Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Оваа Влада нема капацитет да се справи со енергетската криза во која сами нѐ втурнаа

Објавено пред

Владата купува струја за 210 евра од мегават, а може да ја произведува 4 пати поевтино, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„5,5 милиони евра, колку што изнесува набавката на 26.000 мегавати струја, се пари, со кои доколку се употребеа за домашно производство, ќе се произведеше 4 пати повеќе струја или над 100.000 мегавати. Владата, наместо како сега да дава 5,5 милиони евра за купување екстремно скапа струја, можеше истите овие пари навреме да ги инвестира во РЕК, да се наполни депонијата со јаглен и да произведува струја од домашни капацитети. Но, наместо инвестиции во РЕК, власта тераше тендери со РЕК. Сега на прагот на зимата јаглен на депонијата има само за два три дена“, пишува во соопштението од партијата на Христијан Мицкоски.

Ваквото расипништво на власта, се додава во напишаното, е пример како не треба да се управува со енергетските ресурси на државата.

„Оваа Влада нема капацитет да се справи со енергетската криза, во која сами нѐ втурнаа, потребни се промени, ВМРО-ДПМНЕ знае како да ја извлече државата од енергетски колапс“, стои во напишаното од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

СДСМ: Со новиот интервентен фонд дополнителни 250 милиони денари на располагање за земјоделците

Објавено пред

СДСМ како одговорна партија, која е предводник на државата, континуирано спроведува големи реформи и дава помош секогаш кога е потребно во интерес на сите земјоделци, истакнуваат од оваа партија.

Во таа насока, потсетуваат дека Владата предводена од СДСМ, има усвоено финансиска поддршка за ублажување на последиците од пандемијата врз производството и откупот на јаболка, ориз, грозје, како што следува: поддршка за килограм произведено јаболко, кое во периодот од 15 септември 2021 до 15 декември 2021 е предадено кај регистриран откупувач или преработувач на земјоделски производи или за извоз во висина од 3 денари за килограм. Поддршка за килограм производство оризова арпа од родот 2020/2021, која во период од 1 јануари до 15 декември е произведена и предадена на регистриран откупувач или преработена во сопствен преработувачки капацитет во висина од 3 денари за килограм. Поддршка за килограм произведено винско грозје, кое во периодот од 15 август 2021 до 31 октомври 2021 е предадено кај регистриран откупувач на винско грозје за производство на вино или за извоз на винско грозје во висина од 3 денари за килограм.

„СДСМ на минатите парламентарни избори вети посветена работа со цел создавање услови за одржливо, конкурентно и модерно земјоделство. Едно од ветувањата во програмата „Можеме“ беше и формирањето интервентен фонд за регулирање пазарен дебаланс во земјоделството и обезбедување услови за одржливо земјоделско производство“, додаваат од владејачката партија.

Овој фонд, како што велат, станува реалност од 2022 година, а буџетот за оваа намена ќе изнесува 250 милиони денари.

Буџетот на интервентниот фонд, според СДСМ, ќе биде на располагање во случаи доколку земјоделците се соочат со тешкотии на пазарот и проблеми во производството.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата ја зголемува сиромаштијата

Објавено пред

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека лошите економски политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот во заминување, Зоран Заев, ги донеле, како што велат, граѓаните до сѐ поголема сиромаштија.

„Освен за криминалот и полнењето на своите џебови, Зоран Заев и неговите пиони не мрднаа со прст за да се спречи оваа енергетска криза, која се одразува на целата економија во државата. Само оваа криминална власт не можеше да го види зголемувањето на цените на основните прехранбени продукти за граѓаните. Кога тие поскапеа повеќе од 30 % Владата на СДСМ реши да ги замрзне цените за некои од продуктите“, се посочува во соопштението од оваа партија.

Ова, според ВМРО-ДПМНЕ, е задоцнета мерка, која само ќе го ублажи ценовниот шок и нема да биде доволна за спречување на инфлацијата бидејќи се потребни многу повеќе мерки, кои треба да се донесат што побргу за да се заштити стандардот на граѓаните.

Граѓаните ги очекува и зголемување на цената на електричната енергија за повеќе од 20 %, а со тоа и уште поголема инфлација и зголемување на сиромаштијата, потенцираат од партијата на Мицкоски.

Додаваат дека, наместо енергетските капацитети во државата да произведуваат електрична енергија и да бидат подготвени за енергетската криза што и беше нејавувана, Зоран Заев и Васко Ковачевски гледаат само како повеќе да украдат од енергетскиот систем во државата.
Затоа, сега, како што нагласуваат, државата ќе треба да увезува двојно и тројно поскапа електрична енергија, а цената ќе ја платат единствено граѓаните преку повисоки сметки за струја и преку зголемената цена на основните прехрабени продукти и инфлацијата.

