Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема датум затоа што во ЕУ не сакаат да си имаат работа со криминалците од ДУИ и СДСМ

Објавено пред

Македонија нема датум затоа што во ЕУ не сакаат да си имаат работа со криминалците од ДУИ и СДСМ, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Македонија е на 111 место на листата на Транспаренси. Според опозициската партија, Заев ја бетонирал државата на врвот на криминалот и корумпираноста.

„ Во ЕУ не се оди со рекет и криминал. Во ЕУ не сакаат премиер на држава кој е аболициран за криминал, и чиј пти брат се спомнува како лице кое барало рекет од фирми кои вршат работи добиени на тендер.

Во ЕУ не се оди со нерасчистени случаи за криминал како случајот со Ден Дончев, кој сите го видовме како трпа туце пари во торба, ниту пак за Заев, кои беа посочени дека кај нив завршиле парите од аферата Рекет, и тоа лично од човекот кој ја носеше торбата полна милиони.

Во ЕУ не поминува “зелената агенда” која ги труе граѓаните на градовите каде токму тие зелени се власт. Кичево, Тетово, Струга и други тонат во смет. А тендерите врват.

Заев не може да ја однесе Македонија во ЕУ, Заев е политичар потонат во криминал и корупција.

Заев мора да си оди, за Македоника да тргне напред. Да ставиме крај на поделбите на Заев и СДСМ, на граѓани од прв и втор ред. Македонија за сите луѓе!“ се додава во соопштението.

Соопштенија

ГРОМ: Вработен во Општина Карпош со нож нападнал сопруг на негова колешка

Објавено пред

Вработен во Општина Карпош со нож нападнал сопруг на негова колешка, велат од партијата ГРОМ. Од таму велат дека сторителот е другар на градоначалникот Стефан Богоев, кој, како што велат, во моментов се одмора во Африка.

„Неработењето, јавашлакот, доведе до неодговорно однесување на админастрацијата во Oпштина Kрпош. Отуѓеноста од граѓаните под водство на Стефан Богоев доведе до незаинтересираност и умисленост кај дел од општинската администрација дека тие се над сите и наместо да им служат на граѓаните тие уживаат во својата раскалашеност. Врв на таа неодговорност е вчерашниот љубовен четириаголник, кој, за среќа, немаше трагичен епилог. Вербалната расправија меѓу вработена во Општина Карпош со сопругата на нејзиниот колега кулминираше со физичка пресметка меѓу сопругот на вработената во општината и нејзиниот колега. Пресметката меѓу општинскиот службеник и сопругот на неговата колешка заврши со повеќекратни убоди од нож во телото на несреќниот сопружник“, велат од ГРОМ.

Од партијата прашуваат од што се уморил Богоев па отишол да одмора во Африка.

„Од што се умори градоначалнику? Од непримање странки? Од собирање арач? Од играње кантер страјк? Или, пак, од дружбите со твоите раскалашени другари  на Златибор, Халкидики, Бали или Тајван? За жал, градоначалникот Стефан Богоев е вистински пример на уморен градоначалник од неработење и затоа на овие локални избори граѓаните на Карпош ќе го пратат во принудна пензија поради јавашлакот, неодговорноста, застојот, уназадувањето на општината, енормната корупција и рекетот кој го собира по фирмите заедно со неговите другари, како и во неповрат потрошените скоро 30 милиони евра за овие четири години“, велат од ГРОМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Алијанса за Албанците: Заев да ѝ се извини на јавната администрација

Објавено пред

Алијанса за Албанците го повикува премиерот Зоран Заев итно, како што велат, да се повлече од вчерашните обвинувања кон јавната администрација и да им се извини на сите администратори.

„Амнестирање на министри и директори од корупција и обвинувањето на администраторите за неодамнешните проценки на Стејт департмент е само низок обид да се дефокусира јавното мислење и силен удар врз оние кои веќе работат под постојан притисок и во мизерни услови“, реагираат од Алијанса за Албанците.

