Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Притисоците на Заев кон некои пратеници се потези на очајник, граѓаните јасно кажаа дека се за промени

Измамникот Зоран Заев е изворот на кризите и проблемите во Македонија. Тој не може веќе да биде ниту решение. Неговото заминување е неопходно за подобро на Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Неговиот збор видовме дека не вреди, тој, освен што е губитник, е и класичен измамник. Последните обиди за притисоци и непристојни понуди кон пратениците што се потпишаа на иницијативата за гласање недоверба на Владата се само сламка за спас на Заев и екипата околу него. Тоа се потези на очајник.
Граѓаните јасно му порачаа на последните избори дека се за промени и ваквите злоупотреби нема да му помогнат, туку само уште повеќе ќе го зголемат незадоволството на народот.
Заев не може да ја држи Македонија во заложништво поради фотелја и политичка кариера. Тие се веќе завршени. На народот му е јасно како бел ден дека со Заев и СДСМ на власт ќе продолжат да тонат во криза – економска, здравствена, енергетска. Мотивот на тие кои се потпишаа на иницијативата е да се исполни волјата на граѓаните.
Помина времето на лагите, заплашувањата и притисоците на измамникот Заев. Доаѓа времето нова власт да се справува со проблемите и да донесе нова и подобра иднина за Македонија“, додаваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ковачевски-Павлова: Со проекти од енергетиката, инфраструктурата и животната средина, се обезбедува стабилност и побрза интеграција во ЕУ

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска, се сретна со делегација од Европската инвестициска банка, предводени од заменик-претседателката на банката, Лилјана Павлова.
На средбата присуствуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими.
Заеднички беше констатирана досегашната успешна соработка на државата со Европската инвестициска банка, со надеж дека таа соработка ќе се прошири и во други области.
На состанокот се дискутираше за поддршката која Европската инвестициска банка ја обезбедува за реализација на клучните проекти во јавниот сектор од областа на патната и железничката инфраструктура, енергетиката, како и проекти од областа на зелениот развој и зелената транзиција на земјата.
Во оваа насока, претставниците на Европската инвестициска банка нагласија дека продолжува поддршката на државни проекти, како и на приватниот сектор.
Заеднички беше истакната важноста за реализација на проектот за изградба на гасниот интерконектор со Грција и реализацијата на делницата во земјата, при што, беше оценето дека оваа инвестиција ќе придонесе за стабилност во снабдувањето со енергија, што ќе обезбеди раст на земјата и побрза интеграција во енергетскиот пазар во регионот, како и во Европската Унија.
Беше потенцирана и важноста на проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје, кој е поддржан и преку инвестициски грант во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), со што ќе се обезбеди подобрување на квалитетот на условите за живот на жителите на главниот град, но и пошироко.
Премиерот Димитар Ковачевски, на средбата, се заблагодари во име на Владата, за континуираната поддршка на Европската инвестициска банка на државата, со што, оваа значајна меѓународна финансиска институција придонесува во процесот на пристапување на земјата кон ЕУ.
Европската инвестициска банка е активна во Република Северна Македонија уште од 1991 година, обезбедувајќи над 1,1 милијарди евра, финансиска поддршка за претпријатијата, како и за проекти од областа на транспортот, енергијата и инфраструктурата.
Македонија
СДСМ: Го штитиме стандардот на граѓаните, замрзнати цените на јајцата и оризот

СДСМ со одговорни мерки и политики го штити стандардот на граѓаните, велат од партијата на власт.
„Со одлука на Владата предводена од СДСМ, цените на јајцата и на домашниот ориз се замрзнуваат на ниво од 15 март.
Претходно беше замрзната цената на белиот и полубелиот леб, кој сега се продава за 33 денари.
Цените на млекото и на млечните производи се намалија 10, а на тестенините 15 проценти.
Мерките за намалување на цените на прехранбените производите даваат резултати, цените се намалуваат, повеќе пари остануваат во семејните буџети“, прецизираат од владејачкиот СДСМ.
Во време на криза, додаваат од оваа партија, никој не е оставен сам. СДСМ, истакнуваат во соопштението, продолжува со вистинска грижа за стандардот на граѓаните.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Фамилијата Груби во џебот става народни пари, наместо борба со корупцијата, власта ја создава

Фамилијата Груби купува дуќани џабе, наплаќа туристички услуги од државни институции и што уште не, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ветон Груби купува, а функционерот, братот Артан Груби, плаќа или поточно плаќа од пари на граѓаните. Тоа се гледа по купувањето на дуќанот на улицата Македонија од страна на Ветон Груби и наплаќањето за туристички услуги од државните институции со кои раководи Артан Груби.
Која е шемата со туристичките услуги? Ветон Груби како сопственик на „ЕТЦ травел“ наплатил туристички услуги во вредност од еден милион денари од државни институции, и тоа дури 8 пати. Потоа Владата, во која втор човек токму Артан Груби, префрла пари на „ЕТЦ травел“ на Ветон Груби три месеци по ред во 2020 година или, пак, во два наврата, во временска дистанца од 5 дена во 2021 година. Целта е очигледна – секоја година по неколку трансакции да има кон „ЕТЦ травел“ на Ветон Груби, се истакнува во нивното соопштение.
Со ова, како што напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ, се крши Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите или има јасен судир на интереси. Но, оваа Влада, според ВМРО-ДПМНЕ, не се бори со корупцијата, туку ја создава.
Бараат антикорупциската комисија веднаш да постапи по наведените јасни сомнежи наместо да молчи!
„Едно е јасно, додека надлежните институции молчат, СДС и ДУИ од државните институции прават филијали на нивните фирми! Или државните институции се користат за да се создадат поволни бизнис-услови за фирмите на луѓето од власта!
Надлежните за овие постапки еден ден ќе одговараат бидејќи, наместо да работат за граѓаните, работат само за лични интереси!“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.