Контакт

РЕ-Балканкан

(Видео) Северина се расплака на настап: се обиде да продолжи да пее, а реакцијата на публиката беше неверојатна

Објавено пред

Пејачката не можеше да ги задржи солзите.

dobivaj vesti na viber

Северина ги изненади сите кога на еден настап заплака на сцената среде песната „Роѓено моје“.

Пејачката плачеше додека пееше на сцената, ги бришеше солзите и се обиде да продолжи, но набргу ја прекина песната, а ова видео стана вирално на социјалните мрежи.

@beautyofbalkanija Severina 😍😍😍. Ostanite do kraja videa i uživajte ❤ #bosna #hrvatska #crnagora #viral #fyp #severina #srbija #emotion #beautyofbalkanija ♬ original sound – Ljepote Balkana

Публиката го извикуваше нејзиното име и ѝ даваше поддршка, а по неколку минути, Северина го продолжи настапот како ништо да не се случило.

Култура

Музичко-документарниот филм за Перо Ловшин, еден од првите панк рокери во Источна Европа во Кинотека

Објавено пред

На 22 и 23 февруари од 20 часот во Кинотека ќе биде прикажан долгометражниот музички-документарен филм „Перо Ловшин – Ти можеш“ кој ја раскажува приказната на Перо Ловшин, еден од првите панк рокери во Источна Европа. Гостин на проекциите ќе биде токму Перо Ловшин. Тој, како фронтмен на Панкрти, со текстовите и активизмот одбележал цел еден период од историјата на Словенија.

dobivaj vesti na viber

Настанот е во организација на Словенечки центар – Скопје и Кинотека, а по повод Прешернов Ден.

Режијата на филмот е на Јани Север, кој е и автор на сценариото заедно со Стојан Пелко. Улогите во филмот ги толкуваат: Ловшин, Биг Фут Мама, Присмојени професори блуза. Долгометражниот музички-документарен филм ја раскажува приказната на Перо Ловшин, еден од првите панк рокери во Источна Европа. Гостин на проекциите ќе биде токму Перо Ловшин. Тој, како фронтмен на Панкрти, со текстовите и активизмот одбележал цел еден период од историјата на Словенија. Во режија на Јани Север, филмот го опфаќа периодот на анархизмот и бунтовноста на 1970-тите години, независноста на Словенија, демонстрациите во центарот на Љубљана, сè до учеството на UEFA Euro 2000 во Амстердам.

Панкрти, формирани во 1977, во мала населба во околината на Љубљана, се најверојатно првиот панк рок бенд во тогашниот источен блок, зад железната завеса. На самиот почеток свиреле преработки од етаблирани панк и рок групи како Sex Pistols, The Clash, New York Dolls. Биле дел од сега веќе легендарната компилација Novi Punk Val. Во 1980 го објавуваат нивниот прв долгосвиречки проект, винил албумот „Dolgcajt“. Препознаени по ангажираните социјално-политички текстови и коментари, Панкрти стануваат култен бенд на територијата на некогашна Југославија. Нивниот втор ЛП „Državni ljubimci“ доживеа одличен одѕив меѓу критиката и публиката и беше прогласен за југословенски албум на годината.

Во 1996, настапуваат како предгрупа на нивните идоли Секс Пистолс, во рамките на настапите низ Словенија. Застапени се и во фалениот рок документарец во продукција на Рајко Грлиќ – СРЕЌНО ДЕТЕ (Sretno dijete).

Прикажи повеќе...

РЕ-Балканкан

Вид чоколадо на „Ритер Спорт“ е повлечено од продажба во Хрватска

Објавено пред

Еден вид чоколада на Ритер спорт е повлечена од продажба бидејќи лешниците не се наведени како алерген на хрватската декларација, соопштуваат од Државниот инспекторат на Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Државниот инспекторат информира дека производот Ритер Спорт чоколадна коцка ирваси 83 грама, се повлекува бидејќи во хрватската декларација не е наведен лешникот како алерген.

Поради фактот што алергенот не е означен, производот може да претставува ризик за здравјето на потрошувачите кои се чувствителни на него, додека луѓето кои не се алергични се уште можат да го користат без ограничувања.

Прикажи повеќе...

Забава

Таа е единствената оџачарка во Србија: „Луѓето се чудат кога ќе ме видат на терен“

Објавено пред

Јасмина Диниќ сонувала да стане стјуардеса, но животот ја одвел во сосема друг правец и, како што вели, мисли дека тоа е судбина. Таа денеска е единствениот оџачар во Србија.

dobivaj vesti na viber

„Сè е запишано некаде, вклучително и кој што ќе прави“, рече Јасмина.

Инаку, поради околностите, избрала професија што ја прави единствена и препознатлива, а верува дека носи и среќа. Иако оваа работа важи за исклучиво машка, Јасмина е доказ дека не е така.

Со оваа работа се занимава 28 години, а во професијата го запознала и својот сопруг, со кој успешно ја води компанијата пред 13 години.

