Македонија
Првиот академски час на некои од факултетите на УКИМ ќе се одвива онлајн
Утре, на факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доаѓа уште една генерација студенти, со што се означува почетокот на новата академска 2020/2021 година.
Негувајќи ја традицијата за свечен пречек на новите академски граѓани, факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организираат први академски часови.
Во таа насока ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, ќе присуствува на првите академски часови на студентите на:
· Правниот факултет „Јустинијан Први“, кој ќе се одржи на отворено на платото пред Факултетот, со почеток во 11 часот, и на
· Филозофскиот факултет, кој ќе се одржи на отворено на платото на Факултетот, со почеток во 12.30 часот.
Од Правниот факултет информираат дека настанот се организира во согласност со применливите протоколи, а ќе биде емитуван во живо преку фејсбук-страницата на Правниот факултет и преку платформата „Зум“.
Ректорот Јанкуловски исто така ќе се обрати онлајн и на првиот академски час на студентите на Економскиот факултет.
Инаку, првиот час и наставата во оваа академска година на некои од факултетите на УКИМ ќе се одвива целосно онлајн, но на дел од нив, поради природата на наставните содржини и методите на нивното изучување, наставата ќе се одвива хибридно, и онлајн и со физичко присуство.
Обраќајќи им се на студентите на овие факултети, ректорот Никола Јанкуловски симболично со порака ќе им се обрати на сите новозапишани студенти на факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кривична за началник поради бонус плата на вработен, кој повеќе од 21 ден отсуствувал од работа
Полиција поднесе кривична пријава против Б. З., поранешен вработен во МВР, на работно место началник на Одделението за обезбедување на Владата на РСМ, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба по член 353 од КЗ.
Пријавениот како началник ја злоупотребил службената положба и овластувањето на начин што на полициски службеник вработен во Одделението со кој раководел му овозможил да стекне право за исплата на бонус плата за 2023 година иако не го исполнил условот утврден во Законот за работните однос, односно да нема отсуство од работа повеќе од 21 ден во текот на годината.
Пријавениот го ставил полицискиот службеник на списокот на полициски службеници што ги оствариле условите за исплата на бонус плата за 2023 година врз основа на што на полицискиот службеник му било изготвено решение со кое му било утврдено право за исплата на бонус плата за 2023 година и му биле исплатени пари на неговата трансакциска сметка во износ од 36.614 денари, во кој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи.
Македонија
Мицкоски до ДУИ: Граѓаните знаат дека манипулирате со моноетнички теми
„Ја разбирам потребата, ваша лична и на политичката опција која ја претставувате, и како координатор и како висок функционер на политичка партија која во минатото имаше главен фокус на јавните набавки, па преку еден момент да се пренасочите кон зелената агенда, па да станете екологисти, па од тука да се префрлите на енергетиката во делот на копање и увоз на јаглен, па на моменти како политичка опција да сте прилично активни во делот на игрите на среќа и конечно на крај, откако дојдовте во опозиција, да се обидете да внесете поларизација во мултиетничко општество како нашето со едноетнички теми“, одговори премиерот Мицкоски на пратеничко прашање упатено до него од страна на координаторот на пратеничката група на ДУИ, Блерим Беџети на денешната седница во Собранието.
Мицкоски посочи дека може да ја препознае стратегијата на ДУИ да влезе во фрикција со ВМРО-ДПМНЕ на моноетнички теми, бидејќи тие процениле дека тоа ќе им донесе позитивни резултати во микро средината каде што функционираат.
„Не именувам, но со голем дел од градоначалниците кои што доаѓаат од вашата политичка опција разговарам и навистина имаме одлична комуникација, затоа што се сите задоволни што прави оваа влада, за сите општини и за сите граѓани. Сите тие велат дека ова повеќе од 20 години додека бевме во влада, нашите не го правеа. Сега дојде таква влада што не ги дели луѓето ниту по етничка ниту по партиска ниту по било каква припадност, туку целта е да испорачува проекти и да работи за сите граѓани“, одговори Мицкоски.
Премиерот истакна дека ги разбира ДУИ за тоа што поларизираат, дека ќе продолжат да се отвораат моноетнички теми и ќе се обидуваат да создадат меѓуетнички конфликт, но дека тоа нема да им успее.
„Фокусирајте се на вистинска испорака кај граѓаните, оваа не е тема која што граѓаните ги удира во глава. Над глава оди. Верувајте. Затоа што знаат дека се манипулирани. Затоа што кога ќе дојдат во центарот на градот Скопје и ќе го видат трговскиот центар Соравија, тогаш си спомнуваат што е позади оваа реторика“, нагласи Мицкоски.
Премиерот посочи дека не станува збор за етнички легитимитет или нелегитимитет, туку дека станува збор за обична дневна политика и злоупотреба на чувствата на граѓаните поради остварување на финансиски бенефит.
„Како влада функционираме со една единствена цел, а тоа е да го направиме сето она што вие повеќе од 20 години не успеавте. За доброто на сите граѓани да се обидеме сите оние празни села кои ги оставивте позади вас, граѓаните кои што ги напуштија во струмичко и во кичевско и во штипско и во гостиварско, барем некој од нив да ги вратиме назад, затоа што тие луѓе почувствувале дека со оваа влада има некаква надеж дека ќе нè биде“, рече Мицкоски и дополни дека тоа ќе биде одговорот на Владата на дестабилизирачката политика на ДУИ.
Македонија
Герасимовски: В петок предновогодишна забава на „Боемска 1“, концерт на „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов
Општина Центар, в петок, 27 декември, организира предновогодишна забава наменета за сите граѓани, за децата и возрасните на „Боемска 1“.
„В петок, во 11 часот, почнува предновогодишно дружење со хорот ‘Златно славејче’ и хорот од ООУ ’11 Октомври’, при што ќе се изведат познатите детски хитови и ќе ги забавуваат најмалите. На овој настан предвидено е обраќање на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, а веднаш потоа следува забава со Елса и Спајдермен, кои ќе им поделат новогодишни пакетчиња на дечињата.
Вечерта, во 20 часот, ќе почне предновогодишниот концерт „Вечер под ѕвездите“ со македонските музички ѕвезди, групата „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов.
„Ги поканувам сите граѓани на концертот што ја одбележа годината. Настанот ќе почне со загревање на атмосферата со диџеј Александар Јорданов, а потоа омилената македонска група на сите генерации ‘Нокаут’ ќе ги отпее хитовите со кои пораснавме. Ветуваме добра журка и расположение, дојдете на ‘Боемска 1’“, вели Герасимовски.