Македонија
Четворица починати и 85 нови случаи на коронавирус во Македонија
Во последните 24 часа четири лица починаа од коронавирус, а потврдени се 85 нови случаи. Оздравеле 45 заболени, соопшти Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 1.188 тестирања, а регистрирани се 85 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-9, Дебар-3, Штип-9, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-4, Кавадарци-6, Гостивар-7, Струмица-1, Кочани-1, Демир Хисар-1, Виница-1, Кичево-7.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 42 оздравени пациенти од: Скопје-1, Тетово-13, Велес-2, Битола-3, Демир Хисар-2, Делчево-1, Свети Николе-13, Кичево-7.
Починати се четири лица, два пациенти од Скопје (72г. и 84г.), пациент од Дебар (62г.), и пациентка од Штип (66г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.839, бројката на оздравени пациенти е 7.664, на починати е 527, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.648.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5149, активни 1335
• Куманово 1148, активни 276
• Дебар 219, активни 127
• Штип 953, активни 400
• Прилеп 345, активни 49
• Тетово 1088, активни 190
• Струга 478, активни 195
• Велес 234, активни 23
• Битола 165, активни 72
• Охрид 297, активни 89
• Кавадарци 110, активни 88
• Гостивар 562, активни 326
• Гевгелија 24, активни 13 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 41, активни 25
• Крива Паланка 26, активни 12
• Радовиш 33, активни 10
• Крушево 16, активни 7
• Кочани 112, активни 24
• Пробиштип 63, активни 21
• Демир Хисар 43, активни 30
• Македонски Брод 51, активни 40
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 8, активни 4
• Валандово 7, активни 1
• Виница 30, активни 26
• Делчево 5, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 4
• Свети Николе 239, активни 114
• Кичево 196, активни 116
• Ресен 146, активни 17
• Неготино 31, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, а 5 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Остануваат уште 9 дена изборна кампања: партиските агенди и денеска набиени
Уште 9 дена изборна кампања. И денеска лидерите на партиите, заедно со носителите на листи, како и кандидатите за претседател, ќе ги презентираат своите изборни програми.
Кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, денеска ќе оствари средба со жителите на село Велебрдо и со жителите на општина Маврово.
Гордана Силјановска Давкова, исто така, ќе има средби со граѓани, додека коалицијата што ја поддржува предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори пред граѓаните во Могила, Ресен, Демир Хисар и Битола.
Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, ќе оствари средби со граѓаните на Крушево, Кичево, Струга и Охрид.
Во Штип на народен собир ќе се обрати претседателот на Левица, Димитар Апасиев.
Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, ќе се сретне со граѓаните на Струга и Дебар, а претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, дел од Коалицијата „Вреди“ во рамките на изборните активности ќе даде изјава за медиумите во 12 часот во близина на „Веро“ во Чаир.
Македонија
Основците и средношколците од утре на пролетен распуст
Од утре до 6 мај, учениците од основните и средните училишта ќе бидат на пролетен распуст.
Пролетниот распуст е воведен првпат во оваа учебна година, па затоа има промена и во календарот за настава.
Па така, учебната 2023/2024 година за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни.
Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024.
Ден претходно, односно на 7 мај, вторник, во училиштата каде што ќе се организира гласањето, ќе имаат скратени часови и работно време до 11 часот.
Неработните денови поради изборите ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.
Учениците во Скопје треба да надоместат и за пропуштената наставата на 30 ноември лани кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.
За планирањето и организирањето на дополнителните часови, Министерството за образование и наука ги задолжи директорите на училиштата.
Македонија
Денеска сончево и топло, промена на времето со пороен дожд и грмежи од први мај
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени, велат од УХМР.
Стабилното и суво време, сепак, нема да се задржи долго. Веќе од средината на следната седмица, повторно се очекува дожд.
Промената на времето ќе започне уште во среда, на први мај, кога во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Поголема нестабилност со дожд и чести грмежи се очекува во четврток.