Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Излезе на виделина вистината дека Зоран Заев е главата на криминално-рекетарскиот октопод

Вчера се потврди дека Заев бил главен во „Рекет“. Поради неговата алчност за лично, криминално богатење, пандемијата избега од контрола, а Македонија трпи човечки загуби, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Вистината дека Зоран Заев е главата на криминално-рекетарскиот октопод излезе на виделина. Осудениот за ‘Рекет’ Бојан Јовановски вчера пред целата јавност потврди дека парите треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви.
Конечно се докажа дека Катица Јанева и Боки 13 биле само извршители, а парите завршувале кај Заеви. Токму затоа и Заев нема доказ дека го пријавил случајот „Рекет“ пред тој да излезе во медиумите.
Исказот на Бојан Јовановски и работите кои јавноста претходно ги дозна од медиумите се доволна причина Заев да биде повикан во обвинителството и да се отвори истрага против него. Наместо тоа, Русковска прво му даде време да прикрива докази, а потоа и да помине неказнет.
Додека Русковска упорно го штити аболицираниот Заев, поради неговата алчност страдаат граѓаните на Република Македонија.
Заев фокусиран да си ги спаси рекетираните пари, матните бизниси и политичката кариера, преку Филипче и Комисијата за заразни болести ја продлабочи кризата со коронавирусот.
Заев и Филипче ја зацрнија Македонија и ја направија балканскиот Вухан. Додека Заев и Филипче лажат дека ситуацијата е под контрола и сè е во ред, секојдневно броиме над 150 заразени и по неколку починати лица.
За нив во ред е вчера да имаме 182 заразени и 6 починати или само во јуни да има 2.450 заразени и над 80 починати од коронавирусот. Новата нормалност која Заев и Филипче ја форсираат во јавноста се вика 4.664 заразени и 216 починати лица од почетокот на пандемијата. Системот на Зоран Заев се распаѓа од ден во ден сè повеќе. Поради неговата неспособност, илјадници граѓани ги загубија работните места, а стотици илјади гладуваат.
Лажеа дека блескаме, а сега ги молат граѓаните да донираат пари додека врхушката на СДСМ блиска до Заев ужива во рекетираните милиони. На 15 јули завршува бедата која ја донесоа Заев и СДСМ. Доаѓа времето кога ќе ја поразиме короната и ќе го поразиме вториот вирус, Заев и СДСМ. Или обнова или измами.
Македонија не заборава и Македонија ќе победи! Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава и народот ќе ја направи разликата“, соопшти партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
3,2,1… летото ни дојде – време е да ја подготвите вашата торба за плажа со „Зегин“

Пред да тргнете на плажа или да се упатите кон вашата следна авантура, бидете сигурни дека вашата торба е полна со основните работи што ќе ве одржат сјајни, заштитени и ќе придонесат да се чувствувате удобно во својата кожа.
Од глава до пети Зегин се грижи за вас- од креми за сончање до хидратантни производи за нега на кожа и коса, како и производи за здравје.
Кои се производите потребни за вашата летна торба за убаво и мирно лето, прочитајте на следниов линк.
(ПР)
Соопштенија
30 години „Кожувчанка“ – јубилеј на успех, партнерство и визија

