинението по што ги опиша сите повреди кои ги имал Тот, во детали.
Денис Тот беше убиен во април годинава пред скопска дискотека. Во јавноста се рашири видео од тепачката пред дискотеката на кое се гледа како обвинетите го удираат Тот, тој паѓа на асфалтот и останува без значи на живот.
Од април годинава за неговото убиство во притвор се 28-годишниот Анџело Ѓорѓиевски, 19-годишната Клементина Лефковска и 22-годишниот Андреј Костовски. Обвинителниот акт беше поднесен на крајот од месец јули.
„Обвинетите, на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал“, стои во обвинението.
Изрекувањето на пресудата траеше скоро еден час.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар
Во акциска контрола за сузбивање на нелегална продажба на пиротехника се одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар, следува соодветна пријава, соопшти МВР.
Денеска (08.12.2025) полициски службеници, на влезот на Бит Пазар, пронајдоа 7.107 парчиња пиротехнички средства, кои биле поставени на три импровизирани тезги.
Пиротехничките средства се одземени и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата кои ги продавале, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
„И во наредниот период МВР ќе продолжи со преземање на мерки и активности за спречување на нелегалната трговија со пиротехника. Апелираме до граѓаните доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички средства, да пријават во полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192“, се наведува во соопштението.
Македонија
Гужви на границите, Богородица и Меџитлија се блокирани за влез и за излез
Од 11:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е блокиран за влез и излез. На ГП Ники (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информира АМСМ.
На ГП Дојран сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет се очекуваат задржувања за влез во државата.
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Дојран, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информира АМСМ.
Македонија
Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите, вели Манасиевски
Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите со релевантни и стручни лица, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, на новинарско прашање дали се точни обвинувањата на СДСМ за злоупотребите на директорот на СОЗР Томовски и каков е ставот на ВМРО-ДПМНЕ на тврдењата дека семејната фирма на Томовски добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра?
„Тимот за одбрана на криминалот на Заев и Филипче кои го претставуваат за антикорупциски тим мислат дека сега ја открија Америка. Големото откритие е дека Томовски е донатор на ВМРО ДПМНЕ, како и илјадници други, а податоците се и јавно достапни. Прашањето е каде е тука криминалот? Јасно е дека нема. Наместо текстовите да им ги пишува Зоран Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите со релевантни и стручни лица. Тие ќе им кажат дека ваквата реторика освен правење на димна завеса за прикривање на криминалот на Зоран Заев, нема никаква друга релевантност“, рече Манасиевски.
Кажа дека е лага дека фирма на Томовски добила милионски тендери.
„Вистината е дека Томовски нема фирма и нема никакви приходи од споменатата компанија која и таа самата тоа го потврди. Втора лага: СДС велеа дека главниот број на фирмата е бројот на Томовски. Вистината е следна: службените броеви на компанијата се други, а личниот број на Томовски е негов со години. Трета лага: СДС тврди дека Томовски бил донатор на ВМРО ДПМНЕ и тоа било потврда дека тој имал бизниси. Вистината е следна: јавен и никогаш скриен податок е дека Томовски е донатор на ВМРО ДПМНЕ, и тоа не значи кршење на било каков закон“, рече тој.
Манасиевски упати прашање до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дали не е криминал тоа што додека тој бил министер, негов министер и колега вицепремиерот Кочо Анѓушев му ги градел модуларните болници од кои една се запали и загинаа 14 луѓе.
„Кога тимот за одбрана на криминалот на Венко и Заев ќе го испита овој случај? Тоа треба да одговорат“, рече Манасиевски.

