Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев разоткриен, главата на октоподот излегува на виделина

Објавено пред

Крајот на СДСМ се ближи. Главата на октоподот излегува на виделина. Во снимката што беше објавена во јавноста може да се слушне како аболицираниот криминалец Зоран Заев признава дека ја помагал телевизијата на Боки Јовановски, кој, пак, е главно осомничен за „Рекет“ заедно со Катица Јанева, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Во снимката Зоран Заев вели дека помошта била во пари, поточно околу маркетингот на телевизијата, но и дека Бојан Јовановски зел пари од бизнисменот кој е поврзан со изградбата на старски домови коишто беа дел од  невладината организација ‘Меѓународен сојуз’.

Наместо СДСМ да ги манипулира граѓаните, ред е да одговори за аферите кои произлегоа, а вмешан е Зоран Заев и половина од нивното раководство.

Решението граѓаните на Република Македонија веќе одамна го знаат, а тоа е дека Зоран Заев и СДСМ мора да паднат од власт и никогаш да не се вратат.

Граѓаните знаат дека кога СДСМ е на власт, Македонија тоне на секое поле. Нема закон кој СДСМ и Зоран Заев не го прекршија и тоа не ги избавува од одговорност. На 12 април Зоран Заев и СДСМ нема да побегнат од одговорност и ќе одговараат пред лицето на правдата. Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе“, се наведува во партиското соопштение.

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири паника, ситуацијата со коронавирусот е под контрола

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири неоснована паника, ситуацијата е под контрола, реагира СДСМ на прес- конференцијата на Дафина Стојаноска од ВМРО- ДПМНЕ, која обвини дека власта нема капацитет да се справи со вирусот.

„Најдобрата помош што може да ја даде ВМРО-ДПМНЕ е да престане да шири и предизвикува неоснован страв и паника меѓу граѓаните. Ситуацијата е под контрола, откако вчера беше потврдени првиот случај на лице заразено со коронавирус во земјата, институциите се подготвени за брза реакција и ги преземаат сите неопходни мерки согласно меѓународните протоколи. Додека сите институции се ставени во функција за справување со вирусот Ковид-19, ВМРО-ДПМНЕ во препознатлив стил се обидува преку лаги и конструкции да добие ситно дневнополитички поени“, реагира СДСМ.

Граѓаните, додаваат од партијата, вклучувајќи го тука ВМРО-ДПМНЕ треба да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство, да се однесуваат одговорно и да не шират дефетизам и паника.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Владата неподготвена за корона, ниту реагира на високата цена на маските, ниту има капацитет за карантин

Објавено пред

Владата е неподготвена за корона, ниту реагира на високата цена на маските, ниту има капацитет за карантин, обвини Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Корона вирусот стигна и во Македонија, а министерот за здравство Венко Филипче и владата на СДСМ покажаа неорганизираност и хаос. Изразуваме огромна загриженост поради слабиот капацитет за организација на Владата и сите надлежни да се одговори на вака сериозна ситуација во која е загрозено здравјето на граѓаните. Во Македонија се детектираше првиот заразен со корона вирус, но, Филипче не знае да ја информира јавноста како жената стигнала до Клиниката за инфективни болести. Сегмент што е многу важен за превенција од корона, и кој говори дали има контрола на граничните премини или не. Филипче и надлежните кажаа различни работи. Прво, кажаа ‘сама заминала на Клиниката’, потоа кажаа ‘беше спроведена до Клиниката’, за да на последниот прес синоќа Филипче каже сосема спротивна и најнова верзија или дека ‘не кажала на граница дека е болна’“, рече таа.

Според Стојаноска, загрижува и фактот што Владата повикува на користење средства за заштита меѓу кои и маски, но, како што кажа, наместо да овозможи достапност на маските, цените се енормно покачени, а од Владата нема никаква реакција.

„Во целата ситуација, Владата покажува слабост и во делот на карантините. Едноставно нема соодветни капацитети за спроведување карантин за да се одговори на ситуацијата. Подготвени сме да им помогнеме, им стоиме на располагање за помош. Во оваа неорганизираност едно е јасно, од 12 април граѓаните ќе видат што е навремена и соодветна здравствена услуга“, рече Стојанова.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Ја спуштивме невработеностa на најниска стапка досега

Објавено пред

За 2,5 години ја спуштивме стапката на невработеност на најниска стапка досега од 17,1 проценти, отворивме 60.000 нови работни места, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

„Со развојни економски политики во третиот квартал од 2019 година, СДСМ ја намали невработеноста на најниска стапка досега од 17,1 проценти, од 22,1 насто во истиот период 2017 година. За 2,5 години отворивме 60.000 нови работни места, со кои обезбедивме посигурна иднина на 60.000 нововработени граѓани и на нивните семејства.

Посветено продолжуваме со мерките за отворање нови работни места пред сè со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, кој годинава очекуваме да вклучи 12.000 невработени лица.

За Оперативниот план за вработување во 2020 година се издвоени рекордни 1,45 милијарди денари за инвестиции во претприемништво, поддршка за креирање нови работни места, обуки и доквалификација, особено во информатичката технологија, практиканство, а продолжува и реализацијата на Гаранцијата за млади.

