Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се во ценовен шок, платите не стигаат ниту за основните продукти

Исто како и со недостигот на капитални инвестиции, исто како и со неработата на градоначалниците на СДСМ во општините, исто како задоцнетата набавка на вакцините и неколкуте економски пакет-мерки што ништо не продуцираа на реалниот сектор ниту, пак, спасија работни места, сега Владата е во нов неуспех, глуми дека се разбира од економија, па реши да ги замрзне веќе поскапените производи, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Лесно е да се водат економски политики на хартија од владините фотелји, тешко му е на народот да го купи она што му е потребно со празни џебови. Потрошувачката моќ на граѓаните е сѐ послаба затоа што платите не се доволни за живот, ниту две минимални плати не стигнуваат за нужни трошења. Повеќе од 3.000 денари е потрошувачката кошница за разлика од пред две години. Ако на сето тоа го ставиме секојдневното зголемување на горивата, цената на електричната енергија, која веќе неколкупати е зголемена, а најавите се дека ќе биде зголемена и повеќе од 20 %, реалноста е дека сме во тешка и невидена економска криза“, посочуваат од партијата на Мицкоски.
Додаваат дека граѓаните се веќе во ценовен шок, а Бектеши, според нив, треба да ја напушти владината фотелја и да проба да преживее еден месец со потпросечната плата што ја земаат осиромашените граѓани.
„Јавноста компарира цени на производи од земјите во ЕУ во споредба со цените тука, нелогично е на основните производи цените во Македонија да се повисоки од цените во некои земји на Е,У чии просечни плати се 2.000 евра. Не може млекото и лебот и другите производи да се поевтини во Германија отколку кај нас. Оваа Влада не успеа да донесе подобар живот за граѓаните, а со нејзините погубни економски мерки и одлуки не само што не им дадоа помош туку и им одмогнаа на граѓаните и на стопанството“, се вели во писменото соопштение.
Потребна е навремена правилна економска интервенција, која ќе го ублажи ценовниот шок, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Неспособноста на Владата, како што додаваат, погубните задоцнети мерки и прекумерната сиромаштија ќе бидат минато, на граѓаните им е потребна нова иднина, потребни се предвремени парламентарни избори за излез од мизеријата во која нѐ потонаа Заев и оваа Влада, е напишано во дописот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
3,2,1… летото ни дојде – време е да ја подготвите вашата торба за плажа со „Зегин“

Пред да тргнете на плажа или да се упатите кон вашата следна авантура, бидете сигурни дека вашата торба е полна со основните работи што ќе ве одржат сјајни, заштитени и ќе придонесат да се чувствувате удобно во својата кожа.
Од глава до пети Зегин се грижи за вас- од креми за сончање до хидратантни производи за нега на кожа и коса, како и производи за здравје.
Кои се производите потребни за вашата летна торба за убаво и мирно лето, прочитајте на следниов линк.
(ПР)
Соопштенија
30 години „Кожувчанка“ – јубилеј на успех, партнерство и визија

