Македонија
Џамбаски не одговара дали ќе дојде во Македонија за Делчев, но упати нови провокации и повик до Бугарите
Бугарскиот европратеник кој го негира македонскиот народ, Ангел Џамбаски, не одговори на прашањата од „Макфакс“ дали ќе се обиде да влезе во Македонија за да оддаде почит на годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. И покрај тоа што пред една недела најави дека ќе дојде во Македонија, сега, ги повикува Бугарите да го слават Делчев на други локации како што е Грција (каде Делчев е роден), пред спомениците на македонскиот револуционер, но и во Бугарија.
„Другари и сограѓани Бугари, никој, апсолутно никој, ниту родово определените родители на антибугарскиот македонизам од Коминтерната, ниту нејзините родово одредени чувари во Брисел не можат и нема да ни кажат каде, кога и како ќе го почитуваме бугарскиот народен херој Георги Николов Делчев. Затоа ви предлагам, на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Георги (Гоце) Николов Делчев кој е бугарски учител, револуционер, офицер, војвода, почит да му оддадете во Кукуш, каде што е роден. Градот бил уништен во 1913 година, но сè уште стои црквата на ридот, женски манастир, на одливот кон Кукуш, ова е новиот град. Тоа може да се направи во урнатините на селото Баница, исто така уништено во 1913 година, а камбанаријата на црквата во која првично бил погребан сè уште стои. Во близина на денешното село Орини, Серско. Тоа може да се направи во градот Гоце Делчев, поранешен Неврокоп. Тоа може да се направи во секој бугарски град каде што има споменик, биста, спомен знак, улица посветена на Војвода Гоце Делчев. Ставете по еден цвет. Поклони се. Следете ги поглавјата“, напиша Џамбаски.
Тој им се обраќа на Бугарите и им вели: „Почитувајте го Гоце Делчев и сите познати и непознати поддржувачи кои ги дадоа своите животи за бугарска Македонија и каузата за национално обединување. Да живее обединетата и неделива бугарска нација, од Охрид до Црно Море. Да живее споменот на Бугаринот Гоце Делчев. Да живее Бугарија!“.
Главното одбележување на раѓањето на Гоце Делчев, се одвива во црквата Свети Спас во Скопје. Низа делегации, меѓу кои шефот на државата Стево Пендаровски, опозицијата, Владата, претставници на бугарската Влада, ќе оддадат почит на македонскиот револуционер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

