Соопштенија
Бачев: Нервозата и паниката кај ненародната власт е зголемена откако почнавме со блокади и надвор од Скопје
Единствена Македонија на денешната прес-конференција се осврна на незаконскиот полициски упад и растурање на кампот на „Македонија блокира“ пред Собранието.
„Во понеделникот околу 3:00 часот наутро се случи скандал кога кордон од 42 припадници на полицијата заедно со екипи на комуналното градско претпријатие упаднаа во кампот на ‘Македонија блокира’ пред Собранието на Република Македонија. Кампот е растурен и шаторите се отстранети иако блокадите се уредно најавени дека ќе траат до седницата на Собранието за гласање на уставните промени.
Ова се веќе знаци на една уплашена власт штом посегнува по насилно спречување на активностите на „Македонија блокира“. Дури власта се служи и со лаги кажувајќи дека при полициското растурање на кампот било празно иако во кампот беа присутни луѓе од „Македонија блокира“, како што впрочем во континуитет секоја вечер до утрото имаше наши активисти кои ноќеваат пред Собранието.
Нервозата и паниката кај ненародната власт е зголемена откога почнавме со блокади и надвор од Скопје, во други градови низ Македонија, каде што народот сè повеќе ја изразува подготвеноста да ги брани македонската држава и македонскиот народ.
На Зоран Заев устата му е полна со демократија, а омилена фалба му е дека по падот на режимот на Груевски, Македонија била слободна и демократска земја.
Да го потсетам Заев. Од 17 мај 2015 година до месец јули речиси два месеца кампуваше со шатори пред владата и никој не го чепна. Настрана што Соросовите платеници во земјата секојдневно го демолираа централното градско подрачје во Скопје и ништо не има фали.
Значи, Заев уривал режим за да воведе хунта, криминал, безаконие, корупција…патем, полицијата изврши класична кражба на маси, столови и дваесетина шатори на „Македонија блокира“.
Сведоци сме како СДСМ со соопштенија, како и контролираните владини медиуми многу милуваат да пишуваат за бројноста и посетеноста на нашите блокади.
Повторно да го потсетам Заев. Кампот на СДСМ кој беше два месеца пред владата во летото 2015, во текот на ноќта го чуваа едвај по петмина, а поголема група луѓе собираа во вечерните часови кога правеа концерти на отворено со познати македонски пејачи.
Или да се потсетиме на фотографијата што го обиколи светот, според која на т.н. НАТО-журка на СДСМ во Охрид Заев постави светски рекорд во посетеност со само еден посетител.
Но, ова е веќе историја.
Бруталната полициска интервенција на растурање на кампот нема да нè поколеба, туку нè прави уште посилни. Марионетската власт и досега спрема нас водеше политика на заплашување, следење, прислушување, но срамна епизода ќе ги удри уште посилно на земја.
„Македонија-Блокира„ продолжува со отпорот до конечната цел – распуштање на Собранието и распишување на избори со еден услов, без Зоран Заев како премиер.
Продолжуваме и со блокадите низ цела Македонија со цел раздвижување и своевидно загревање на народот пред масовното доаѓање во Скопје во периодот на финалното гласање во Собранието кога ќе биде решена дилемата – или ќе дозволиме марионетската власт да избрише сè што е македонско или Македонија ќе победи!“ порача претседателот на партијата, Јанко Бачовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2025/2026
Осумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.
Изборот на стипендистите за учебната 2025/2026 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на Фондацијата и на двата факултета, како и од претставници од редовите на студентите.
За новата академска година се доделуваат 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ oд Скопје. И оваа година Фондацијата ќе додели еднократна парична награда од 1.200 евра во денарска противвредност за првенците на генерација на двата факултета. Добитници на оваа награда се Исидора Давитковска од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,77) и Јована Цветановска од Медицинскиот факултет (со просек 9,98), стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

„Во време кога вештачката интелигенција станува неизбежен дел од секојдневието, важноста на човечкиот фактор, а особено на квалитетното образование, станува пресудна. Затоа, образованието не смее да се сведе само на стекнување технички вештини, туку треба да мотивира, да поттикнува критичко размислување, креативност и способност за решавање комплексни проблеми. Во вакви специфични времиња исполнети со огромни предизвици, особено за младите, вистинска чест е да се биде дел од континуирана позитивна приказна на едукација, научна посветеност и врвни резултати во сферата на здравството и фармацијата. Благодарение на високата селективност при ангажирањето стручен кадар и на континуираните вложувања во развој и едукација, денес ’Алкалоид’ конкурентно и достоинствено се носи на глобалниот фармацевтски пазар“, изјави г. Живко Мукаетов, Претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и Генерален директор на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје.


Во осумнаесет години постоење, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала вкупно 739 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и инвестирала близу 151 милион денари по основ на стипендии и на еднократни парични награди за првенците на генерација.
Oд ноември 2022 година износот на стипендијата изнесува 7.000 денари во текот на 12 месеци и се пресметува линеарно на постојните и на новите стипендисти, сѐ до нивното формално завршување на студиите.
(ПР)
Соопштенија
„Минт инс“ и Болницата „Плодност“ со нова заедничка иницијатива: подарок за секое новороденче и сигурен почеток на иднината
Во време кога секое семејство бара сигурност и стабилност на свој начин, Минт Инс ја претставува својата најнова иницијатива посветена на најмалите и највредни членови на семејствата. Во партнерство со Болницата „Плодност“, компанијата им посветува посебно внимание на моментите кога започнува најважното животно патување: родителството.

