Контакт

Соопштенија

Бачев од Виена: Да се обединими за да победиме на следните избори и да ги поништиме антимакедонските акти

Објавено пред

Делегација на Единствена Македонија предводена од претседателот Јанко Бачев викендов во Виена учествуваше на Првата европска конференција за Македонија во организација на Координативното тело на Македонската дијаспора за Европа. На конференцијата учествуваа партии од Македонија и здруженија на Македонците од Австрија, Словенија, Италија и Германија.

„Сите знаеме дека марионетската власт во Скопје избриша се што е македонско. Затоа, ние Македонците имаме задача, историска задача пред Македонија, да поништиме се што направи власта во Скопје купена и контролирана од странски центар. Да и помогнеме на Македонија, а тоа можеме да го направиме само доколку на наредните избори се обединиме и направиме силен политички блок од Македонците во земјата и странство кој ќе победи на наредните избори. Тука сме присутни партии и здруженија со различни определби, едни за НАТО и ЕУ, едни за сојуз со Русија, но, нашите партиски идеологии во моментот да ги оставиме на страна. Да се обединиме на Платформа со стратешки точки, сплотени да победиме на наредните избори и да формираме привремена влада со мандат да ги поништи антимакедонските акти со кои се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. По ова, нашата привремена влада се распушта и се распишуваат избори во вистинска македонска држава на кои избори секој нека излезе со своите надворешно-политички определби, па, народот нека одлучи по кој пат ќе оди Македонија – дали во НАТО или во сојуз со Русија. Сето ова можеме да го оствариме ако ги надминеме делбите и се обединиме на македонски. Да се вклучиме, заедно да расчистиме со националните предавници и да ги поништиме опасните закани спрема Републиката. Македонскиот народ каде и да живее е силно вознемирен од разнебитувањето на државата, меѓутоа, новата легална власт произлезена од народот го обезбедува опстанокот и просперитетот на Татковината„ – рече меѓудругото Бачев.

На Собирот присуствуваше и поранешниот амбасадор на Австрија во Република Македонија, Харолд Кочи. Општо е впечатокот на сите пристуни дека е потребно создавање на еден силен политички блок на Македонците во земјата и странство за наредните парламентарните избори во Македонија.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на власта и Комисијата резултира со 834 починати лица

Објавено пред

Владата на Заев заедно со Комисијата за заразни болести потфрлија. Неспособноста на власта и Комисијата резултира со 834 починати лица, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија поради неодговорноста на власта и Комисијата се искачи на првото место во регионот и пошироко по новозаразени и починати од Ковид-19. Членовите на Комисијата за заразни болести се поставија како политичари место како лекари.

Болници преполни, здравствен кадар преморен, власта не го дочека претстојниот есенски бран на Ковид-19подготвена. Очигледно е дека Владата на Заев нема стратегија.

Граѓаните се жртва на неспособноста и неодговорноста на власта. Граѓаните бараат одговорност“, велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ со граѓаните: викендов одржани 24 маалски средби ширум земјава

Објавено пред

„СДСМ е со граѓаните. По победата на парламентарните избори и формирањето на новата Влада СДСМ продолжува на терен, меѓу граѓаните, на маалски средби. Разговараме отоврено со граѓаните за нивните потреби, за напредокот на земјата, го слушаме гласот на секој човек“, соопшти партијата.

Овој викенд, претставници на партијата одржаа 24 маалски и урбани средби во различни населени места, општини, ширум земјава.

Заменик претседателката Радмила Шекеринска се сретна со граѓаните од Битола, каде разговараше за повеќе прашања важни за граѓаните.Потпреседателот Оливер Спасовски се сретна со граѓаните на Ѓорче Петров и со граѓаните на Средорек, потпретседателката Мила Царовска беше во посета на Драчево, општина Кисела Вода, потпретседателот Мухамед Зеќири приуствуваше на маалска средба во Шуто Оризари, додека потпретседателот Коста Петров беше се сретна со граѓаните од општина Сопиште.

На маалски средби со граѓаните учествуваа и повеќе пратеници на СДСМ, претседатели на Комисии на СДСМ и други претставници на партијата. Пратеникот Јован Митрески се сретна со граѓаните на Струга, Мартин Костовски со граѓаните на општина Ранковце, Коста Костадинов на средби во општина Василево, додека пратеничката Фаница Николова беше во посета на општина Брвеница.Претседателот на Комисијата за здравство Венко Филипче се сретна со граѓаните на Штип, додека Јагода Шахпаска учествуваше на маалска средба во Велес.