Досегашното искуство покажа дека самовработувањето преку стартување на микробизниси е одржливо, бидејќи 93% од компаниите формирани со помош на оваа мерка во 2017 година активно работат, како и 99% од компаниите формирани во 2018 година.

Во моментов мерката за самовработување е отворена и само за една недела има доставено 1200 апликации.

Покажавме дека знаеме и можеме да ја стабилизираме економијата и да го унапредиме животниот стандард на граѓаните, Република Северна Македонија да ја направиме развојна и просперитетна држава.

Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат нови и добро платени работни места и повисоки плати за работниците“, велат од СДСМ во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

Вархељи: Имам голема надеж дека преговорите со Скопје и Тирана ќе почнат наредниве недели

Европската Унија би можела да ги отвори пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија за неколку недели бидејќи двете држави...

Европа5 часа

Коронавирусот се прошири на сите континенти, освен на Антарктикот

Коронавирусот се прошири во 40 земји во светот и заразени има на сите континенти, освен на Антарктикот, пренесува агенцијата „Танјуг“....

Македонија5 часа

Министерството за здравство: Лицето дојдено од Рим, за кое се чекаа резултати, не е заразено со коронавирус

Mинистерството за здравство информира дека лицето пристигнато од италијанската престолнина, за кое попладнево министерот Венко Филипче најави дека се очекуваат...

Македонија8 часа

Операторите од понеделник на полноќ ќе ја реемитуваат само МТВ

Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори, донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски...

Македонија9 часа

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари што граѓаните ги плаќале како данок

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари кои граѓаните ги плаќале како данок. Против...

Македонија10 часа

Вонредна дезинфекција на автобусите на ЈСП и на жичницата на Водно

ЈСП Скопје од денеска, 27 февруари, ќе почне со вонредна дезинфекција на автобусите, како и на кабините на жичницата на...

Македонија11 час

Жената која допатува од Рим не е заразена со коронавирус

Министерството за здравство информира дека резултатите на пациентката кај која постоеше сомнеж за коронавирус, кои штотуку пристигнале, се негативни на...

Македонија11 час

СДСМ и Беса заедно на изборите

Лидерите на СДСМ и движењето Беса, Зоран Заев и Биљал Касами, потпишаа Декларација за заеднички настап на изборите на 12...

Македонија11 час

(Видео) Шилегов: Се одложуваат сите екскурзии на средношкоците во Италија

Градот Скопје во рамките на своите надлежности е целосно подготвен да ги преземе сите неопходни мерки за да се спречи...

Македонија12 часа

Граѓаните кои биле во регионите со коронавирус да се јават во ЦЈЗ и да не одат на работа и на училиште

Владата ги известува сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како...

Топ13 часа

Притвор за гевгеличанецот кој силувал малолетно девојче

Против 23-годишникот од Гевгелија кој силувал малолетно девојче поднесена е кривична пријава и определена му е мерка притвор во траење од...

Македонија13 часа

Мијалков не се сеќава на анализата за „Монструм“

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков сведочеше на рочиштето за „Монструм”. Тој кажа дека откако било поднесено обвинение, биле правени анализи...

Македонија14 часа

Ветрот во Скопје со над 100 километри на час

Силниот ветер во Скопје на моменти достигна и над 100 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. „Во...

Регион14 часа

Црногорци уапсени со пет тони кокаин на брод во Венецуела

На бродот „Ареса“ во Венецуела се запленети еден тон, а потоа уште четири тони кокаин и уапсени се црногорски државјани,...

Свет14 часа

Потврдени 433 нови случаи за еден ден, до сега се излекувани 32.495 луѓе во Кина

Во Кина вчера се регистрирани 433 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус и 29 смртни случаи, соопштија од Националната...

Свет15 часа

(Видео) САД: Добил отказ во пиварница, се вратил со пиштол и убил петмина колеги

Поранешен вработен во пиварница на САД уби најмалку пет лица, а потоа се самоубил, јавуваат американските медиуми. Шестмина загинаа, вклучувајќи...

Европа15 часа

Петмина настрадаа во пожар во Стразбур

Пет лица настрадаа во пожар што избил во зграда во Стразбур, на североисточниот дел на Франција, соопштија локалните пожарникари. Истите...

Македонија15 часа

(Видео) Силниот ветер откорна дрвја и уриваше покриви во Скопје

Силниот ветер синоќа корнеше дрвја и уриваше покриви во главниот град. Десетици дрвја се паднати на  локации од невремето. Ветерот,...

Македонија1 ден

МОН: Дадени се препораки на образовните установи за заштита на учениците, студентите и вработените од коронавирусот

Согласно заклучоците донесени на вчерашната владина седница, а во врска со заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Познати сопатниците на жената заразена со коронавирус, ќе останат во излоација 14 дена

Идентификувани се сите патници кои се возеле во комбето со жената која е заразена од коронавирусот, а која утринава допатувала...

Досие