Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Од пионот Ковачевски народот глава го боли, поскапеа струјата, парното, метанот

Објавено пред

Народот го боли глава од Ковачевски, пионот на Заев и продолжувачот на заевизмот. Заевизмот и пионот Ковачевски им го загорчија животот на граѓаните со поскапувањата што ги испорачаа како новогодишна честитка, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Стандардот на граѓаните е на удар поради поскапувањето на електричната енергија над 15 % ако се земе предвид дека, покрај основното поскапување од 9,5 %, укината е и евтината дневна тарифа. Ова значи дека секое семејство ќе плати поскапа струја на крајот на годината исто како да плаќа две дополнителни сметки. Заевизмот само во рок од една и пол година, поради неспособноста, криминалот и неодговорноста во енергетскиот сектор, ја покачи струјата 40 %.

Дополнително, за граѓаните на Скопје поскапи парното греење 14,05 %. Ова значи дека речиси 60 илјади домаќинства ќе бидат на удар и дополнително осиромашени. Капак на сѐ е поскапувањето на ЦНГ-метанот за неверојатни 120 %, гориво кое патем се користи и од страна на ЈСП, при што директно ќе биде погоден буџетот на Град Скопје.

Ваквите поскапувања дополнително ќе ја разгорат инфлацијата, која и така веќе го разјадува семејниот буџет на секој човек. Цените на производите и услугите и без овие нови покачувања се качија до плафон, а сега дополнително ќе растат. Но, тоа не ги интересира милионерите од власта на заевизмот, кои јадат со златни лажици и уште без срам го уверуваат народот дека поскапувањата не се големи.

Ете ова е цената што ја плаќаат граѓаните поради криминалот на заевизмот. Одговорност за ова мора да има“, се вели во партиското соопштение.

Скопје

Арсовска со тимови од Град Скопје и јавните претпријатија на состанок во Општина Кисела Вода

Објавено пред

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, и претставниците на урбаните и руралните месни заедници од општина Кисела Вода, денеска одржа координативен состанок. Пред претставниците на секторите од Градот и јавните претпријатија се презентираа и се разговараше за предизвиците во општина Кисела Вода и за понатамошни активности за нивно решавање.

Тимовите составени од секторски претставници од Град Скопје, како и од јавните претпријатија што се под надлежност на Градот, веќе ги почнаа теренските активности за целосна процена на состојбата со заборавените населби во општина Кисела Вода, која ја сочинуваат 15 месни и урбани заедници, од кои девет урбани и шест рурални населени места. Континуирано се спроведуваат средби со граѓани, се врши процена на затекнатата состојба и се работи на изготвување акциски план со проекти што Градот ќе ги имплементира во овие заборавени населби.

Град Скопје заедно со теренските тимови изготви извештај на детектирани проблеми за решавање во урбаните и месните заедници на територијата на општина Кисела Вода, според кој повеќето од проблемите се однесуваат на решавање инфраструктурни проблеми, реконструкција и асфалтирање улици, поставување нови автобуски постројки и воведување дополнителни линии за автобуско обраќање, изградба на дополнителна мрежа за водовод и изградба на атмосферска канализација во одредени населени места, како и одржување на зеленилото и поставување корпи за отпадоци и контејнери во повеќе урбани и рурални места во општина Кисела Вода.

Скопје и скопјани заслужуваат еднаков третман и посветеност во работењето на градската администрација и јавните претпријатија. Во Скопје повеќе нема да има заборавени населби, а Град Скопје ќе почне со имплементација на проекти во секое населено место, со што ќе се овозможи еднаков брз и рамномерен раст и развој за сите општини и населени места во нив.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Потпишани важни договори и меморандуми со Бугарија кои носат придобивки за граѓаните

Објавено пред

Новите влади на Република Северна Македонија и Република Бугарија отворија ново поглавје во билатералните односи. Потврда за тоа е успешната меѓувладина седница на која беа формирани пет работни групи и се потпишаа важни меѓудржавни договори и меморандуми за проекти од интерес на граѓаните на двете држави, потенцираат од СДСМ.

Додаваат дека двете влади и надлежните министерства ќе соработуваат во областа на инфраструктурата, земјоделството, аграрните науки, развој на малите и средни претпријатија, либерализација на превоз на стоки, намалување на цената на роамингот, а посебен фокус ќе се стави на железничкото поврзување и инвестиции во важни патни делници од Коридорот 8.

Ова, како што објаснуваат од партијата на власт, е сериозен исчекор во унапредување на односите меѓу двете земји кој носи придобивки за двете земји.

„Владата предводена од СДСМ во следниот период ќе се посвети на зајакнување на соработката на Северна Македонија и Бугарија преку културни, образовни и младински размени, инфраструктура, мобилност, дигитализација, брз проток на информации. Со ваквиот пристап, низ дијалог и соработка не само што ќе се продлабочи соработката, туку и ќе се најде заедничко прифатливо решение за отворените прашања. Убедени сме дека во духот на европските вредности, зачувувајќи го нашето достоинство ќе најдеме решение за отворените прашања со што ќе се надминат пречките за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта е неспособна да се справи со ковид-кризата, за еден ден над 2.000 позитивни лица

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ реагира дека власта е неспособна да се справи со ковид-кризата, а за еден ден над 2.000 лица се позитивни.

„Власта не знае како да се справува со ковид-кризата уште од самиот почеток, прво немаше тестови, па слободни кревети во болниците, за на крај да нема вакцини. Во моментот во Македонија има над 20.000 активни случаи заразени со ковид. Цел град со големина на Кочани, Радовиш или Кавадарци е заболен од ковид“, велат од оваа партија.

Како резултат на лошиот пристап, додаваат од таму, имаме над 8.000 починати од ковид, тоа е население, колку што жители има едно Крушево, Кратово или Берово, посочуваат од партијата на Мицкоски.

Сугерираат дека се потребни итни мерки за справување со ковид-кризата и одговорен пристап.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Регистрирани нови 1.861 случај на Ковид-19 и 27 починати

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет6 часа

НАТО со нови барања до Москва

Откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД ѝ испратиле на Москва одговори на безбедносните барања на Русија, истото...

Македонија7 часа

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко...

Топ10 часа

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа10 часа

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија12 часа

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа13 часа

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Европа14 часа

Војник застрелал петмина стражари во фабрика за оружје во Украина

Војник на украинската национална гарда од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при...

Македонија1 ден

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија1 ден

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија1 ден

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија1 ден

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ1 ден

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија1 ден

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ1 ден

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија1 ден

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ1 ден

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Македонија1 ден

Лекарската комора бара промени на казнената регулатива на Фондот

Лекарската комора остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување. Оттаму...

Свет2 дена

Италијанските болници одбиваат да лекуваат невакцинирани пациенти, новинари снимиле со скриена камера

Италијанските болници одбиваат да ги лекуваат и оперираат невакцинираните и оние кои не биле заразени. Откако минатата недела во емисијата...

Македонија2 дена

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување...

Досие