Контакт

Соопштенија

(Видео) Калеска-Ванчева: Чулев ја нарушува работата на полицијата и ја загрозува безбедноста на граѓаните

Објавено пред

Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада за само една недела покажаа огромно непознавање, нестручно и незаконско работење на штета на граѓните и државата. Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев го нарушува функционирањето на полицијата и ја загрозува безбедноста на граѓаните, обвини Снежана Калеска-Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ и пратеничка.

dobivaj vesti na viber

„Чулев издал телеграма со која ги укинува наредбите за извршување задачи на полицајците во други организациони единици (член 154 од Законот за внатрешни работи). Со тоа Чулев создава недостаток на полицајци за обезбедување и директно ја загрозува безбедноста на лицата и објектите кои МВР има законска обврска да ги обезбедува, како и амбасадите на неколку држави, резиденцијата на амбасадорот на ЕУ и други.

Со таквото неодговорно и незаконско работење, Чулев ја доведува во опасност безбедноста на границата, на највисоките државни претставници, како и на амбасадите во нашата држава односно ја загрозува целокупната безбедносна состојба во државата.

Загрозувањето на безбедноста на граѓаните, на границата и државните објекти е кривично дело. ВМРО-ДПМНЕ со својата неспособност создава услови за извршување на кривични дела од други лица, кои сакаат да го загрозат територијалниот интегритет на државата. Постапките на Чулев покажуваат дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Таму се уште се кадрите под контрола на Груевски кои работат на штета на интересите на граѓаните.

Наместо да се фокусираат на тоа за што се назначени и да работат на создавање услови за слободни и фер избори, кадрите на Мицкоски во преодната Влада се посветени на партизирање и блокирање на нормаланата работа на институциите. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат на враќање на режимот, на враќање на ВМРО-МВРО, но граѓаните и СДСМ тоа нема да го дозволат. На 12 април граѓаните ќе изберат напредок, нормална држава и продолжување по вистинскиот пат, режим никогаш повеќе“ вели Калеска-Ванчева.

Соопштенија

Шведска стана првата земја без чад од тутун со помош на алтернативи

Објавено пред

Шведска постигна историски успех со тоа што стана официјално првата земја во светот без чад од тутун. Швеѓаните ја постигнаа оваа цел 16 години пред планираниот рок на Европската унија, додека повеќето други земји-членки имаат потешкотии да ја постигнат таа цел, велат експертите.

dobivaj vesti na viber

Според официјалните здравствени податоци од шведската агенција за јавно здравје, само 4,5% од возрасните родени во Шведска пушат, што е значително под глобално прифатениот стандард од 5%. Во Европа, просечната стапка на пушење е пет пати поголема – 24%.

Овој извонреден успех швеѓаните го должат на пионерската политика во промовирањето на побезбедни алтернативи за цигарите. Д-р Делон Хуман, водач на иницијативата Шведска без чад, изјави:

„Ова извонредно достигнување означува значаен момент за глобалното јавно здравје и е доказ за прогресивните политики на шведскиот пристап за контрола на тутунот“. Во 1960-тите, речиси половина од мажите во Шведска беа пушачи. Со прифаќање на алтернативните никотински производи, Шведска отвори јасен пат кон општество без чад, истовремено заштитувајќи го јавното здравје“.

Новата статистика покажува дека 5,3% од сите возрасни луѓе во Шведска, вклучувајќи ги и имигрантите, сè уште пушат. Интересно е тоа што луѓето родени надвор од Шведска имаат три пати поголема веројатност да пушат од оние што се родени во Шведска.

Д-р Андерс Милтон, поранешен претседател и генерален директор на Светската медицинска асоцијација, истакнува:

„Клучот за успехот на Шведска е прагматичниот пристап кон намалување на штетата, а не забраните. Широка палета на побезбедни никотински производи со различни јачини и вкусови легално е достапна и онлајн и во продавниците. Оваа политика, заедно со специфичната фискална политика која овозможува поповолни цени за производите без чад, ги охрабри шведските потрошувачи да донесуваат поздрави одлуки“.

Благодарение на оваа стратегија, Шведска има најниска стапка на болести поврзани со пушењето во ЕУ и дури 41% помала инциденца на рак од другите европски земји.

ФДА поддржува алтернативни производи

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) ја одобри комерцијализацијата на 20 никотински производи ZYN, по обемна научна анализа, потврдувајќи дека никотинот не е канцероген.

