Македонија
(Видео) Филипче: Директорката заразена со коронавирус ќе биде разрешена денеска

Директорката на Универзитетската клиника за дерматологија, Нина Цаца Биљановска, која е заболена со коронавирус, денеска ќе биде разрешена од функцијата, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Тој кажа дека разговарал со претседателката на Антикорупциската комисија, која му кажала дека во конкретната ситуација, изборите не се проблем за Биљановска да биде разрешена.
„Разговарав со претседателката на ДКСК, која ми укажа дека кога има итност, постои ваква можност, така што, ние тоа ќе го направиме веќе денеска и ќе се назначи в.д. директор, бидејќи и покрај тоа што нема работен процес на Клиниката за дерматологија, сепак има административни работи“, рече Филипче.
Претходно, Лекарската комора посочи дека не може да ѝ ја одземе лиценцата за работа на Биљановска, бидејќи според нив, во Законот за здравствена заштита не е наведено како треба да постапат доколку медицинско лице свесно го загрозува здравјето на останатите граѓани.
Министерството за здравство најави најостри мерки за сите кои нема да ги почитуваат препораките за заштита и превенција од појава на коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.