„Со сопругот  се запознав надвор од оваа работа, преку пријател. Тој е механичар и кога се запознавме, работеше во фирма, а потоа го запознав со оваа работа. Тој негодуваше долго време и не сакаше да прифати , но сега сме веќе 13 години заедно во тој бизнис“, вели Јасмина и додава дека се многу успешни во бизнисот, но и се горди родители на две ќерки.

Таа работи и како секретарка и менаџер во својата компанија, па ,како што вели, луѓето најмногу се изненадуваат кога ќе ја видат на терен.

Признава дека оваа работа е напорна и опасна.

„Ова е работа во која еден човек не би можел да работи сам. Луѓето знаат дека имаат одреден степен на недоверба кога ќе ме видат, но тоа бргу престанува. Ги смирувам со мојата работа и со големото знаење“, рече Јасмина во утринската програма на „Прва ТВ“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Бројот на жртви во невремето што го погоди Филипини се искачи на 138

Бројот на жртвите во невремето Трами, што го погоди северозападниот дел на Филипините, се искачи на 138, а голем број...

Македонија5 часа

(Видео) Општините го добиваат првиот дел од 250 милиони евра за реализација на капиталните инвестиции

Во Владата денес беше потпишан договорот од првата транша од проектот 250 милиони евра за капитални инвестиции во општините. Дел...

Македонија6 часа

Мицкоски е уверен дека Христовски ги исполнува условите за директор на АНБ, ја повика Антикорупциската комисија случајот да го стави на брза лента

Премиерот Христијан Мицкоски е уверен дека директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, ги исполнува законските услови. Прашан од...

Македонија8 часа

(Видео) СДСМ бара Христовски итно да се повлече од директор на АНБ: „Користењето на фалсификуван документ е криминал“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија повика Бојан Христовски итно да биде повлечен од директорската позиција на Агенцијата за национална безбедност. Методија...

Свет8 часа

Пешак загина во сообраќајна несреќа кај Батинци

Осумдесет и тригодишен пешак од селото Батинци, Скопско загина во сообраќајна несреќа, по удар на автомобил. Несреќата се случила на...

Свет9 часа

Зеленски упати нов апел до главните сојузници на Киев да го засилат притисокот врз Москва

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, неодамна потпиша закон со кој им се дозволува на странски државјани да служат во вооружените сили...

Свет10 часа

Путин: Ако Западот дозволи удари со долг дострел врз Русија, нашиот одговор ќе пристигне

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва подготвува различни начини да одговори доколку Соединетите Држави и нивните сојузници во НАТО...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Треба да препроектира трасата за автопатот од Скопје до Блаце кој ја чини државата 300 милиони евра

Автопатот кон Блаце по траса за жнеење милиони на блиски до СДС и ДУИ, наместо автопат имаме пустелија Автопатот кон...

Регион11 часа

Граѓаните на Бугарија денес одат на седмите предвремени избори во последните четири години

Бугарските граѓани денес одат на седмите предвремени избори во последните четири години, додека поделените политички партии во земјата се борат...

Македонија1 ден

Членовите на Комисијата за помилување поднесоа колективна оставка

Членовите на Комисијата за помилување поднесоа колективна оставка, соопшти професорот Гордан Калајџиев. „Ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од...

Топ1 ден

Уште еден возач побегна откако удри во пешак во Скопје

МВР соопшти за уште едн случај на сообраќајна несреќа со пешак во Скопје, која завршува со потрага по возачот на...

Свет1 ден

Живот после напад

Жителите на Техеран денеска се занимаваа со секојдневните работи и покрај ноќните напади на израелската армија недалеку од иранската престолнина....

Свет1 ден

(Видео) Објавени снимки од израелскиот напад врз Иран

Објавени се снимки од синоќешниот напад врз воени локации во Иран во три бранови воздушни напади. Израелската војска соопшти дека...

Македонија1 ден

Бугарскиот Парламент да го ратификува Пристапниот договор за да почне процесот на уставни измени, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е беспредметно да се испраќа писмо до Европската унија. Мицоски вели дека она што требало...

Македонија1 ден

Се снимал и сликал со бомби кашикари во раце, ОЈО бара притвор

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Мала Речица кој неовластено држел експлозивни материи...

Македонија2 дена

Стрелките на часовникот ноќеска се враќаат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат...

Топ2 дена

38-годишен маж силувал малолетник во Струмица

Синоќа во 23.50 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 38 – годишен жител на Струмица. Тој се...

Македонија2 дена

Трендафилов: Тешко е да преживеете со 370 евра кога минималната кошничка е над 1.000 евра, раст на минималната плата да има и годинава

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) очекува да го разгледа предлог-буџетот за следната година во делот за раст на платите,...

Македонија2 дена

„Ако нешто не е во ред и гледаш дека е така, а молчиш, со молкот стануваш соучесник“, напиша Шилегов

Поранешниот скопски градоначалник, Петре Шилегов повторно се огласи преку социјалната мрежа Фејсбук. „1.000 зошто, едно затоа: За да нема нејаснотии,...

Македонија2 дена

Трговците се алчни, во септември ги покачија цените за во октомври да ги намалат и да останат со истиот профит по замрзнувањето на маржите, вели Трендафилов

Вклучување на Сојузот на синдикати при креирање на мерките кои Владата ги носи за да им олесни на граѓаните и...