Успехот на Шведска, како и позитивниот став на американската ФДА, би можеле да бидат клучни за глобалните стратегии против пушењето.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

„Дајмонд мол“ организира саем на виното и чоколадото по повод празникот на љубовта и виното

Објавено пред

Дајмонд мол, омилената дестинација за шопинг и забава во срцето на Скопје, оваа година подготвува незаборавно празнично искуство. По повод Денот на виното и љубовта, во периодот од 13 до 16 февруари 2025 година, посетителите ќе имаат можност да уживаат во Саемот на виното и чоколадото, каде што ќе се спојат врвни вкусови и празнична атмосфера.

dobivaj vesti na viber

Во соработка со македонски и меѓународни вински и кондиторски брендови, скопјани и нивните гости ќе можат да дегустираат внимателно селектирани вина и слатки деликатеси, создавајќи совршена комбинација за љубителите на добриот вкус.

Како специјален додаток на празничното искуство, ексклузивен гостин на настанот ќе биде реномираниот слаткар Петко Костадинов. Овој мајстор на слаткарството, кој своето знаење го стекнал во најпрестижните европски училишта и освојувал светски награди, ќе сподели дел од своите слаткарски тајни со присутните. Имено, во сабота (15 февруари) од 12:00 до 14:00 часот ќе се одржи слаткарска работилница со Петко Костадинов, каде што љубителите на слатките ќе можат да научат нови техники и трикови. Во недела (16 февруари) пак, од 12:00 часот, посетителите ќе бидат сведоци на чоколадно шоу со изработка на џиновско чоколадо, долго 2 метри и широко 80 сантиметри – вистинско ремек-дело на слаткарската уметност.

Овој настан е одлична можност за сите љубители на виното и чоколадото да уживаат во врвни дегустации, ексклузивни работилници и квалитетен шопинг во празнична атмосфера. Дајмонд мол ги кани сите граѓани да бидат дел од ова уникатно искуство и да го прослават празникот на љубовта и виното на највкусниот можен начин.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ИБУ ја отвори најсовремената библиотека IBU HalkBank Library: Споменик на знаењето и академската одличност

Објавено пред

Денес беше постигнат нов чекор во академскиот пат на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) откако институцијата го прослави големото отворање на новите простори на IBU HalkBank библиотеката, современ простор за образование, финансиран со голема поддршка од HALKBANK Скопје. Дизајнирана да создаде оптимална средина за учење, оваа библиотека ќе биде клучна за студентите и академиците.

dobivaj vesti na viber

Церемонијата на отворање се одржа во присуство на истакнати гости, кои ги поздравија присутните со говори. Меѓу нив беа г-ѓа. Весна Јаневска, министерка за образование и наука на Северна Македонија, г-дин. Сулејман Оздил, претседател на Управниот одбор на IBU, проф. д-р Лутфи Сунар, ректор на IBU и генералниот

директор на HalkBank Турција, г-дин. Осман Арслан.
На настанот присуствуваа и Н.Е. Фатих Улусој, амбасадор на Република Турција во Скопје, официјални лица од HalkBank Турција, предводени од генералниот директор г-дин. Осман Арслан, и генералниот директор на HalkBank Скопје, г-дин. Билал Сучубаши. Меѓу другите специјални гости беа академици, политичари, пратеници, претставници на различни организации, медиуми, бизнис заедница и НВО.

IBU HalkBank библиотеката е извонредна академска инвестиција, дизајнирана да го поттикне креативноста и интелектуалниот развој. Содржи работна просторија за 300 луѓе, широки колекции на книги и модерни студиски зони, вклучувајќи тивка студиска зона, отворено читање и посебен дел за академски истражувања. Библиотеката ветува да ги подобри образовните ресурси на универзитетот, поддржувајќи динамична заедница на студенти, наставници и истражувачи.
Отворањето на оваа установа претставува значаен момент во посветеноста на IBU да обезбеди висококвалитетно образование и да создаде средина која ќе поттикне иновации и целоживотно учење. Додека универзитетот продолжува да расте и се издигнува, HalkBank библиотеката ќе биде симбол на напредок, знаење и трајно партнерство помеѓу IBU и HALKBANK Скопје.

