Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Не блокираме ама не дозволуваме да поминат криминалите на Заев

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ не блокира ништо во Собранието, само не дозволува да поминат криминалните проекти на Заев, реагираат од опозициската партија.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението тие одговараат на прозивките на Јован Митрески од СДСМ, кој денеска рече  дека деструктивниот однос во ВМРО-ДПМНЕ е поради нивното раководството.

„Единствени кои работат против интересите на граѓаните и државата се луѓето од СДСМ. Никој ништо не блокира, посебно не ВМРО-ДПМНЕ. Проблемот е кај нив самите, кај Заев. Заев нема мнозинство во Собранието, односно ги стави пред свршен чин неговите да гласаат за недоверба“, стои во писмениот допис од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија истакнуваат дека  проблемот  е кај  Заев и дека тој треба да си го реши.

„ВМРО-ДПМНЕ е против корупцијата и криминалот на кои сакаат да им дадат легитимитет во Собранието.  За да сопрат погубните политики за граѓаните и државата, Заев и СДСМ, треба да си заминат од власт„, додаваат од опозициската партија.

Економија

СДСМ: Ковачевски обезбедува струја, енергенси и парно во пресрет на зимата, поддршка за граѓаните и фирмите

Објавено пред

Во пресрет на најтешката зима во Европа по Втората светска војна, Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски обезбедува стабилно и сигурно снабдување со струја и енергенси. Обезбедени се доволно средства, за сите потреби од енергенси и топлинска енергија за претстојната зима. Сите основни и средни училишта ќе бидат на регулиран пазар на струја со што ќе се намалат нивните трошоци и со што ќе обезбедиме непречен наставно-образовен процес со физичко присуство за целата зима, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека граѓаните, домаќинствата и малите потрошувачи добиваат стабилна и континуирана испорака на струја, а сметките за струја на граѓаните ќе продолжат да бидат субвенционирани со 80%. Болниците и здравствените установи ќе бидат обезбедени со струја, преку ЕСМ продажба по цена која е поповолна од берзанската. Донесена е и одлука за започнување на постапката за издавање лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар, парно во главниот град ќе има во текот на целата грејна сезона.

Ова се ефикасни, навремени мерки со кои ќе ги надминуваме последиците од глобалната енергетска криза, им помагаме на граѓаните, компаниите, училиштата, болниците. Се грижиме за сите подеднакво, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Понудата за евтини енергенси стои, а Ковачевски да прифати и дебата со претседателот Мицкоски на тема енергетска криза

Објавено пред

Дезертерот Ковачевски да смогне сили и да го прифати планот на Мицкоски за обезбедување двојно поевтина струја и стабилно парно греење за Скопје. Со планот кој претседателот Мицкоски го предложи ќе се набават енергенси, мазут и гас, за ТЕЦ Неготино и ТЕ-ТО, по цени кои одговараат на преткризната состојба, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека со набавка на евтин гас, цената на парното во Скопје нема да има потреба да се зголеми, а ТЕ-ТО ќе може да произведува 200 мегавати на час струја, по цена под 200 евра за мегават час, струја која ќе оди за стопанството кое сега плаќа струја и по 600 евра за мегават час.

Со евтин мазут ќе може да се обезбеди и работа на двете турбини во ТЕЦ Неготино и цена на струја од нешто над 150 евра за мегават час.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека вкупно ТЕЦ Неготино и ТЕ-ТО имаат производствен капацитет од скоро 400 мегавати на час, и со тоа ќе се обезбеди речиси 10.000 мегават часови струја на ден, која ќе биде во дијапазон од 150 до 200 евра за мегават. Оваа струја ќе биде сосема доволна за бизнисот, кој ќе има и до 4 пати пониски сметки од сегашните.

Дезертерот Ковачевски да се охрабри и да ја тргне суетата на страна. Потребни се реални мерки веднаш. Дополнително да не дезертира од дебата на тема енергетика и да избере место и време, со цел соочување со претседателот Мицкоски и фактите, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Економија

СДСМ: Ново покачување на пензиите од 6,8 отсто за сите 330.000 пензионери

Објавено пред

Грижата за граѓаните и политиките на Владата предводена од СДСМ доведоа до рекордно зголемување на пензиите. Околу 330.000 пензионери добија септемвриска пензија поголема за 6,8 отсто. Во апсолутни бројки, просечната пензија е зголемена за 1.074 денари и денес таа изнесува 17.422 денари или близу 300 евра, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека ваквото рекордно зголемување на пензиите се должи на новата методологија што Владата ја договори заедно со здруженијата на пезнионерите во март оваа година.

