Македонија
(Видео) Ќе отпаднат ли бомбите на СЈО поради истрагите за Али Ахмети и Бујар Османи?
Иднината на специјалното јавно обвинителство зависи од волјата на мнозинството, но и на осумте пратеници, кои треба со нивните гласови да овозможат да биде изгласан законот за јавното обвинителство во Собранието.
Овој закон се однесува и на иднината на специјалното јавно обвинителство. Станува збор за двотретински закон, за чие изгласување власта треба да обезбеди поддршка од 80 пратеници во законодавниот дом.
Министерката за правда, Рената Дескоска-Треневска, на денешниот брифинг со новинарите рече дека има два предлог-закони на ЕНЕР за специјалното јавно обвинителство. Едниот што го предлага СЈО, а другиот што го предлага работната група.
Во неформалниот дел од средбата посочи дека има и трет предлог од политички партии за мандатот на СЈО и надлежноста за бомбите за тековните истраги. Меѓу другото, станува збор и за прашањето за надлежноста на бомбите и за прашањето дали прислушуваните материјали може да бидат користени како доказ или индиција во истражните постапки по рокот за поднесување на обвиненијата.
Дел од истрагите за кои СЈО за кои сè уште нема поднесено обвинение се: „Табла“, „Империја“, „Поштенска банка“, „Подарок“, „Пропаганда“, „Дизајн“, „Хармонија“, „Базни станици“, „Пациент“, „Попис“, „Моќник“, „Актор“, „Странски служби“, „Друмарина“, „Продуцент“, „Лидери“, „Тарифа 2“, „Транспортер 2“.
Дел од истрагите на СЈО се за предмети преземени од редовните обвинителства и за нив СЈО може да поднесе обвининие со рок од 18 месеци по преземање на предметот, а останатите истраги ќе зависат од законското решение и волјата на пратениците.
Во дел од тековните истраги на СЈО се вклучени и функционери на ДУИ. Лидерот на партијата, Али Ахмети, е осомничен во истрагата „Попис“, а Бујар Османи во истрагата „Пациент“. Оттука, неизвесно е која форма на закон за статусот на СЈО, ќе ја поддржат пратениците на ДУИ.
Неизвесно е дали пратеничката Елизабета Канческа-Милевска би била сведок или осомничена во некоја од новите истраги на СЈО. За Законот за СЈО треба да се изјаснат и пратеникот Зеќир Рамчиловиќ од Здружението за културно обединување на Бошњаците од Македонија „
Министерката Дескоска рече дека се водат дебати и се разгледуваат опции околу дефинирањето на надлежноста на специјалното јавно обвинителство за прислушуваните материјали и разграничувањето на нивната надлежност со онаа на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Се разгледува и опција околу тоа дали би можела да се врзе надлежноста на обвинителството, не само за круг на луѓе, туку и за висина на штета и корист, за да има подобро разграничување во оние случаи каде што се вклучени и носители на јавни функции и други лица.
Министерката е децидно против амнестија на кривични дела за отворени истраги. „Оние постапки кои е во фаза на обвинение, за мене нема дилема дека треба да продолжат. Во делот со истрагите мислам дека е вложен труд од СЈО и тука не треба да се дозволи да има амнестирање за кривични дела со изменување закон. Во тој дел ќе мора да водиме сметка, да се направи прецизна одредба која ќе даде можност истрагата за делата кои се направни да продолжи“, рече Дескоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

