Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лиферува лажни вести за Когресот на ЕПП, одговорност за ќорсокакот во интеграциите треба да го бараат кај Заев

СДСМ се обидува да лиферува лажни вести за Конгресот на ЕПП, за да дефокусира од својата неодговорност и состојбите до кои ја донесе Македонија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека за тоа како ВМРО-ДПМНЕ ги застапува националните и државните интереси на Македонија пред ЕПП ги повикуваме Дарко Каевски и СДСМ да го проследат говорот на претседателот Мицкоски на Конгресот на Европската народна партија. Токму во тој говор јасно и недвосмислено беше потенцирано дека Македонија и граѓаните во Македонија заслужуваат отпочнување на процесот на преговори за членство во ЕУ, без какви било условување и негирања на македонскиот јазик и идентитет.
Добро ќе беше СДСМ и Каевски навреме да препознаеја каква замка и пречка за Македонија претставуваат егзибиционизмот и болната амбициозност на нивната врхушка, кога дадоа правна рамка на едни анахрони, негаторски и неевропски барања. СДСМ тогаш вметна кукавичко јајце во договор за добрососедство кој сега ја води Македонија кон ќорсокак. За тоа одговорност Каевски и СДСМ треба да бараат од Зоран Заев, но и од наследникот Ковачевски.
СДСМ треба да прифати одговорност за ваквите потези исто како што треба да прифати одговорност и за другите нотирани забелешки кои се однесуваат за нивното 5-годишно злоупотребување на институциите. Во Европа веќе ја гледаат злоупотребата на институциите за да се нападнат опозициските партии, групи и поединци и дека во Македонија е потребно да се воспостави одговорен систем каде што судските служби се деполитизирани, а предметите се судат врз основа на објективни факти наместо политички интереси на разни групи, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Маричиќ: Достоинствено ќе чекориме на патот кон полноправно членство на ЕУ

Нашата Влада направи сериозни напори и во изминатите години но особено во овој состав во изминатите неколку месеци на повеќе нивоа, да разговара отворено, искрено со Бугарија за да ги исполниме нашите надворешно политички цели, изјави заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.
„ Нашата цел е пристапување во членство во ЕУ но секако во исто време заштита на нашите интереси во смисла на јазик, идентитет и започнување на преговори како процес кој ќе биде одржлив и партнер кој ќе можеме да го имплементираме на тој начин што ќе доведе до членство, одговори Маричиќ на новинарско прашање.
Тој смета дека во задачата којашто му е дадена од Владата e важно да се грижи за овие интереси и да работи за тоа и дека не можат ниту да се откажат од патот кон ЕУ, затоа што тоа е утврдено уште при нашата независност, но исто така не можат да се откажат од некои позиции кои се важни за секоја држава.
„ Заштитата на јазикот и идентитетот, за секоја држава е важно достоинствено да чекори кон патот на ЕУ, секако имајќи ги предвид добрососедските односи како битен критериум којшто ни е ставен во рамката, односно во критериумите за пристапување“, рече Маричиќ.
На прашањето во однос на цензурата, која се споменува во францускиот предлог, вицепремиерот истакна дека ние имаме законодавство кое приближно е усогласено со ЕУ, и за говор на омраза и за сè што важи за ограничување на слободата на говор.
„ Било што да се спроведува, би се спроведувало во рамките на нашето законодавство и преку нашите институции. Ниту министерствата се надлежни за тоа ниту пак може да го гонат. Целта на отворање на темата за говор на омраза е системски да се воспостават механизми за борба со говорот на омраза кон сите па вклучувајќи ги и Бугарите, истакна Маричиќ.
Маричиќ уште еднаш потврди дека во моментот кога ќе имаат каков било официјален предлог, тој секако ќе биде доставен на разгледување и во Владата и кај коалициските партнери во Владата и се разбира во некоја форма ќе биде консултирано и Собранието и комисијата за надворешни работи во секој случај.
Македонија
Утре сончево и топло време, попладне нестаблно со пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северозападен, а во западните делови умерен западен ветер. Попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ=7
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Доцна попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во вториот ден од викендот ќе се задржи сончево и топло време, а во попладневните и вечерните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од понеделник ќе има стабилизирање на времето со благ пораст на дневните температури.
Македонија
Утре во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 25.6.2022 година (сабота), поради одржувањето на Парадата на гордоста, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците во централното градско подрачје на Скопје.
За време на движењето (по потреба) за сообраќај ќе бидат затворени улиците 11 Октомври, Димитрие Чуповски, Васил Главинов, булеварот ВМРО, булеварот Илинден, улицата Аминта Трети“ и улицата 1732.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.