„Во време кога имаме јавни докази за корумпирани министри и директори, разрешени и осудени функционери, поранешниот директор на Здравствено осигурување, „пациентот“ кој дури е унапреден во поранешен генерален секретар на Владата, ваквите изјави на премиерот Зоран Заев јасно покажаа дека во Владата не постојат само криминал и корупција, туку и организиран криминал. Итно да запрат нападите врз јавната и државната администрација, тие и така имаат голем притисок и условувања за време на изборните процеси, ниски плати и тешки услови за работа“, додаваaт во писменото соопштение од Алијанса за Албанците.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев потроши 4 историски најголеми буџети

Објавено пред

Заев потроши 4 историски најголеми буџети, а ништо не прави, освен најава за раст на долгот до неверојатни 8,5 милијарди евра, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија ја води најкорумпираната власт во Европа. Затоа македонската економија тоне од ден во ден. За една година 6.200 компании се затворени и има 60 илјади нови невработени, а околу 600 илјади лица живеат на прагот на сиромаштијата“, велат од партијата.

Власта на Заев, додаваат од таму, наместо за стандардот на граѓаните се грижи како да го зголеми стандардот на елитата околу нив.

„65% од работниците земаат помалку 25 илјади денари. Дополнително секој ден се соочуваат со зголемување на цените на производите. Поскапеа горивата и струјата, се воведуваат зелени такси и даноци кои немаат врска со екологијата, туку со полнење на празниот буџет. Потрошувачката кошница поскапува, а народот осиромашува. Јавниот долг на Македонија надмина 7 милијарди евра, а прогнозите на власта се дека тој ќе порасне до уште поневеројатни 8,5 милијарди евра или речиси 66% од БДП. Ова се 6 процентни поени повеќе од границата предвидена со Мастришкиот критериум. Патем нема никакви капитални инвестиции, нема нови автопати, болници, училишта и студентски градови, сето она кое што го ветуваа Заев и СДСМ, а кое што не го реализираа овие 4 години“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Maкедонците сè уште се вакцинираат на белградскиот саем

Македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот саем. „Меѓу 300 и 500 граѓани се вакцинираат дневно на саемот во...

Македонија11 час

Напад врз новинар ќе се смета како напад врз службено лице, се воведува и кривично дело демнење

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, објави дека во Владата поминале измените на Кривичниот законик, со кои заштитата на медиумските работници...

Македонија11 час

Заев по повод 20 години од Рамковниот договор: Успешна историја благодарение на партнерите ЕУ, САД и НАТО

Владата денеска одржа тематска седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Во своето обраќање на седницата премиерот Заев потенцира...

Македонија12 часа

Дејан Георгиевски ѝ донесе олимписко сребро на Македонија

Дејан Геoргиевски го прекина 20-годишниот пост на Македонија и од Олимписки игри ќе го донесе досега најблескавиот медал во 30-годишната...

Македонија13 часа

Регистрирани 39 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на...

Македонија15 часа

Заев: 17 октомври е датумот за локалните избори

И покрај дилемите за тоа дали кампањата за локалните избори ќе се поклопи со претстојниот попис, премиерот Зоран Заев денеска...

Европа16 часа

(Видео) Силна експлозија го потресе Леверкузен: Жителите добиле предупредување за екстремна опасност

Силна експлозија ги потресе куќите во германскиот град Леверкузен. Снимките од социјалните мрежи покажуваат како се крева огромен облак од...

Македонија16 часа

Само 0,02 отсто од вакцинираните со две дози во Македонија заболеле од коронавирус

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле со коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Ова, додаде тој,...

Европа17 часа

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската...

Спорт17 часа

Георгиевски обезбеди сребро на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо, во категоријата над 80 килограми. Во полу-финалето, Георгиевски го...

Македонија19 часа

Спасени планинари од Чешка на Шар Планина

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се...

Свет1 ден

(Видео) Песочна бура проголта град во Кина

Песочна бура висока речиси 100 метри зафати град во северозападна Кина, при што целиот град остана покриен со прашина. На...

Европа1 ден

Украинскиот напад ќе заврши со колапс, одговори Русија по изјавите за нова офанзива на Киев

Коментирајќи ја позицијата на поранешниот заменик-министер за привремено окупираните територии на Украина, Јуриј Гримчак, кој повика на подготовка на армијата...

Европа1 ден

Стапката на заразени од коронавирус во Европа се зголемува, предупредува СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека стапката на ширење на коронавирусот е забрзана во некои европски земји, пренесуваат светските...

Европа1 ден

(Видео) Јужна Европа се бори со пожари, најлошо е во Грција и Италија

Шумските пожари, потпомогнати од горештините и силните ветрови, денеска зедоа замав во јужна Европа, а некои северни земји ги расчистуваат...

Регион1 ден

Радев: Нема да дозволиме кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република...

Македонија2 дена

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Економија2 дена

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија2 дена

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија2 дена

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Досие