Компанијата Кожувчанка денес го одбележа својот голем јубилеј – 30 години постоење со ПР настан на кој присуствуваа партнери, пријатели, новинари, претставници од институции и деловни соработници од земјата и странство.
Повод
Настанот се одржа по повод три децении успешна работа на Кожувчанка -компанија која од 1995 година израсна од локален производител во бренд со национално и меѓународно признание. Присутните имаа можност да слушнат инспиративни обраќања од водечките луѓе од компанијата, нејзини долгогодишни партнери, како и претставници од институциите.
Г-дин Бранко Азески, Претседател на Стопанската комора на Македонија
Г-динот Азески ја имаше таа чест прв да се обрати. Тој ја потенцираше улогата на компанијата Кожувчанка како пример за успешно македонско претпријатие. Исто, говореше и се осврна на одличната соработка помеѓу Комората и Кожувчанка низ годините, потенцирајќи ја нивната заедничка заложба за подобрување на деловната клима и охрабрување на другите домашни брендови.
Г-ѓа Јанинка Чупаркоска, Генерален менаџер на Компанијата Кожувчанка
Во своето обраќање, г-ѓа Чупаркоска ја истакна благодарноста кон сите кои се дел од 30-годишната приказна на Кожувчанка – вработените, потрошувачите и партнерите:
„Тоа што не’ прави посебни и истрајни сето ова време пред сè се луѓето – нашите верни потрошувачи, посветеноста на нашите вработени, како и поддршката од нашите партнери и соработници.“
Таа се осврна на почетоците од 1995 година, кога Кожувчанка започнала со неколку вработени и еден производ, а денес брои преку 70 производи, присутни во секојдневието на македонските семејства и пошироко.
Исто, зборуваше за постојаните инвестиции во производство, квалитет и одржливост, како и за извозните успеси на компанијата.
Г-дин Марио Маис, Маркетинг менаџер на Sinalco International Brands
Г-дин Маис, долгогодишен стратешки партнер на Компанијата преку брендот Sinalco, зборуваше за исклучителната доверба и професионалната соработка која трае веќе две децении.
Тој ја истакна Кожувчанка како пример за лојалност, квалитет и стабилен развој на локалниот пазар:
„Соработката со Кожувчанка не е само деловен однос – тоа е долгорочно партнерство засновано на доверба, визија и заеднички успеси. Вашата истрајност и интегритет се инспирација.“
На крај од говорот кажа за важноста на синергијата помеѓу локалните производители и глобалните брендови, и ја најави подготвеноста од Sinalco International Brands за нови, заеднички проекти со компанијата Кожувчанка.
Г-дин Митко Јанчев, Градоначалник на Општина Кавадарци
Митко Јанчев со голема емоција зборуваше за почетоците на компанијата, визијата на неговите татко и чичко и патот до денешниот успех:
„Со голема чест и особена гордост ви се обраќам денес, на денот кој е од голема важност за мене и мојата фамилија – 30 години од постоењето на Кожувчанка.“
Тој го најави и новиот бренд – Aqua Mila, природна изворска вода која го носи името на неговата ќерка:
„Со ова претставување на нашиот нов производ пред вас, сакам да ѝ го честитам роденденот и на мојата ќерка Мила по која е крстен овој бренд.“
Јанчев објави и планирана соработка со СОС Детското село, со цел поддршка на децата и вложување во нивната иднина:
„Тоа е она на кое сум најмногу горд – на моето семејство, на компанијата и на луѓето-партнери со кои секојдневно учествуваме во градење на подобро општество за сите.“
На крај, изрази благодарност кон сите потрошувачи, соработници и пријатели на компанијата:
„Се гордеам и сум благодарен на сите вас – наши пријатели и соработници, на нашите верни потрошувачи и на сите што веруваат во оваа наша приказна.“
За Кожувчанка
Основана во 1995 година, Кожувчанка денес е еден од лидерите во македонската индустрија за производство на вода, алкохолни и безалкохолни пијалаци, со портфолио од над 70 производи и присуство на повеќе странски пазари. Компанијата е позната по квалитет, иновации и општествена одговорност, како и по своите долгорочни партнерства – како со Sinalco, така и со многу локални дистрибутери и институции.
(ПР)
Соопштенија
За Халкбанк – Важни се луѓето и сето она што ги обединува

Ова лето, неколку внимателно одбрани настани низ Македонија носат дух на автентичност, инспирација и заедништво. Поддршката на Халкбанк не е случајна – туку доследна и долгорочна, насочена кон вредностите што ја прават заедницата поцврста. Со вложување во културата, во моментите на поврзување и во сите облици на социјално живеење, банката го живее својот слоган – Важни се луѓето.
Во Скопје, Street Food Festival, кој се одржа од 18 до 22 јуни, претставува урбано собиралиште каде што вкусовите, музиката и добрата енергија се преплетуваат во едно современо искуство. Како партнер на фестивалот, Халкбанк понуди и дополнителна вредност за учесниците, односно секое плаќање со Халкбанк картичка овозможуваше учество во интерактивна активација со награди, поттикнувајќи ја непосредната поврзаност со посетителите и збогатувајќи го фестивалското доживување.
На 21 и 22 јуни, во природниот амбиент на Пелинце Пикник, љубителите на културни настани, музика и семејна дружба имаа можност да уживаат во настан што го негува духот на блискост и заедништво. Поддршката од Халкбанк претставува продолжение на заложбата за градење автентични вредности низ социјални и културни формати.
Во јули, Ohrid Beach Film Festival (23–27 јули) повторно ќе ја оживее магијата на филмот под отворено небо, покрај Охридското езеро. Настанот го афирмира младиот авторски израз и ја збогатува домашната културна сцена, а поддршката на Халкбанк ја рефлектира мисијата на банката, да биде активен партнер во развојот на културата и креативната индустрија.
Во време кога секоја форма на поврзување добива ново значење, овие настани се потсетник дека заедничките доживувања имаат трајна вредност. А таму каде што тие се создаваат, ќе продолжи да биде присутна и банката.
(ПР)