Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Неработникот Шилегов го уништува Водно, во игра се бизнис интереси на власта

Објавено пред

Неспособниот неработник Петре Шилегов го уништува Водно и намерно не го прогласија за Парк на природата што е повисок степен на заштита, бидејќи во игра се бизнис интереси на власта, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо спас на Водно и ревитализација на неговата шума како што ветуваше Шилегов, единствено донесе уште поголемо уништување и царување на урбаната мафија.
Во својот четиригодишен мандат неработникот Шилегов со прст не мрдна да го заштити или да го ревитализира Водно, напротив свесно дозволи уништување на уште повеќе шума и бетонизација на белите дробови на Скопје. Тоа што владата го прогласи Водно за заштитено подрачје кое според закон е петти степен е само обична шминка дека се грижат за планината, бидејќи доколку сакаа навистина да го заштитат ќе го прогласеа за Парк на природата како што ВМРО-ДПМНЕ за заштити Парк шумата Гази Баба, односно четврти степен што е повисока заштита“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија оценуваат дека ниту на Шилегов ниту на СДСМ, како што велат, не им одговара Водно да биде заштитено затоа што самите тие пред два месеци промовирале нова населба на падините на Водно која според опозициската партија ќе значи уште еден удар врз планината и животната средина во Скопје.

„Наместо да заштитува, Шилегов уништува. Впрочем тоа го покажа кога среде Скопје ја искасапи улицата „Орце Николов“ иако ветуваше дека нема ниту едно дрво да биде уништено. Да биде иронијата поголема Шилегов е тој кој бетонираше дрвја, а сега планира да го уништи и целиот дрворед на булевар „Партизански одреди“ заради нефункционалниот и скап БРТ систем“, напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 27 го уништуваа Скопје, сега шират лаги за Шилегов

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ е уплашена од поразот во Скопје, 27 години го уништуваа главниот град, сега немаат понуда па шират лаги за Петре Шилегов, реагираат од СДСМ, на обвинувањата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, дека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, и директорот на „Водовод“, Душко Весковски, местеле тендер од 300.000 евра

„ВМРО-ДПМНЕ е уплашена од поразот во Скопје и победата на Петре Шилегов. Тоа е истата партија која 27 години го уништуваше Скопје а сега немаат понуда за скопјани. Водени од личниот и партиски интерес, потрошија стотици милиони евра, пари на граѓаните за стиропор што глуми мермер, за споменици, жални врби и палми, вртелешки и лавови. Со Петре Шилегов Скопје во изминатите четири години прераснува во модерен, европски град, по мерка на граѓаните. Затоа од Белата палата е голем стравот. Манипулациите, лажните вести и лагите за Шилегов и Весковски не поминуваат“, се наведуа во реакцијата.

Од СДСМ велат дека реконструкцијата на водоводна и канализациска мрежа на улица „Варшавска“ е спроведена согласно законските прописи и градежните стандарди и нормативи, а градежни активности од посочената фирма не се започнати без претходно склучен посебен договор.

„ВМРО-ДПМНЕ очигледно не планираат да понудат ниту еден проект, ниту едно решение за скопјани па целата кампања ќе ја водат со лажни вести, манипулации, обиди за конструирани скандали. Затоа на изборите ги очекува уште еден убедлив пораз во главниот град но и во најголем број од општините низ државата“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПMНЕ: Темата за недела неработен ден се отвора за да се избегне расправа за трагедијата во Тетово

Објавено пред

Власта во текот на изминативе неколку дена прави сè за да не се расправа за модуларната болница во Тетово, каде што живот изгубија 14 наши сограѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ, откако од СДСМ ги обвинија дека ги кочат законските измени за недела неработен ден.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека нивната пратеничка група доставила барање за дополнување на дневниот ред за расправа на Комисијата за труд и социјална работа, со барање за доставување  информации околу несреќата во Тетово.

„Иако претседателот на Комисијата го стави на дневен ред ова барање, СДСМ гласаше против, со што не прифати да се зборува за несреќата во Тетово. Пратеничката група на СДСМ постапи исто како Зоран Заев за кого несреќата е банална“, се наведува во реакцијата на опозициската партија во која се додава дека враќање во јавноста на теми како неработен ден недела со цел да не се дознае дека од СДСМ сакале, како што се вели, да го угушат секој еден глас за несреќата во Тетово.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ упорно ги кочи законските измени за недела неработен ден

Објавено пред

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за труд и социјална политика немаат намера да се откажат од блокирање на измените на Законот за работни односи за недела неработен ден, обвинуваат од СДСМ.

„Овие законски измени создаваат можност 92 отсто од вработените да одмoраат во недела и да создадат рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот. Што има ВМРО-ДПМНЕ толку против работниците кои чесно си ја заработуваат платата?“, се вели во реакцијата од владејачката партија.

Според СДСМ, на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ освен нивните лични и партиски интереси не им е важен никој.

„Ваквото деструктивно однесување од ВМРО-ДПМНЕ е вообичаена пракса. Тие уште се противат 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување. ВМРО-ДПМНЕ е против работниците, против наставниците, против здравствените работници, против припадниците на Армијата“, стои во партиското соопштение во кое се нагласува дека токму затоа на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее нов, седми пораз.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Топ4 часа

Ограбена аптека во Чаир, на сопственикот му се слошило и починал

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал набргу откако објектот бил ограбен, јави МВР. Тој не бил во аптеката...

Македонија6 часа

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Според него, најголем дел од...

Македонија8 часа

Трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, здравствените работници и тие со имунокомпромитирани состојби

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“,...

Свет8 часа

СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислевме

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни...

Европа9 часа

Директорот на „Модерна“ очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел верува дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство...

Спорт11 час

(Видео) Хулиганите дивеат на стадионите во Франција

Нови навивачки инциденти го обележаа колото во Лига 1. Навивачи на Монпелје и Бордо се тепале пред натпреварот на двата...

Свет12 часа

Шестчасовни разговори меѓу руските и американските воени челници

Највисоките американски и руски воени претставници вчера одржаа шестчасовни разговори во Хелсинки, што беше нивна прва директна средба од 2019...

Македонија12 часа

Пендаровски ќе се обрати на 76. Генерално собрание на ОН

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите...

Свет22 часа

Рендгенски снимки покажуваат како вакцината ги штити белите дробови од Ковид-19

Во целиот свет, бранот на делта варијантата доведе до зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Истата ситуација беше забележана...

Македонија1 ден

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Македонија1 ден

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој,...

Македонија1 ден

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во зависност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Економија1 ден

Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван

Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата...

Македонија1 ден

Наставата продолжува со физичко присуство, состојбата со ковид во училиштата засега е стабилна

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб,...

Македонија1 ден

Софијанова: Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика, но може да предизвика сериозен синдром

Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај...

Регион1 ден

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во...

Македонија1 ден

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан и е на 40 место во светот, според истражувањето на Институтот за економија...

Регион1 ден

Хеликоптери на КФОР надлетуваат над премините на северот на Косово, ситуацијата мирна но напната

Покрај припадниците на „Росу“ ситуацијата на северот на Косово ја следеше КФОР, кој патролираше со хеликоптер, пишуваат регионалните медиуми. Главните...

Македонија1 ден

Попишани 1.212.339 луѓе, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за...

Досие