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство кои ги предводи, продолжува со вистинска грижа за сите категории граѓани, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Вицепремиерот Артан Груби денеска изјави дека ДУИ може да функционира и без него. Оваа негова изјава дојде откако лидерот на...

Европа13 часа

Медведев: Голема Русија повторно се раѓа

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, се огласи по потпишувањето на указот за пристапување на четирите окупирани украински...

Европа13 часа

Зеленски: Подготвени сме за дијалог, но со друг претседател на Русија

Во Украина денеска се одржа итен состанок на Советот за национална безбедност, а претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по состанокот...

Топ14 часа

Почина 55-годишен скопјанец, со велосипед удрил во запрено товарно возило

Денеска (30.9.2022), во 13.20 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово – Скопје, во непосредна близина на...

Свет17 часа

(Видео) Путин ја објави анексијата на четирите украински региони: Народот одлучи

Знаете дека референдуми се одржаа во Доњецк, Запорожје, Херсон и Луганск. Гласовите се преброени и народот дефинитивно одлучил, без никакво...

Економија17 часа

(Видео) Фирмите што ги нуди Мицкоски да ги достават понудите до среда, порача директорот на ЕСМ

Фирмите што ги нуди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да ги достават понудите до среда, порача на прес-конференција генералниот директор...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Го повикувам Ковачевски да не дезертира од дуел, како што тоа вообичаено го прави во својот живот

При денешната посета на општина Јегуновце, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски, истакна дека владата и Ковачевски повторно молчат...

Македонија18 часа

Груби: ДУИ може без мене, нема раскол во партијата

Вицепремиерот Артан Груби, смета дека ДУИ може да функционира и без него. Ова доаѓа откако лидерот на оваа партија, Али...

Македонија18 часа

Именуван нов заменик-градоначалник на град Скопје

На позицијата заменик градоначалник на Град Скопје е именуван Александар Трајановски. Александар Трајановски доаѓа од приватниот сектор и беше избран...

Македонија20 часа

Захариева: Одамна антибугарскиот бран стана антиевропски

Антибугарскиот бран во Македонија одамна се претвори во антиевропски. Граѓаните на Северна Македонија до ден денес се жртви на комунистичката...

Македонија20 часа

„Огнените“ од ДУИ по средбата со Ахмети остануваат на ставот за промена во извршната власт

Група функционери и активисти на ДУИ од таканаречената „Огнена група“ предводени од градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, и чаирскиот огранок...

Свет23 часа

Амбасада на Русија: САД не треба да се сомневаат во нашата подготвеност да се браниме

Американската војска не треба да се сомнева во подготвеноста на Русија да ги брани својот суверенитет, територијален интегритет и народ...

Свет23 часа

Остин: Премногу е рано истекувањето на гас да се нарече терористички чин

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин најави дека сè уште е рано да се шпекулира кој би можел да биде...

Свет23 часа

Бајден: Никогаш нема да ги признаеме руските референдуми во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека Америка никогаш нема да ги признае руските обиди да заземе делови од украинската...

Свет23 часа

Путин потпиша указ – ја призна независноста на Херсон и Запорожје

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за признавање на регионите Херсон и Запорожје како независни територии. „Во согласност со општо...

Македонија23 часа

MО: 78 милиони долари сојузничка поддршка од САД за модернизација, опремување и развој на капацитетите на Армијата

Армијата на Република Северна Македонија добива 78 милиони долари американска поддршка во развојот на своите капацитети, модернизацијата, опремувањето и развојот...

Свет1 ден

Гутереш: Руската анексија на украинските територии би била опасна ескалација

Доколку Русија продолжи со плановите за анексија на четири украински региони, тоа би претставувало опасна ескалација што би ги загрозила...

Македонија2 дена

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина околу стремежот за европска Македонија

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, од македонското Собрание денеска повика на обединување на сите фактори за европскиот пат...

Топ2 дена

Притвор за кавадарчанка, која свирепо го убила својот партнер

На 28.9.2022, од страна на полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци, во координација со Одделот за криминалистичка полиција,...

Македонија2 дена

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот

Македонскиот дипломатски синдикат го поздрави успешното продавање на недвижноста на поранешна Југославија на Петата авенија во Њујорк, во рамки на...