Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните треба да ги знаат со име и презиме предавниците од антимакедонската партија СДСМ

Антидржавната СДСМ и предавникот Ковачевски, вчера спротивно на волјата на над 75% граѓани на Македонија кукавички го усвоија предлогот за асимилација на македонскиот народ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„ 37-мината македонски предавници од СДСМ и коалицијата погазија врз македонската историја и македонскиот идентитет. Граѓаните на Република Македонија треба со име и презиме да ги знаат сите предавници кои ја разнебитија македонската култура и македонскиот јазик. Со предлогот, кои Владата на антидржавната СДСМ го усвои, ќе се изврши бугаризација на македонскиот народ.
Овој предавнички чин кои го направија од антидржавната СДСМ на чело со пиунот Димитар Ковачевски, нема да помини не казнето. Од што се уплашени предавниците од власта, за да полицијата на „претседателот на државата за криминал“ Оливер Спасовски ги обезбедува 24/7, доколку се убедени дека за тоа што вчера гласаа е исправна одлука и имаат поддршка од граѓаните?
Но, граѓаните треба да знаат и да останат спокојни, бидејќи информацијата која вчера ја изгласаа овие предавници нема никакво значење. Преговарачката рамка е условена со отворање на Уставот на Република Македонија, а за тоа во Собранието се потребни 2/3 мнозинство“ велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ порачува дека ќе се залага и за измена на преговарачката рамка, каде што сите спорни делови со кои се асимилира државата и македонскиот народ да бидат избришани и изоставени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Го штитиме македонскиот идентитет, ВМРО-ДПМНЕ шири лаги за бугаризација

Со усвоените и јавно објавени Препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања како меур од сапуница се распрснаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за менување и бришење на историјата, за историја по бугарски терк. Препораките во кои нема ништо и спорно и скриено, се усвоени од стручна и независна комисија, без какви било политички влијанија и воопшто не ги допираат идентитетските прашања, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека станува збор за две групи препораки – за заедничко чествување на пет личности и пет препораки за учебниците по историја за петти клас во Бугарија и за шесто одделение во Северна Македонија.
Усвоените препораки за учебниците во основното образование се на база на реципроцитет и ќе бидат доставени и до македонската и до бугарската влада.
Уште еднаш се покажа дека лагите на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните за наводна асимилација и бугаризација се со единствена цел да се наруши процесот на решавање на отворените прашања.
За разлика од антидржавничкото и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски, Владата предводена од СДСМ ги штити македонскиот идентитет, јазик, историја и посебност и ја реализира стратешката цел за полноправно членство во ЕУ, се вели во соопштението.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Владата нема пратеници за уставни измени, Ковачевски не сака да поднесе оставка зошто знае дека ќе ги изгуби изборите

Вистината испадна на виделина, СДСМ и Ковачевски немаат 80 пратеници за уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот на Македонија. Пропаднаа лагите на СДСМ дека уставни измени ќе има. Димитар Ковачевски ја одби понудата од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи знае дека нема доволно пратеници за промена на Уставот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Нека не се плаши Ковачевски. На првата наредна седница нека ги стави уставните измени на дневен ред во Собранието за да се соочи со реалноста дека нема пратеници за промена на Уставот. Ама ден потоа нека си поднесе оставка и да се распишат предвремени парламентарни избори, за да го слушне и види мислењето на граѓаните за националните предавства кои ги направи на македонските граѓани и Македонија.
Соочен со реалноста и исплашен од предвремени парламентарни избори, Ковачевски бара начин како да избега од соочување со граѓаните. Стравот е голем бидејќи знае дека ќе доживее катастрофален пораз.
Уставни измени нема да има, и за тоа се гарант пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, нема да успеат заплашувањата и заканите на СДСМ. Нека собере храброст Димитар Ковачевски и нека се соочи со граѓаните на предвремени парламентарни избори, се вели во соопштението.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Владата излажа, сепак историските прашања се предмет на договарања

Власта на Ковачевски бесрамно ги лажеше граѓаните дека историските прашања и теми не се дел од пристапниот процес на Македонија кон ЕУ. И како за многу работи така и за ова излажаа без око да им трепне.
Прво Ковачевски на 30 јуни убедуваше дека „историските прашања не се дел од преговарачката рамка и тоа е содржано во овој предлог-документ (францускиот предлог)“. По него и министерот Османи на 2 јули излажа „лага е дека историските и билатералните прашања се влезени во францускиот предлог“. Но, вистината е дека токму овие двајца излажаа, а по нив и сите други функционери од СДСМ и ДУИ. Лажеа-сушеа се дури не дојде денот да се дознае вистината, за жал болна и тешка за Македонија. Историските прашања, за жал, се предмет на договарања и оваа власт, за жал, е страната која распродава историски личности и настани.
Брзо се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ биле во право кога говореа дека Ковачевски и владата прифатија штетен предлог во кој обврските од Протоколот и историската комисија ќе доведат во ситуација државата или да се соочува со вечни преговори или со асимилација по бугарски диктат.
Историската комисија пред два дена објави пакет одлуки со кои неколку историски личности, цар Самуил, Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски се поврзуваат со средновековната бугарска држава, а дополнително за Македонија се предвидува минимализирање на конекциите со антиката на сметка на зголемено изучување на античките Дарданци и Тракијци.
Со ова безмалку целата средновековна историја на Македонија се поврза со средновековна Бугарија. Како тргнале Ковачевски и СДСМ во исполнување на бугарските желби за една година ќе ја ретушираат целата историја, па ќе остане после и нивните лични биографии да ги прилагодуваат на бугарските барања. Срамно и бедно. Оваа власт ја доведе Македонија во подредена положба. Оваа власт ги исплука сите оние кои се жртвуваа во нејзиното градење. Очигледно Ковачевски со Заев е во тесна трка кој е поверен следбеник на бугарскиот живковизам.