Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Дали газдата на пропаднатата „СВ Инвест“, поврзуван со Вице Заев, е избеган во САД?

Сè погласни се информациите дека газдата на пропаднатата „СВ Инвест“, кој се поврзува со Вице Заев, е избеган во САД, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„ Газдата на ‘СВ Инвест’, Стојан Чифлигароски, според документите што ги доставија до ВМРО-ДПМНЕ свиркачи од врвот на СДСМ, е лицето за кое е вршен притисок врз сопствениците на ‘Рубитон’ да ја отстапат работата во РЕК ‘Битола’ или ако не сакаат да платат 250.000 евра во кеш на Вице.
Јавноста уште нема информации каква е поврзаноста на газдата на ‘СВ Инвест’ и Вице Заев? Но и зошто Вице нема дадено исказ во ЈО? Од документите се гледа дека целиот државен апарат е ставен во функција на Заеви. Цел лист од пријавата која МВР првично ја составила недостасува, а ЈО молчи. Го нема Вице, ги нема струмичаните на Заеви.
Ќе се најде ли маж во МВР што ќе го повика Вице Заев на распит? Веќе сè повеќе луѓе од врвот на СДСМ се одважуваат против струмичката криминална екипа на Заеви. Четири години Заеви ја уништуваат Македонија. Четири години власт на Заев, четири години украден живот. Доста е“, порачаа од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Попусливоста кон Бугарија поттикната поради штитење на криминалот на Ковачевски и Ахмети донесе нова блокада

Попусливоста кон Бугарија поттикната поради штитење на криминалот на Ковачевски и Ахмети донесоа нова блокада, прифатија сè што бараше Бугарија, а ескалираа односите. ВМРО-ДПМНЕ апелира навреме да се реагира со протесни ноти и цврст став, СДС молчеше, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека неколкупати до сега Македонија е понижувана или навредувана од страна на бугарски политичари, ВМРО-ДПМНЕ осудуваше, но Владата е таа што има политичка моќ и таа молчеше и дозволи провокациите да одат до недоглед.
И сега кога имаме напади, негации и омаловажувања, од Ковачевски и Османи имаме само бледи говори, без реална акција, секогаш кога власта попушта на понижувањата, има некој криминал, кој сакаат да го скријат.
Со СДС, Ковачевски и Османи имаме само несигурност, понижувања и блокади. Недржавничкиот однос што власта го покажува на дело е најголемиот пораз што може да ѝ се случи на Македонија, се вели во соопштението.
Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не мора да се извини за договорот ФРОНТЕКС, само нека го поддржи

Договорот со ФРОНТЕКС е еден од најсилните докази дека македонскиот јазик е признаен од ЕУ и тоа со чиста формулација, без додавки и фусноти, како што тоа беше случај пред десеттина години. Со тоа потонаа сите лаги и хистерии што ги ширеше ВМРО-ДПМНЕ дека македонскиот јазик ќе бил загрозен, немало да биде признаен од ЕУ, дека ќе станел бугарски дијалект, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека не мора од ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за сите лаги за македонскиот јазик и идентитет, со кои грубо ја манипулираа јавноста. Сега, кога на дневен ред во Собранието е ратификацијата на договорот со ФРОНТЕКС, ВМРО-ДПМНЕ има шанса да го поддржи, со што барем малку ќе го испере срамот од лажните вести, навредите и клеветите.
Имаат можност преку гласање за ратификација на Договорот на дело да го поддржат евроинтегративниот процес како стратешка цел и единствена алтернатива на државата, се вели во соопштението.
Македонија
СДСМ: Мицкоски со денови го нема во јавност, дали се крие од срам или во договор со Апасиев?

Христијан Мицкоски со денови го нема да се појави во јавноста ниту како прв човек на ВМРО-ДПМНЕ ниту како шпицен градоначалник. Дали се крие од јавноста од срам откога му потонаа сите лаги, откако сите негови прогнози се покажаа неточни, или се крие во договор со Апасиев, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека поради неговите деструктивни политики и дејствувањето против интересите на граѓаните и државата, Мицкоски стана заложник на Левицата и на Апасиев и затоа тој честопати е поекстремен и порадикален во своите настапи за да не заостане зад Апасиев.
Сè што има Мицкоски зад себе се лажни вести и дезинформации и отсуство на став за најважните државни прашања, се вели во соопштението.