Со секое новороденче во „Плодност“, Минт Инс ќе подари меко и квалитетно бебешко бањарче, создадено за првите топли и безгрижни семејни мигови. Но вистинската вредност доаѓа со можноста што следува: детско штедно осигурување кое обезбедува стабилен финансиски почеток.
Како дополнителна поддршка, компанијата овозможува и бонус од 12.000 денари за секое семејство што ќе се одлучи за ова осигурување, како иницијален чекор кон иднината на детето.


„Родителството е најголемата радост, но и најголемата одговорност. Веруваме дека секое дете заслужува сигурен почеток, а секое семејство поддршка во првите чекори. Нашата иницијатива е мал, но искрен придонес кон тоа,“ велат од Минт Инс.
Партнерството со „Плодност“ претставува продолжување на стремежот на компанијата да биде присутна таму каде што се создава нов живот и нови почетоци. Оваа програма ја нагласува визијата на Минт Инс: да стои зад секоја важна животна одлука, уште од првиот ден.


Повеќе информации за детското штедно осигурување и бонус-пакетот се достапни во сите претставништва на Минт Инс и на официјалната веб-страница.
(ПР)
Соопштенија
Паметно управување со трошоци – вашата кредитна стратегија
Во современиот живот, трошоците се секогаш присутни, од предвидливи сметки до непланирани и итни трошоци. Ова значи дека за многумина, користењето на кредит е неизбежно, а кога е избран и користен стратегиски, тој станува вашиот најголем сојузник.
Со вистинската кредитна стратегија можете да внесете ред во хаосот, да дишете полесно секој месец и конечно да почувствувате контрола врз вашите финансии. Паметно избраниот кредит може да донесе ред, јасност и предвидливост во вашиот финансиски живот. Носењето на вистинските одлуки денес создава големи финансиски придобивки утре.
Изберете го вистинското финансиско решение за вашите трошоци
Правилниот избор на кредит може да направи огромна разлика во начинот на кој ги распределувате месечните трошоци. Наместо да земете прв кредит што ќе го видите, важно е да размислите за што ви е потребен и каков тип на кредит најмногу ви одговара:
· Дали ви треба краткорочно решение за итен трошок?
· Дали ви е потребен кредит со пофлексибилен период на отплата за да го намалите месечниот товар?
· Или ви треба поддршка за да ги покриете сезонските трошоци, празнични купувања или непланирани обврски?
Со избор на кредит кој е усогласен со вашата реална финансиска ситуација, го намалувате ризикот од преголеми месечни обврски и полесно го контролирате буџетот.
Минт Кредит нуди различни модели на кредити креирани да одговараат на различни профили на корисници, со јасни услови и брза апликација со одговор од само 10 минути. Кога кредитот е вистинскиот за вас, тој не станува товар туку алатка.
Консолидирајте постоечки долгови
Ако имате повеќе кредити со различни каматни стапки и услови, тоа може да предизвика хаос во буџетот и да го зголеми месечниот финансиски притисок. Токму тука кредитот за рефинансирање може да ви помогне да ги консолидирате вашите долгови.
Консолидирање на долгови значи да ги споите сите постоечки кредити во еден со поповолни услови и подолг рок на отплата. На овој начин, постои можност месечната рата да се намали, а управувањето со обврските станува поедноставно.
Ризикот од доцнење на плаќања се сведува на минимум, а вие го оптимизирате месечниот буџет.
Планирајте го вашиот буџет и отплата
Без јасен план, дури и најповолниот кредит може да стане тешка финансиска обврска.
· Изработете месечен буџет каде што ќе ги пресметате сите приходи и расходи.
· Проверете колку реално можете да отплаќате секој месец без да се оптеретите.
· Навремена отплата на кредитот, со што ќе избегнете дополнителни трошоци.
Со вакво планирање, кредитот станува алатка за финансиска стабилност, а не извор на стрес и непредвидливи трошоци.
Користете краткорочни кредити за итни потреби
Не сите кредити се исти. Доколку имате непредвидени трошоци, тогаш краткорочните кредити се идеални за таквите итни и непланирани потреби. На пример, како неочекуван проблем со вашиот автомобил или здравствени трошоци.
Едно од најдобрите краткорочни решенија за итни трошоци е безкаматниот аванс до плата. Предноста на овие кредити е што често имаат пониска камата за краток период или се безкаматни како нашиот аванс до плата. Со правилна стратегија може да помогнат да ги намалите вкупните месечни трошоци.
Најважното да се запамети е умереноста. Користете краткорочни кредити само кога е навистина потребно. Минт Кредит овозможува флексибилни финансиски решенија со транспарентни услови.
Финансиска едукација и свест
Уште еден добар начин да ги намалите трошоците е да станете финансиски писмени.
· Читајте и учете континуирано за светот на финансиите.
· Разбирање на основните финансиски поими како камата, услови за предвремена отплата и буџетирање ќе ви помогне при носењето на информирани одлуки.
· Финансиски писмен човек лесно препознава кога едно кредитно решение одговара на неговите потреби, а кога само би го зголемило месечниот притисок. На Минт Кредит постојано нудиме едукативни содржини и совети за клиентите, со цел секој да може да користи кредити одговорно и со доверба.
Минт Кредит – паметниот избор носи паметни резултати
Со вистинската кредитна стратегија, можете успешно да управувате со трошоците, да ја оптимизирате финансиската состојба и да создадете простор за заштеда или други инвестиции.
Со Минт Кредит, имате партнер кој нуди кредити со транспарентни услови, флексибилни решенија и поддршка за паметно управување со вашите финансии. Аплицирајте за финансиско решение кое ви помага да управувате со вашите трошоци паметно.
Доколку ви треба помош при изборот на вистинското кредитно решение посетете некоја од нашите филијали ширум земјата или контактирајте не на 15 107. Нашиот тим ќе ви помогне во изборот на кредит спрема вашите потреби и можности.
(ПР)