„СДСМ и премиерот во заминување, Зоран Заев, не се способни да се справат со еконоската и енергетската криза. Тие се способни само за местење тендери за фамилијата Заеви и за криминалот и корупцијата, кои ја уништија државата“, е истакнато во нивното соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта ја сокрива вистината за трагедијата во која загинаа 45 граѓани

Објавено пред

Поминаа 11 дена од сообраќајна несреќа во Бугарија, а криминалната и неспособна власт СДСМ – ДУИ молчат и ја прикриваат вистината за оваа голема трагедија во која загинаа 45 луѓе,се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија додека Властите во Бугарија веќе ги соопштија првичните информации од истрагата,во Македонија наместо истрага, си ја префрлаат одговорноста од една на друга.

Како што пренесуваат бугарските истражители, автобусот кој без лиценца оваа година ја поминал македонската граница над 130 пати бил стар и репариран во Турција и дека целата опрема му е замената, а не се знае кои делови му се фабрички – оригинални, а кои не.

Од партијата додаваат дека Власта молчи и не одговара дали е вистина дека автобусот фабрички бил наменет и регистриран за превоз на 49 патници, а потоа е зголемен капацитетот на 54 седишта. Нема одговори и за тоа кој ја има извршено хомологацијата – атестот на возилото и дали поради оваа промена автобусот не можел да добие лиценца за меѓународен транспорт?

Целосен молк и од Спасовски и МВР, после признанието на директорот на Инспекторатот за транспорт, Хусеини автобусот на Беса транс не бил регистриран, а вршел меѓународен транспорт и поминувал граница.

Јавноста не доби одговор на прашањето дали и колку пати досега МВР пријавила преку службени белешки до Инспекторатот за транспорт за недостатоците на автобусите на Беса Транс, а од страна на инспекторатот не било ништо преземено односно не бил направен вонреден инспекциски надзор на Беса Транс, се вели понатаму во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ целата вина и одговорност лежи во институциите преводени од криминалната коалиција СДСМ-ДУИ по што одговорност за оваа трагедија мора да има.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет4 часа

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Македонија4 часа

Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци...

Македонија7 часа

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, пред членството на партијата во Општина Карпош ја презентира својата изборна...

Македонија7 часа

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Со нашите европски партнери работиме за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник на државниот секретар...

Регион8 часа

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

Времето на едноличната премиерска власт заврши, истакна бугарскиот претседател Румен Радев пред претставниците на „Промената продолжува“, а за време на...

Економија8 часа

Бесими го достави дополнетиот предлог-буџет за следната година

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска го достави дополнетиот предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој...

Европа8 часа

Следната пандемија би била посмртоносна од Ковид-19, предупредува креаторката на „Астра зенека“

Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни од сегашната криза предизвикана од Ковид-19, предупреди Сара Гилберт, професорка на Универзитетот „Оксфорд“...

Свет8 часа

(Видео) Најмалку 15 загинати и голем број исчезнати по силната ерупција на вулканот Семеру

Индонезискиот вулкан Семеру и денеска продолжи да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција, во која загинаа 15...

Европа9 часа

Откриен извештај – Германија воведува задолжителна вакцинација во неколку ресори

Новата германска влада има намера од средината на март да воведе задолжителна вакцинација за вработените во одредени ресори, пренесуваат светските...

Европа10 часа

Невакцинираните во Италија нема да може да користат јавен превоз без ковид-потврда

Во Италија од денеска стапија во сила построги мерки против коронавирусот, со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу...

Свет22 часа

Папата на Лезбос со мигрантите – стотици бели ливчиња, апел за помош

Папата Франциско на вториот ден од посетата на Грција го посети бегалскиот камп на островот Лезбос. Тој ја обвини Европа...

Свет23 часа

Путин предупреди: Полјаците ги полеваат мигрантите со хербициди на граница

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика директорката на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческа Рока, да внимава на...

Свет23 часа

Фаучи: Засега, не треба да бидеме премногу загрижени за омикрон

“Првите „малку охрабрувачки знаци“ доаѓаат од Јужна Африка кога станува збор за сериозноста на инфекциите со омикрон” , изјавил советникот...

Европа1 ден

(Видео) Со водени топови и солзавец растерани демонстрантите во Брисел

Белгиската полиција денеска употреби водени топови и солзавец за да ја растера групата демонстранти во Брисел. Учесниците на маршот протестираа...

Македонија1 ден

Заев прифати меѓународна истрага за случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и Алмир Алиу

Постигната е согласност Владата да испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои...

Македонија1 ден

(Видео) Алтернатива доби две министерства и министер без ресор, Гаши и Заев најавија стабилно мнозинство

Алтернатива доби три министерства во Владата на заедничка прес-конференција соопштија претседателот во заминување на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на...

Македонија1 ден

Десет починати и 276 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.720 тестирања,...

Регион1 ден

(Видео) Поројни врнежи од дожд во Хрватска, поплавени улици и патишта

Пороен дожд утрово врне на Јадранот локално и со пороен дожд и грмежи. Во текот на денот се очекуваат обилни...

Топ1 ден

Петмина повредени во судир на автомобил и трактор на патот Битола-Ресен

Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Битола-Ресен, кај „Сопотски ливади“. Несреќата...

Досие