Компанијата Кожувчанка денес го одбележа својот голем јубилеј – 30 години постоење со ПР настан на кој присуствуваа партнери, пријатели, новинари, претставници од институции и деловни соработници од земјата и странство.
Повод
Настанот се одржа по повод три децении успешна работа на Кожувчанка -компанија која од 1995 година израсна од локален производител во бренд со национално и меѓународно признание. Присутните имаа можност да слушнат инспиративни обраќања од водечките луѓе од компанијата, нејзини долгогодишни партнери, како и претставници од институциите.
Г-дин Бранко Азески, Претседател на Стопанската комора на Македонија
Г-динот Азески ја имаше таа чест прв да се обрати. Тој ја потенцираше улогата на компанијата Кожувчанка како пример за успешно македонско претпријатие. Исто, говореше и се осврна на одличната соработка помеѓу Комората и Кожувчанка низ годините, потенцирајќи ја нивната заедничка заложба за подобрување на деловната клима и охрабрување на другите домашни брендови.
Г-ѓа Јанинка Чупаркоска, Генерален менаџер на Компанијата Кожувчанка
Во своето обраќање, г-ѓа Чупаркоска ја истакна благодарноста кон сите кои се дел од 30-годишната приказна на Кожувчанка – вработените, потрошувачите и партнерите:
„Тоа што не’ прави посебни и истрајни сето ова време пред сè се луѓето – нашите верни потрошувачи, посветеноста на нашите вработени, како и поддршката од нашите партнери и соработници.“
Таа се осврна на почетоците од 1995 година, кога Кожувчанка започнала со неколку вработени и еден производ, а денес брои преку 70 производи, присутни во секојдневието на македонските семејства и пошироко.
Исто, зборуваше за постојаните инвестиции во производство, квалитет и одржливост, како и за извозните успеси на компанијата.
Г-дин Марио Маис, Маркетинг менаџер на Sinalco International Brands
Г-дин Маис, долгогодишен стратешки партнер на Компанијата преку брендот Sinalco, зборуваше за исклучителната доверба и професионалната соработка која трае веќе две децении.
Тој ја истакна Кожувчанка како пример за лојалност, квалитет и стабилен развој на локалниот пазар:
„Соработката со Кожувчанка не е само деловен однос – тоа е долгорочно партнерство засновано на доверба, визија и заеднички успеси. Вашата истрајност и интегритет се инспирација.“
На крај од говорот кажа за важноста на синергијата помеѓу локалните производители и глобалните брендови, и ја најави подготвеноста од Sinalco International Brands за нови, заеднички проекти со компанијата Кожувчанка.
Г-дин Митко Јанчев, Градоначалник на Општина Кавадарци
Митко Јанчев со голема емоција зборуваше за почетоците на компанијата, визијата на неговите татко и чичко и патот до денешниот успех:
„Со голема чест и особена гордост ви се обраќам денес, на денот кој е од голема важност за мене и мојата фамилија – 30 години од постоењето на Кожувчанка.“
Тој го најави и новиот бренд – Aqua Mila, природна изворска вода која го носи името на неговата ќерка:
„Со ова претставување на нашиот нов производ пред вас, сакам да ѝ го честитам роденденот и на мојата ќерка Мила по која е крстен овој бренд.“
Јанчев објави и планирана соработка со СОС Детското село, со цел поддршка на децата и вложување во нивната иднина:
„Тоа е она на кое сум најмногу горд – на моето семејство, на компанијата и на луѓето-партнери со кои секојдневно учествуваме во градење на подобро општество за сите.“
На крај, изрази благодарност кон сите потрошувачи, соработници и пријатели на компанијата:
„Се гордеам и сум благодарен на сите вас – наши пријатели и соработници, на нашите верни потрошувачи и на сите што веруваат во оваа наша приказна.“
За Кожувчанка
Основана во 1995 година, Кожувчанка денес е еден од лидерите во македонската индустрија за производство на вода, алкохолни и безалкохолни пијалаци, со портфолио од над 70 производи и присуство на повеќе странски пазари. Компанијата е позната по квалитет, иновации и општествена одговорност, како и по своите долгорочни партнерства – како со Sinalco, така и со многу локални дистрибутери и институции.
(ПР)
Соопштенија
За Халкбанк – Важни се луѓето и сето она што ги обединува

Ова лето, неколку внимателно одбрани настани низ Македонија носат дух на автентичност, инспирација и заедништво. Поддршката на Халкбанк не е случајна – туку доследна и долгорочна, насочена кон вредностите што ја прават заедницата поцврста. Со вложување во културата, во моментите на поврзување и во сите облици на социјално живеење, банката го живее својот слоган – Важни се луѓето.
Во Скопје, Street Food Festival, кој се одржа од 18 до 22 јуни, претставува урбано собиралиште каде што вкусовите, музиката и добрата енергија се преплетуваат во едно современо искуство. Како партнер на фестивалот, Халкбанк понуди и дополнителна вредност за учесниците, односно секое плаќање со Халкбанк картичка овозможуваше учество во интерактивна активација со награди, поттикнувајќи ја непосредната поврзаност со посетителите и збогатувајќи го фестивалското доживување.
На 21 и 22 јуни, во природниот амбиент на Пелинце Пикник, љубителите на културни настани, музика и семејна дружба имаа можност да уживаат во настан што го негува духот на блискост и заедништво. Поддршката од Халкбанк претставува продолжение на заложбата за градење автентични вредности низ социјални и културни формати.
Во јули, Ohrid Beach Film Festival (23–27 јули) повторно ќе ја оживее магијата на филмот под отворено небо, покрај Охридското езеро. Настанот го афирмира младиот авторски израз и ја збогатува домашната културна сцена, а поддршката на Халкбанк ја рефлектира мисијата на банката, да биде активен партнер во развојот на културата и креативната индустрија.
Во време кога секоја форма на поврзување добива ново значење, овие настани се потсетник дека заедничките доживувања имаат трајна вредност. А таму каде што тие се создаваат, ќе продолжи да биде присутна и банката.
(ПР)