Со овој нов чекор, IBU презема уште еден чекор кон потврдување на својот статус како водечка институција во регионот, нудејќи им на студентите алатки кои им се потребни за академски и професионален успех.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

По четири и пол часа заврши состанокот помеѓу САД и Русија, стигаат првите реакции

Советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека четири и пол часовните разговори меѓу Русија и САД...

Македонија4 часа

Цалева со допис од една реченица самата побарала да не биде шефица на Вишото јавно обвинителство, по само седум дена од назначувањето

Jавната обвинителка Наташа Крстевска-Цалева во текот на вчерашниот ден во краток допис побарала да биде ослободена од функцијата шефица на...

Македонија4 часа

Коцевски: Ако се утврди дека се работи за тешка дисцилинска повреда јас самиот ќе се повлечам

Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски вели дека самиот ќе се повлече доколку се утврди дека направил тешка дисцилинска постапка, но...

Свет5 часа

Путин е подготвен за средба со Зеленски ако е потребно, рече Песков

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да разговара со украинскиот лидер Володимир Зеленски,...

Македонија7 часа

Новите методи на САД за некои се неконвенционални, но конвенционалната дипломатијата, досега, донесе повеќе војни, вели Муцунски

Во рамките на посетата на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде две интервјуа за најголемиот...

Македонија7 часа

Намалување на ДДВ за струја на 5% ќе донесе значително намалување на сметките на граѓаните, велат од СДСМ

„Прифаќање на предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ за електрична енергија од 18% на 5%, ќе донесе значително намалување...

Свет8 часа

(Фото) Се сретнаа Лавров и Рубио, во Ријад почнуваат руско-американските разговори

Американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретнаа во Саудиска Арабија пред разговорите...

Македонија8 часа

Утрово најстудено на Попова Шапка

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што биле измерени -10 степени, -6 било во Маврови Анови, -5 во Крушево,...

Македонија8 часа

ДУИ: Диспропорцијата во односот кон соседите испраќа загрижувачка порака за насоката на нашата држава

„Со жалење и сериозна загриженост го констатираме преседанот што се случи оваа година — по првпат, институциите на државата, вклучително...

Македонија8 часа

Изет Меџити на државната церемонија за 17-годишнината од независноста на Косово: „Нашата поддршка никогаш нема да се разниша”

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, присуствуваше на државната церемонија по повод 17-годишнината од независноста на Република...

Свет9 часа

(Видео) Авион се преврте на писта во Канада: „Висевме како лилјаци“

Најмалку 18 лица се повредени при превртување на авион на пистата на аеродромот Пирсон во Торонто. Меѓу повредените има и...

Свет10 часа

Човекот на Путин: Само ние и Американците ќе се сретнеме во Ријад, тоа е билатерална средба

Јури Ушаков, советник за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, по неговото пристигнување во саудискиот главен град Ријад изјави...

Свет10 часа

(Видео) Протест против Маск и Трамп во Америка: „Никој не го избра Маск“

Илјадници демонстранти се собраа вчера во Вашингтон за да протестираат против Илон Маск и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп,...

Европа10 часа

Шпанскиот премиер: Ова е одлучувачки момент за ЕУ

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави вчера дека со оглед на тоа што прашањето за Украина повторно доаѓа во преден план,...

Европа10 часа

Шефот на НАТО: Европа е подготвена да преземе водечка улога во осигурувањето безбедносни гаранции за Украина

„Европа е подготвена и има желба да истапи во корист на Украина“, изјави вчера вечер генералниот секретар на НАТО Марк...

Македонија10 часа

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски на владина седница

Владата денеска на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски. Од владината прес-служба информираа дека...

Свет21 час

Мировниот договор мора да биде траен; на Киев не може да му се наметне диктат – Стармер и Шолц со пораки од Париз

Британскиот премиер Кир Стармер сподели кратко видео на социјалните мрежи од француската престолнина, велејќи дека сите сакаат мировен договор –...

Македонија22 часа

Ранливите потрошувачи ќе можат да плаќаат 1.000 денари помалку во месецот за струја, усвоена е програмата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е усвоена Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за...

Македонија24 часа

За 10 години поддршката за ЕУ намалена за речиси 20 проценти

Поголем дел од граѓаните – 62 отсто го поддржува процесот на зачленување на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ), покажува...

Македонија1 ден

Еден потврден, тројца сомнителни случаи на шуга во основно училиште во кумановско

Еден потврден случај на шуга, а тројца ученици се сомнителни и се во изолација во основното училиштето „Кирил и Методиј“...