Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се откажа од сè што е македонско

Објавено пред

Со таканаречениот Договор од Преспа, Заев и неговата Влада се откажа од македонското име, јазик, идентитет, историја и култура, како и македонското малцинство во соседството, реагираа преку соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Со еден збор, Зоран Заев се откажа од сè што е македонско. Капитулантското дело на Заев наречено договор придонесува и за губење на институционалниот идентиет, кој е битна компонента на националните идентитет. Договорот со Грција не отвора никакви перспективи за Македонија и македонските граѓани, напротив тој ќе стане само уште една пречка исправена пред македонските евро-атлантски интеграции. Со членот 8 од договорот, Грција добива правна алатка за блокирање на македонските евро-атлантски интеграции кога и да посака“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека Македонија нема проблем со своето име, туку има проблем со корупцијата.

Соопштенија

ГДУ: По дожд, охридските улици се како по елементарна непогода

Објавено пред

Во Охрид, по дожд, улиците се како да имало елементарна непогода, обвинуваат од партијата Граѓанско-демократска унија (ГДУ).

„Сликата е хаотична, фекалии на сите страни и на крајот, најголемиот дел од нив завршува во езерото. Фекалната канализација е голем проблем, кој се влече со години и постојано се даваат солуции (за време на избори), а реалноста е дека нема никаква промена, дури и се даваат заклучоци дека нема излез“, се наведува во партиското соопштение.

Во него исто така се бара општинските власти да одговорат зашто барале гласови од граѓаните доколку немаат решение за проблемите.

„Живот дојде само за партиските војници кои се насадени насекаде“, велат од ГДУ.

„Проблемот со фекалната канализација останува, со кучињата скитници останува, проблемот со депонијата останува, всушност, само ДПМНЕ замина, а СДСМ дојде и како и во минатото, така и сега, се случи само мала промена на фотелјите“, истакнуваат од оваа партија, од каде што додаваат дека изборните програми веќе нема ни потреба да се менуваат зашто најголемите партии имаат исти ветувања повеќе од 20 години.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Дали на Стоилковски му пречи Русковска затоа што е жена?

Објавено пред

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, познат по шовинистички статуси и денеска продолжува да шири лажни вести и невистини, велат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на која тој рече дека три месеци повикува да се расчисти случајот во врска со тендерот на владиниот генерален секретар, Драги Рашковски, а обвинителката Русковска одговара само со содржински празни соопштенија.

„Дали на Стоилковски му пречи обвинителката Русковска затоа што е жена“, прашуваат од владејачката партија.

„Наместо да рециклира стари и веќе демантирани лаги, Стоилковски треба да го повика Мицкоски да одговори дали Орце Камчев, тајкун на режимот и обвинет во предмети на СЈО, преку негови фирми, бил финансиер на изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во партиската реакција.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Истрагата во случајот ,,Рекет” е фарса

Објавено пред

Истрагата во случајот „Рекет“ е фарса, која има цел да го одвлече вниманието на јавноста од Зоран Заев и врвот на власта, без кој милионскиот рекет и воопшто не би бил можен. Случајот е пријавен уште во април по што требаше да се случи медиумски притисок за власта да се реши да жртвува две пипки од октопот, Боки 13 и Зоки Кичеец, само со цел заштита на Јанева и Заев, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, на Јанева смислено ѝ беше оставен 1 месец по апсењето на Боки 13 и Зоки Кичеец за да има доволно време да скрива докази и да влијае врз сведоци и истрагата како би се уништиле трагите што водат кон неа и кон главата на октоподот – Зоран Заев.

„По еден месец откако Јанева е во притвор, истрагатa тапка во место. Нови приведени нема. Има само најави од Владата за формирање тим и наводна акција на УЈП со задоцнување од три месеци. Што е тоа што Русковска и Заев не сакаат граѓаните да го дознаат? Дали се работи за тоа каде завршувале парите и за што тие биле трошени!? Дали се крие дека можеби парите завршиле на Илинденска и со нив е финансирана кампањата на Стево Пендаровски!?
ЈО со ваквиот начин на работа само дополнително се компромитира. Граѓаните очекуваат ефективна и ефикасна истрага. Импровизации на сметка на правната држава не смее да има. Никој, па ни Заев не смее да биде поштеден. За нормално функционирање на државата, потребен е пад на оваа власт. Потребни се предвремени парламентарни избори што побргу“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет45 минути

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги...

Топ4 часа

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија5 часа

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Македонија5 часа

(Видео) Одложено судењето на Латас, предметот „Тотал“ сѐ уште во доказна постапка

Денешното рочиште за случајот „Тотал“, каде што обвинет е новинарот и поранешен уредник, Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 17 октомври...

Свет6 часа

Во светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во...

Свет7 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа, еден загинат и петмина повредени

Еден човек загина, а петмина се повредени при пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Не...

Свет7 часа

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска, ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет7 часа

Саудиска Арабија почна воена операција во Јемен

Коалицијата што ја предводи Саудиска Арабија почна воена операција северно од јеменскиот пристаништен град Ходеида. Целта на операцијата, како што...

Европа20 часа

Макрон: „Жолтите елеци“ ме наведоа подобро да ги слушам луѓето

Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека кризата со граѓанското движење „Жолти елеци“ на некој начин била добра за него, бидејќи...

Свет21 час

Трудо среде скандал, најмалку трипати се маскирал како црнец

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен...

Македонија1 ден

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското Обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија1 ден

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија1 ден

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион1 ден

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ1 ден

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија1 ден

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ1 ден

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Свет1 ден

Обелоденети 76 милиони податоци од Mинистерството за внатрешни работи на Австрија

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од интернет-страницата „Буре без дно“, дошло до масивно обелоденување полициски податоци....

Свет1 ден

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокира стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокира стратешкиот мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија...

Свет1 ден

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари по речиси 400 случаи на сериозни болести...

Досие