Македонија
Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна како резултат на почитување на мерките против Ковид-19
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со директорите на детските градинки, на која се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат во време на пандемија, важноста од строгото почитување на протоколот за превенција и заштита од ширење на вирусот како основен заштитен механизам и други прашања важни за непречено функционирање на детските градинки.
На средбата, која поради пандемијата на Ковид-19 се одржа онлајн и на која учествуваа 70-ина директори, се дојде до констатација дека состојбата во градинките е стабилна како резултат на почитување на мерките за заштита од ширење на вирусот.
„Воспитувањето и образованието на најмладите во општеството е работа што бара голема посветеност и вистинска грижа. Од страна на Министерството ја имате целосната поддршка во работата и продолжуваме заеднички да работиме на решавање на сите предизвици што произлегуваат од секојдневието и обезбедување безбеден престој на вработените и децата во градинките. Ако ги почитуваме мерките за заштита од Ковид-19, обезбедуваме безбедни градинки и за вработените и за децата“, истакна министерката Шахпаска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на магистрален гасовод од Свети Николе до Велес
За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, изјави Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот“, рече Ковачки.
Повика на излезност на изборите на 8 мај.
Македонија
Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата
Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија и судска постапка. Палевски е првоосомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Во писмото, тој се обраќа до министерот за правда Кренар Лога за кој вели дека „лаже“, и дека токму Палевски барал кратка и брза екстрадиција, без противење.
„Многу важно, го прашав судијата колку време трае БРЗАВА, КРАТКАВА ЕКСТРАДИЦИЈА, добив одговор дека целиот процес е 40 дена од денот на хапсење. На 22 декември бев во Баликесир на повисокиот суд каде за разлика од Првиот, Понискиот Суд, ме прашаа дали постои опасност од МАЧЕЊЕ и УБИВАЊЕ во Македонија. За прв пат почувствував СРАМ за мојава држава и од ИНАТ ако ништо друго дадов изјава: „НЕ, инсистирам на КРАТКА и БРЗА ЕКСТРАДИЦИЈА во Македонија за да се бранам во ИСТРАГАТА.“ Сѐ ова после 5-6 писанија до обвинителот, го добив на коректен Англиски со печат и потпис од Судот. Од тогаш, од минатата година до денес, едни други курветини, „НАТО Прогресивци“, но кои на ЕРДО се клањаат, Министер за Правда, колега на малоумниов Кренар Лога го држат ПАЛЧО во „ЕКСПРЕС“ БРЗА ЕКСТРАДИЦИЈА“, пишува наводно Палчо.
Претходно министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека добил информација од Секторот за меѓународна полициска соработка дека е одобрена екстрадицијата за Љупчо Палевски Палчо, со тоа што македонските полициски службеници се во комуникација со турските колеги.
Македонија
Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат
Левица како нова генерација млади политичари на овие избори настапува со радикална антикорупциска платформа. Битола од економски гигант во време на криминалната приватизација стана рекордер на невработеност. Младите паметат како нашите родители остануваа на улица додека се богатеа поединци, изјави Јована Мојсоска, генерален секретар на Левица
– Се бориме за донесување Закон за потекло на имот на сите носители на јавни функции од почеток на транзиција до денес. На овој начин мора да се стави крај на криминогените партии кои ја уништија иднината на младите генерации. Наместо амнестија која ја видовме во Собранието, нашата автентична програма се залага за незастарливост на криминалот извршен од јавни функционери. На 8-ми мај младите ќе се обединат околу идејата на Левица за да стават крај на владеењето на корумпираните и истрошени политички елити кои немаат веќе што да понудат – вели Мојсоска.