Македонија
Тимот на Катица Јанева преслушал над 85% од бомбите – анализира и дополнителни 100 илјади снимки
Специјалното јавно обвинителство го објави најновиот, петти по ред, шестмесечен извештај за сработеното. Во Извештајот пишува дека СЈО продолжило со преслушување, обработка и анализа на вкупно 606.555 аудиоснимки со кои располага ова јавно обвинителство, при што обработени се 85% од вкупниот број аудиоснимки, што е 15% повеќе во споредба со претходниот извештај.
„Заклучно со датумот на поднесување на овој Извештај се анализираше содржината на 515 572 аудиоснимки, односно во обработка се 85% од вкупниот број аудиофајлови со кои располага ова јавно обвинителство при што се изработени 1784 транскрипти каде што врз основа на преслушаните разговори постои индикација за сторено кривично дело“, пишува во Извештајот.
Од вкупниот број анализирани разговори, 515.572, издвоени се 193.753 аудиоснимки, за кои се утврдило дека се приватни разговори. Ова јавно обвинителство анализира и повеќе од 100.000 аудиофајлови кои се прибавени при спроведени претреси кај неколку лица и во тек е утврдување дали и во колкав број овие аудиоснимки претставуваат предмет на незаконско следење на комуникациите. Голем дел од материјалите со кои располага ова јавно обвинителство повеќепати се обработуваат и анализираат.
Во извештајниот период заведени се 136 нови предистражни предмети. Од нив 23 СЈО формирало по сопствена иницијатива, а 113 предмети се формирани врз основа на пријави од други подносители. Заедно со претходно отворените 99 активни предистражни постапки во ова јавно обвинителство, во моментот се во работа вкупно 235 предистражни постапки. Во периодот од 15 септември 2017 година до 15 март 2018 година ова јавно обвинителство отвори 7 нови истражни постапки, против вкупно 17 физички лица. Најголем дел од кривичните дела кои се во работа се кривични дела против службената должност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

