Соопштенија
„Алијансата за Албанците – Алтернативата“: Преку неспроведување на пописот ДЗС прави кривично дело

Од коалицијата „Алијанса за Албанците – Алтернатива“ реагираат на известувањето од страна на Државниот завод за статистика.
„Државниот завод за статистика, кој денес информира дека нема да почне пописот на терен, кога веќе, според законот во сила, пописот почнал, извршува кривично дело. Ова одбивање за да се спроведе законот е силен удар врз принципот на правна сигурност како основен концепт на правна држава“, велат од оваа коалиција.
Тие го повикуваат Обвинителството итно да ги преземе потребните мерки за зачувување на, како што велат, правната држава и владеењето на правото, со тоа што ќе поднесе обвинение против директорот и заменик-директорот на Државниот завод за статистика.
„Го потсетуваме Обвинителството за тоа што вели Законот за пописот во членовите 16 и 18. Член 16 – Државниот завод за статистика се грижи за законитоста при подготовката, организацијата и реализацијата на пописот во согласност со одредбите на овој закон и врши надзор над работата на лицата учесници на пописот.
Член 18 – Во рамките на нивните надлежности утврдени со закон, во вршење одредени пописи учествуваат Министерство за одбрана, Министерство за правда, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за надворешни работи, Агенција за катастар на недвижностите и други носители на прибирање податоци“, напоменуваат од „Алијансата за Албанците – Алтернативата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Шилегов од ЈСП прави фирма за удомување партиски активисти?

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на најавата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за отворање оглас за нови вработувања во ЈСП „Скопје“.
„Дали неспособниот Шилегов од Скопје од ЈСП прави фирма за удомување партиски активисти? Огласот за 175 нови вработувања во ЈСП, од кој повеќето не се шофери, кои се дефицитарни, е полнење на администрацијата на оваа претпријатие. Во ек на пандемија, кога секој денар е важен и наместо тој да се искористи за таблети, тестови или вакцини, се троши за партиски вработувања“, велат од оваа партија.
Тие сметаат дека ЈСП има недостиг на шофери, но, како што велат, тоа за Шилегов не е проблем, „негова преокупација е како да вработи оперативен директор, советник за примена на јазиците и инженер за инвестиции во ЈСП“, стои во писменото соопштение од партијата.
„Шилегов го претвори ЈСП во фирма за удомување партиски кадри, а Скопје има делови каде што нема канализација, имаме нечисти улици, диви депонии насекаде, градот буквално тоне. И сѐ додека е Шилегов, градот ќе тоне“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
СДСМ: Институциите во неселективна борба против корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ на браникот на криминалот

Последните полициски акции за разбивање на организираната група, која незаконски издавала патни исправи, како и заплената на огромна количина на дрога што ги презеде Министерството за внатрешни работи за владејачкиот СДСМ, се неоспорлив доказ за неселективна и бескомпромисна борба против организираниот криминал.
„Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ, наместо да го поздрави неселективниот пристап на полицијата, повторно застанаа на страна на криминалот и криминалните структури. За времетраење на сложената полициска акција ‘Двојник’, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски направија неуспешен обид да ја саботираат акцијата преку пласирање информации во тек на активна истрага. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски работат по иста разработена шема на лажни вести и неосновани напади кон МВР и полицијата и за акцијата во соработка со нашиот стратешки партнер САД и нивната ДЕА, каде што беше запленета огромна количина марихуана“, реагираат од СДСМ.
Според нив, ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека законите важат еднакво за сите и дека никој не е над правдата.
„ВМРО-ДПНЕ и Мицкоски, колку и да се обидуваат, нема да успеат во намерите да одбранат криминалци и криминал. Денес, нема недопирливи, секој одговара за своите дела, стои во писменото соопштение од СДСМ.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Државните лаборатории оставени без реагенси, за Филипче е поважно возењето мотори

Навраќајќи се на прашањето за состојбата со вакцините, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека системот не е организиран за да даде соодветен одговор.
„Секојдневно умираат по неколку десетици лица, системот не е организиран за да даде соодветен одговор, ама Филипче и Заев се организирани и за викенд се одмораат, поточно аздисуваат. И, така, само во Македонија се поставува прашањето за вакцини – каде се вакцините, кога ќе стигнат? Во меѓувреме, други земји вакцинирале по 20-30 проценти од населението, некои и до 60 проценти од населението“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму го поставуваат прашањето за реагенсите и за тоа дали има доволно термини за ПЦР-тестови и по една година од постоењето на коронавирусот во Македонија.
„Граѓаните молат за термин за тестирање, ама очигледно нема. Срамно! Тоа е тоа што Филипче и Заев знаат да го направат, да се забавуваат, ама не и да си ја работат својата работа за која се платени од граѓаните! Филипче и Заев, веднаш одете си! Филипче и Заев, ќе одговарате“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш