Контакт

Соопштенија

СДСМ: Договорот со Грција ги заштитува македонскиот идентитет и јазик

Објавено пред

Време е ВМРО-ДПМНЕ да се надмине себеси и наместо да шири невистини, да се вклучи во процесите за членство на Македонија во ЕУ и НАТО, велат во соопштение од владејачкиот СДСМ.

Оттаму додаваат дека иднината на Македонија и нејзините граѓани се над сите политички партии и дека влезот во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет е многу поголемо прашање од дневно-политичките полемики.

„Не е точно дека со постигнатиот Договор со Грција се загрозуваат македонскиот идентитет и македонската посебност. Не е точно ниту дека се бришат поимите Македонија и македонски. Напротив, со Договорот термините Македонец, македонската, македонски се трајно заштитени и никој повеќе нема да може да ги негира или оспорува“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ додаваат дека според членот 7 од Договорот, македонскиот идентитет ги отсликува територијата, јазикот, народот, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство.

Соопштенија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните на утрешниот протестен марш во Охрид

Објавено пред

Од

Живееме живот во кој поразите стануваат секојдневие, а победите ги нема, рече Сашо Донев, претседател на оштинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, во повикот за протестниот марш кој во овој град е закажан за утре.

Тој истакна дека граѓаните се разочарани од Владата на СДСМ, чии лаги, како што кажа, излегле на виделина.

„Државата пропаѓа, граѓаните живеат се полошо, а Заев ги распродава националните и државните интереси.  Наместо живот донесoa чемер и јад. Економијата тоне, цените растат, а стандардот опаѓа, земјоделието е на колена, здравството и образованието колабираат, безбедносниот систем е целосно разнишан“, изјави Донев и додаде дека граѓаните се свесни што се случува во државата, па, како што рече, во огромно мнозинство нема да дадат поддршка на штетниот и капитулантски договор.

„Договорот е штетен и власта го знае тоа, затоа и бегаат од одговори. Заев се плаши, затоа и бега од дебата и соочување, затоа што нема аргумент за губењето на институционалниот идентитет, историјата, културата и традицијата“, рече претседателот на оштинскиот комитет и подвлече дека ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува договорот, ниту некогаш ќе го поддржи.

„Од нас зависи каков пат ќе избереме. Македонија е се што имаме, нашите корени и нашата иднина“, истакна Донев и ги повика сите незадоволни граѓани од, како што кажа, капитулацијата на Зоран Заев да се придружат на протестниот марш во Охрид, во недела со почеток во 13 часот.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Владев: Огромни притисoци кај јавната администрација од Свети Николе во пресрет на референдумот

Објавено пред

Од

Притисоците пред референдумот за промена на името се огромни, а посебно притисокот се чувствува кај вработените во јавната администрација и локалната самоуправа, рече Дејан Владев во просториите на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе.

Како што кажа тој, директорите на средното, основните училишта и детската градинка во Свети Николе во разговори само со вработените, отворено им наложувале да излезат и гласаат за претстојниот референдум, отворено заканувајќи им се намалување на бројот на часови и бркање од работа доколку останат дома и не гласаат.

„Според нашите информации случајот не е изолиран, а обидите за заплашување и уцена на гласачите се случуваат и во другите државни институции, а посебно кај вработените во општина Свети Николе. Под притисок е не само јавната администрација туку и приватниот сектор, односно малите дуќанџии и земјоделците на кои им се закануваат со нарачани инспекции и неисплаќање на земјоделските субвенции“, посочи Владев кој ги повика надлежните институции да ги преземат нивните законски овластувања и да ги заштититат вработените од, како што кажа, отворениот политички мобинг.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ претера со лажни вести и неодговорност

Објавено пред

Од

Невистините што секојдневно ги шири опозициската партија веднаш се демантирани од различни страни, денеска од страна на Македонската информативна агенција, се наведува во соопштение на СДСМ како реакција на денешната прес-конференција на портпариолот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„ВМРО-ДПМНЕ лаже кога вели дека со Договорот со Грција се брише македонскиот идентитет, македонската историја и посебност. Напротив, Договорот ги зајакнува и гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност кои стануваат признаени од целиот свет, вклучително и од Грција“, стои во партиското соопштение во кое се додава дека членство на Македонија во ЕУ и НАТО со признаен идентитет е огромна придобивка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

(Видео) Шилегов: Од Лисиче до Центар со воз се стигнува за 4 минути, од таму продолжете со велоспиед

Европската недела на мобилност 2018 во Скопје заврши со комбинирање на железнички и превоз со велосипед. Активисти од здружението „Прв...

Свет2 часа

(Видео) Над 20 мртви при вооружен напад за време на воена парада во Иран

Дваесет и четири лица се убиени, а 53 повредени во утринскиот напад на вооружени луѓе за време на воена парада...

Македонија3 часа

(Видео) Платите на хирурзите покачени за 5.300 денари, повисоки плати и во школите и во градинките

На вработените во градинките, училиштата и болниците септемвриската плата ќе им биде зголемена за пет отсто. Зголемената плата ќе им...

Македонија4 часа

Следува период на пост-демократија во која главниот збор не е на избирачите, рече Иванов на предавање во САД

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на почетокот на работната посета на САД, одржа предавање на Државниот универзитет Вејн во...

Топ5 часа

Холанѓанец пронајден мртов во вила во Трпејца

Во вила во охридското село Трпејца, во текот на вчерашниот ден починат бил пронајден 79-годишен Холанѓанец. Како што информираат од...

Македонија5 часа

(Видео) Макрон со обраќање до македонските граѓани: Ниеден договор не е совршен, но се работи за иднината на земјата

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во пресрет на референдумот закажан за 30. септември преку видео-обраќање упати порака до македонсите граѓани, при...

Крвав четврток17 часа

Го извадив пиштолот и кажав стој полиција, сведочеше телохранителот на Оливер Спасовски за 27 април

Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, телохранител на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вечерва сведочеше во кривичниот суд...

Крвав четврток18 часа

Ги видов пратениците Мукоски и Василевски како ги вадат гредите од вратите на Собранието, сведочеше собраниски обебзбедувач

На продолжението од судењето за настаните од 27 април сведочеше собранискиот обезбедувач Владимир Стојков. Тој потврди дека кога чул врева,...

Македонија24 часа

Претепаниот скопјанец: Ме намести пријател, тие ме чекаа во заседа

Брутално претепаниот скопјанец за „Макфакс“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра,...

Топ1 ден

(Видео) Кавадарчанец прободел жена со нож во стомакот кога му рекла дека е бремена

Полицијата вчера уапси кавадарчанец во Струмица под сомнение за обид за убиство како и за повеќе кражби во станови во...

Македонија1 ден

Обвинителството ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени во „Скопјанка“

Основното јавно обвинителство Скопје ќе утврдува дали родителите го запоставиле детето коешто живее со бабата во станот во „Скопјанка“, којшто...

Македонија1 ден

Мухиќ: Владата не им објасни на граѓаните кои уставни промени ќе се случат по референдумот

Независниот пратеник Ферид Мухиќ не сакаше за ,,Макфакс” да каже дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името,...

Македонија1 ден

Фрчат казни за адвокати во кривичниот суд, тројца казнети со 1000 евра

Поради неприсуство на тројца адвокати, Судот го одложи денешното рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Топлик“....

Македонија1 ден

Се разболе обвинетиот Митко Пецов – Фатиме побара да биде приведен

Одложено е рочиштето за предметот ,,Насилство”. Обвинетиот Митко Пецов се разболел и не присуствуваше на седницата, обвинителката на СЈО Фатиме...

Македонија1 ден

Претепаното момче во Аеродром има потрес на мозокот и скршеници

Лицето кое вчера беше брутално претепано во Аеродром добило скршеници во пределот на носот и вилицата, имало исеченици по глава...

Македонија1 ден

Јавното обвинителство формираше комисија за следење на противправности во врска со референдумот

Јавниот обвинител на Република Македонија формираше комисија за следење на евентуални противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30...

Свет1 ден

Повторно пукање во САД, петмина повредени, меѓу кои и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и осум годишно девојче во пукотници во Сиракуза, во државата Њујорк, соопшти полицијата. Инцидентот...

Македонија1 ден

1000 евра казна за вештак кој не дошол на судење за предмет на СЈО

1000 евра треба да плати вештакот Павлина Стојанова, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик експертс ДОО“ оти не се појавиле...

Македонија2 дена

(Видео) Заев-Пенс: Вашингтон ја споделува визијата на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс. Како што соопштија од...

Вести2 дена

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Досие