Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Разликата во клиничкиот во Србија и оној на Заев и Филипче е во 400 милиони евра кои тие ќе ги стават в џеб

Најкорумпираната Влада во Европа предводена од Зоран Заев и неговиот министер за здравство Венко Филипче сакаат да направат нов криминал, сега со наводна градба на нов клинички центар, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„ И тој клинички центар би чинел повеќе од половина милијарда евра или Заев и Филипче планираат нова народна пљачка.
За разлика од кај нас, во Србија клинички центар се гради за 4 пати помала сума, во вредност од 125 милиони евра. Според карактеристиките, станува збор за ист клинички центар. Разликата е во тоа што тој се прави за четири пати помала сума и со детален проект, а за Македонија ист таков би чинел четири пати повеќе или повеќе од половина милијарда евра и со физибилити-студија од само 30 страници“, се наведува во соопштението.
Од партијата додаваат дека според физибилити-студијата спроведена од Заев, Филипче и екипата, во цената од половина милијарда евра за новиот клинички центар не се вклучени изградбата на пристапните патишта, снабдувањето со струја, довод и одвод на вода, канализација, како и телекомуникациската мрежа.
„ Значи грабежот овде, во Македонија, ќе биде уште поголем. Во Србија наскоро, или во септември – октомври, ќе има нов клинички со 1.000 болнички кревети, работен врз основа на детален проект што ќе чини 125 милиони евра. Во Македонија има само физибилити-студија oд 30 страници, која е параван за уште еден грабеж на Заев и Филипче.
ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи овој грабеж!
Четири години власт на Заев. Четири години украден живот. Доста е!“ порачаа од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Наумче Мојсовски да си поднесе оставка од АМС заради скандалот со распределба на ваучери

Корупцијата и злоупотребите се заштитен знак на оваа власт на СДС и ДУИ. Нема ресор, нема функционер кој не е замешан во некој коруптивен скандал. Последен во низата е Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека антикорупциска утврдила дека Мојсовски и Комисија избрана од Владата, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределби на средства од ваучер системот за финансирање на спортски клубови, со што го оштетиле буџетот на државата. За ова Наумче Мојсовски добил и кривична пријава, што го прави недостоен да ја врши функцијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ во овој систем за кој одлучувал Мојсовски и владина екипа се вртат една милијарда денари и постои основан сомнеж дека ваквите пари не завршувале кај спортисти и клубови според реални критериуми. Постојат индиции дека под сомнителни околности биле доделувани на фаворизирани федерации и клубови, при што силно влијание на изборот имале поединци, па дури и политички партии.
Од партијата велат дека ова е огромен скандал. Овој скандал мора да се разреши во целост. Но најпрво Мојсовски и неговите пријатели од Комисијата кои учествувале во сомнителната распределба на средства од ваучер системот треба да си поднесат оставки за да не влијаат на истрагата.
Дополнително, самиот факт дека постојат сомнежи за влијание на други лица, па дури и политички партии врз изборот, истрагата треба да се прошири и врз лица од владата која ги именувале и Мојсовски и Комисијата и на тој начин можеби вршеле притисок на одлуките.
Што фати СДС исуши и искорумпира. Нема област од која не направија матен бизнис. Оваа власт на СДС и ДУИ треба час поскоро да замине од власт, се вели во соопштението.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Осудуваме цензура на медиуми и новинари

„Владата забранува на дел од новинарите и медиумите да известуваат за утрешното чествување на Гоце Делчев, без образложение недоделувајќи акредитации на одредени медиуми, новинари и фоторепортери. Зошто може бугарските здруженија да присуствуваат, а не може новинари да известуваат за чествувањето на Гоце Делчев“ соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат „ова е срам за владата, министрите и сите што работат за владиниот режим во делот со медиуми“.
„Најстрого ја осудуваме цензурата врз медиумите од страна на Владата на Ковачевски врз новинари кои сакаат да известуваат за чествувањето на Гоце Делчев. Ваквата поделба на медиумите и брутална цензура значи дека Ковачевски губи контрола. Откако со денови министри се расправаат со новинари, вечерва владината прес служба забрани известување на новинари на два интернет портали од гробот на Гоце Делчев по повод на 151 година од неговото раѓање. СДС се уплашени од критичко размислување и спроведуваат класично едноумие. Забрана на новинари да си ја вршат својата дејност е одлика само на тоталитарни режими“ стои во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат „Димитар Ковачевски со ваквите чекори покажува дека слободата на изразувања е само празна флоскула која ја користи кога држи пресконференции со дипломати или претставници на нашите стратешки партнери, а во суштина ги има сите одлики кои ги имале режимите од истокот“.
Македонија
СДСМ: Добивме нови над 50 милиони евра од ЕУ, европскиот пат носи придобивки за граѓаните

Процесот на евроинтеграција носи конкретни придобивки за државата и за граѓаните, унапредување на инфраструктурата, развој на економијата, раст на стандардот. Европската комисија преку повикот за инвестициски грантови ни одобри уште три проекти во вредност над 50 милиони евра, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека средствата се наменети за спроведување на економскиот и на инвестициски план за Западен Балкан и опфаќаат реновирање шест хидроцентрали, изградба на ветерен парк во Богданци и изградба на регионални центри за цврст отпад во Полог, Пелагонија, Вардар, во Југозападниот и во Југоисточниот Регион.
Во јули минатата година беа одобрени првите четири инвестициски проекти за спроведување на економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, во вредност од 225 милиони евра, за дел од железницата Македонија – Бугарија, набавка на опрема за фотоволтаичните станици „Осломеј 1“ и „Осломеј 2“, за фотоволтаична централа Битола, како и за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје.
Од СДСМ велат дека ова е помош за државата да ги изведе реформите, но и побргу и полесно да ги достигне европските стандарди преку подобрување на животната средина и унапредување на инфраструктурата.
Европските фондови за енергетската независност и за заштита на животната средина носат сериозно подобрување на квалитетот на живот за македонските граѓани.
Европскиот пат носи развој и напредок на државата, европски вредности и сигурна иднина за подобар живот на граѓаните, се вели во соопштението.