Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска ќе потроши 440 илјади евра за привремени вработувања во време на криза

Објавено пред

Власта на Заев нема една набавка во која нема сомнеж за сериозна злоупотреба. Последен таков случај е набавката која ја направила новоименуваната заменик-претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска, која набавувала компјутери по цена и од 2.400 евра, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ Имено, УЈП набавува 100 компјутери по цена од 45.423 денари без ДДВ, 250 лаптопи по цена од 53 766 денари без ДДВ и 40 лаптопи по неверојатни 145.848 денари без ДДВ по парче. Или вкупно над 400 илјади евра ќе потроши Лукаревска во овој турнус набавки на компјутери во ек на економска криза.

Патем, истата таа Лукаревска склучила и дополнителен договор вреден 440 илјади евра со приватна агенција за вработување за само година дена,  договор преку кој ќе бидат ангажирани 33 лица, иако во УЈП веќе се распоредени над 100 лица кои беа дел од „рамковните вработувања“.

Лукаревска, како и нејзиниот ментор Заев, е ставена во полн погон на неразумно трошење на народните пари во време кога 600 илјади граѓани живеат во сиромаштија, 60 илјади се новоневработени, а над 6.000 компании ставија клуч на врата поради кризата“, додаваат од опозициската партија.

Соопштенија

СДСМ: Веќе никој во Скопје не зборува за загадување, само за раззеленување

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ за време на нивното режимско владеење, Скопје, од град со зеленило, дрвја и паркови, го претворија во најзагаден град на светот, реагираат од СДСМ поради обвинувањето од опозициската партија за исечените дрвја на улицата Орце Николов.

„Сечеа дрвја за да стават бекатон и бетон, а денеска никој веќе не зборува за загадување, туку за раззеленување, а болните и стари дрва се заменуваат со нови. Денеска, наместо кинески двокатни дизел-автобуси, има нови екоавтобуси, а 6.500 грејни тела со субвенции се заменети со инвертери“, се наведува во соопштението на партијата, од чии редови е и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Од таму нагласуваат и дека во изминатите години во Скопје се подигнати и обновени зелени површини на над 117.000 квадратни метри.

„Изградени се два нови зелени покрива – на ГТЦ и на Домот на градежниците, третиот на ‘Мавровка’ се прави, дивите паркиралишта се претвораат во паркови, се подигаат зелени скверови“, порачуваат од СДСМ и велат дека на ВМРО-ДПМНЕ ѝ е тешко да ја прифати реалноста дека Скопје се менува, развива и прераснува во модерна метропола.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Пендаровски гледаше фудбал со австрискиот амбасадор

Објавено пред

Претседателот, Стево Пендаровски, го следеше натпреварот на македонската фудбалска репрезентација против Австрија, во друштво на австрискиот амбасадор Георг Вуцас и фудбалерот, Дарко Панчев.

„Навиваме за нашите заедно со легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев. Навивачкиот дух го има и австрискиот амбасадор Вуцас. Верувам дека нема да не скара вечерашниот натпревар“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Поразени блокадите на Мицкоски, никој не верува во неговите лаги

Објавено пред

Граѓаните испратија јасна и силна порака до докажаниот губитник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека не даваат поддршка на нивните погубни политики, соопшти СДСМ.

„ Со дебаклот на протестите на ВМРО-ДПМНЕ народот одново ги порази обидите за блокади и деструкции. Ниту еден граѓанин повеќе не верува во пласираните невистини и манипулации од белата палата. Затоа освен соработниците на Мицкоски никој друг нема на блокадите на сообраќајниците.

Повеќе од јасно е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат државата да успее, да се деблокира процесот на интеграција кон ЕУ, па затоа се обидуваат да нанесат штета на државните интереси од страв и очај.

ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека нема да успеат. СДСМ парламентарното мнозинство, Владата нема да дозволат државата да се турне во изолација како во времето на режимот заради личните и партиските интереси на Мицкоски.

Како одговорна и државотворна партија продолжуваме со посветена работа, со реформи кои водат до забрзана интеграција во ЕУ и подобар и поквалитетен живот за сите граѓани“ додаваат од владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет3 часа

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет5 часа

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија5 часа

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа6 часа

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија7 часа

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија8 часа

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион9 часа

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија9 часа

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија11 час

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет11 час

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Македонија11 час

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Спорт23 часа

Ангеловски: Нема разочарување, имаме уште два натпревари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе...

Спорт24 часа

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт24 часа

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија1 ден

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа1 ден

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ1 ден

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија1 ден

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт1 ден

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Досие