Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Дезертирањето на одмор среде кризна состојба Заев го прави предавник

Објавено пред

Дезертирањето на одмор среде кризна состојба Заев го прави предавник за кое треба да одговара, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев побегна од својот народ кога му е најтешко. Кога Македонија гори, кога се загрозени имоти и животи на граѓани, Заев како премиер и половина влада избегаа на одмор. Срамно и бедно. Заев и министрите се платени од народот да му служат, да ги решаваат нивните проблеми и да им ја гарантираат безбедноста, сопственоста и животот. Заев како премиер е најодговорен и затоа треба да биде во Македонија кога од пожарите се загрозени села и градови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија тоа што власта прогласи кризна состојба, а ги остави како што велат граѓаните да голтаат чад и да се спасуваат како знаат, а во исто време Заев и пола влада да пијат коктели на одмор е кукавичлук.

„Неспособноста е добро позната особина на власта на Заев, ама сега гледаме дека немаат ни срам ни перде. Никој веќе не бара одговори од Заев и неговата власт. Народот бара одговорност“, стои во писменото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Никој не верува дека дрогата стоела во возилото 5 години на автопаркот на МВР

Објавено пред

„СДСМ го институционализираше криминалот! Дали возила на МВР се користат за шверц на дрога?!

Колку и да се правда Спасовски и да дава банални изговори не може да го објасни фактот како црногорската полиција знаела дека токму во возилото на МВР имало дрога. Очигледно е дека станува збор за дојава и за возило кое претходно е очекувано.

На Спасовски не му поминуваат лагите. Никој нема да поверува дека дрогата стоела во возилото 5 години. Не е можно возилото 5 години да било возено, да минувало технички прегледи, контроли и граници и никогаш до сега да не е пронајдена дрогата.

Никој не верува дека дрогата стоела во возилото 5 години на автопаркот на МВР.

Спасовски да не се крие и да излезе со одговори.

Ова не е прв случај на шверц на дрога на луѓе на Спасовски. Претходно американската ДЕА го фати командирот на полициската станица Прилеп како шверцува заедно со шоферот на Заев, и тој наместо во затвор седи во домашен притвор.

Македонија со Спасовски стана наркомека“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта кон трагедијата со модуларната болница се однесува како кон пожар на летна тераса на некој ресторан

Објавено пред

„СДСМ и ДУИ бегаат од темата за трагедијата со модуларната болница. Се обидуваат да ја игнорираат, да дефокусираат, да блокираат собраниска расправа. За власта трагедијата со 14 жртви е банална тема. Со еден збор Заев, Филипче, СДСМ и ДУИ се однесуваат индолентно и неодговорно како да се работи за пожар на летна тераса од ресторан, а не модуларна болница во која живи изгореа 14 пациенти.

Власта бега од јавноста и дебатата затоа што ќе треба да даде одговори како е можно цел објект да изгори за 3 минути, зошто во тендерската постапка не се внимавало на огноотпорноста на материјалите од кои е градена, зошто немало противпожарни апарати и системи за заштита, зошто немало надзор, технички прием и градежна дозвола. Сите овие прашања власта е должна да ги одговори, но таа бега. Бега затоа што ќе мора некој да сноси и одговорност, прво морална, па потоа и кривична.

Да имаа грам доблест Филипче и останатите ќе поднесеа оставки од морални причини, но тоа што после 17 дена нема ништо, отвора сомнеж дека тие останаа на функциите за да прикријат докази, да влијаат на сведоци или да влијаат на истрагата. Народот будно ги следи и нема да дозволи ниту еден одговорен да се извлече без санкција. Може да бегаат, но одговорноста ќе ги стаса“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Неодговорната ВМРО-ДПМНЕ во Собранието упорно блокира сѐ што е во интерес на граѓаните и на државата

Објавено пред

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието наместо да се посветат на интересите на граѓаните, посветени се на блокади, деструкции за лични и партиски интереси.

Во Комисијата за финансирање и буџет пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочат Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија. Овој закон предвидува отпис на каматите од страна на доверителите, како и репрограмирање на долговите и трошоците на јавните претпријатија.

ВМРО-ДПМНЕ го кочи и Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во време на Ковид-19. Со овие законски измени на институциите од јавните дејности им се наредува да ги простат и избришат долговите на сите граѓани, по основ на камати во висина од 100%.

Во Комисијата за труд и социјална политика, деструктивната ВМРО-ДПМНЕ ги кочи измените на законот со кои недела станува неработен ден за 92 отсто од работниците.

ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за образование и наука ги кочи и измените кои треба да обезбедат трајно вработување на 4.700 наставници. Со овој закон се предвидува и зголемување на платите, како и исплата на додатоци.

ВМРО-ДПМНЕ се противи и на измените на Законот за служба во Армијата со кои војниците ќе имаат право на избор, ќе имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години, како и дополнителни можности при пензионирање.

ВМРО-ДПМНЕ е насочена директно против интересите на граѓаните и интересите на државата како ниту една друга опозиција во светот.

Таквото деструктивно однесување граѓаните го ценат и соодветно ќе го казнат и на овие избори“.

Соопштение на СДСМ

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Проекции: Социјалдемократите со мало водство пред конзервативците на изборите во Германија

Според проекциите на две германски телевизии, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) на денешните парламентарни избори освои околу еден процент повеќе...

Топ10 часа

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион11 час

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија11 час

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го...

Македонија15 часа

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска...

Европа18 часа

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија18 часа

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија1 ден

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија1 ден

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа2 дена

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Регион2 дена

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа2 дена

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија2 дена

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија2 дена

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Македонија2 дена

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Македонија2 дена

Осумдесет oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со...

Македонија3 дена

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа3 дена

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа3 дена

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Досие