„СДСМ како одговорна партија продолжува да го слуша гласот на граѓаните и да ги следи нивните потреби. Во следниот период ќе работиме уште повеќе за да биде уште подобро за сите“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски одамна ја нема поддршката од граѓаните

Објавено пред

Очајниот Мицкоски станува изолиран маргиналец заглавен во режимо-радикална матрица кој освен лажни вести и деструкција не може ништо друго да понуди, велат од СДСМ како реакција на денешната прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мицкоски одамна ја нема поддршката од граѓаните, тие јасно порачаа дека сакаат да продолжат по патот на напредокот, развојот и интеграциите и дека тоа не можно со ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ, затоа оваа партија и Мицкоски уште долго ќе бидат опозиција“, порачуваат од владејачката партија и додаваат дека како што граѓаните досега три пати го поразиле Мицкоски, така ќе го поразат и на следните предвремени локални избори во Штип.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион23 минути

Полициски час во Словенија

Словенија го враќа полицискиот час откако во последните неколку денови е забележан голем пораст на бројот на заболени од коронавирус....

Македонија2 часа

Приведен кумот на поранешниот премиер Никола Груевски, за плацевите на Водно

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски, а...

Свет3 часа

(Видео) Запалени две цркви на протестите во Чиле

Најмалку две цркви се запалени во главниот град на Чиле, а илјадници луѓе се собраа на улиците на првата годишнина...

Свет4 часа

Научниците предупредуваат: Заразата со коронавирус на отворено не е невозможна, но е ретка

И покрај тоа што речиси целиот документиран пренос на коронавирус се случил во затворен простор, експертите велат дека е оправдано...

Свет4 часа

Европа ги надмина сите рекорди – многу земји воведуваат построги мерки

Европа, соочена со вториот бран на пандемијата, го премина прагот на 250.000 смртни случаи од коронавирус. За една недела се...

Свет5 часа

(Видео) Се качил на кулата на Трамп во Чикаго и барал да разговара со претседателот

Неидентификуван маж се качил на кулата на Трамп во Чикаго, барајќи да разговара со претседателот на САД и медиумите. Мажот,...

Македонија5 часа

Ковид-19 го прележале над 17 илјади лица во земјава

Од Ковид-19 досега оздравеле 17.239 лица во земјава, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во земјава...

Регион6 часа

Полициски час во неколку црногорски градови

Здравствените власти во Црна Гора одлучија да воведат ограничувачки мерки во пет града во црвената зона според бројот на лица...

Европа17 часа

(Видео) Илјадници Французи излегоа на улиците поради убиството на наставникот

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Франција во знак на поддршка на наставниците и со цел да ја одбранат слободата...

Европа18 часа

Стотици демонстранти ја нападнаа полицијата во Прага

Чешката полиција употреби солзавец и водени топови за да растера стотици демонстранти во Прага кои ги нападнаа полицајците по протестот....

Регион18 часа

Црногорските медиуми за Амфилохие: Привилегиран e, го лечат со „ремдесивир“

Митрополитот Амфилохие, кој се зарази со коронавирусот, доби лек „ремдесивир“, кој, според порталот ЦдМ, е недостапен за другите пациенти во...

Свет19 часа

Бројот на заболени во светот надмина 40 милиони

Бројот на заразни лица со Ковид-19 во светот надмина 40 милиони, поточно 40.014.845, според податоците на веб-страницата Worldometer. Бројот на...

Македонија20 часа

Аеродром, Центар и Карпош се општини со најголем број заболени од Ковид-19

Аеродром, Центар и Карпош се скопски општини со најголем број на заболени од Ковид-19. Според најновите податоци од Министерствоот за...

Македонија22 часа

Починаа 10 лица со Ковид-19, 428 новозаразени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на...

Македонија22 часа

(Видео) Ангеловски: За три недели изречени над 12.000 казни за сообраќајни прекршоци

МВР покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени сообраќајни контроли и во другите градови, меѓу кои и Кичево,...

Македонија24 часа

(Видео) Пендаровски: Бигорскиот манастир надживеал империи и држави, денеска го започнува своето второ илјадалетие

Денешниов свечен ден е прекраток, за да ги опише, барем, главните настани од илјадагодишната историја на манастирот „Свети Јован Бигорски“,...

Регион1 ден

Во Словенија највисок процент на заразени според бројот на направени тестови

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 726 нови инфекции со коронавирус на 3.765 тестови, објави словенечката влада, што...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Aприл 2021 е месецот за спроведување на пописот

Пописот ќе се одржи во април 2021 по сите правила на Еуростат, објави премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи, каде...

Европа1 ден

Плантажа со марихуана на три ката и со вредност од милион фунти пронајдена во Англија

Во објект на поранешен ноќен клуб во Ковентри, полицијата открила плантажа со марихуана на три ката, за која се проценува...

Европа2 дена

Словачка во следните два викенда ќе им направи ковид-тестови на сите граѓани постари од 10 години

Словачка на коронавирус планира да ги тестира сите свои жители на возраст над десет години, објави словачкиот премиер Игор Матовиќ...

Досие