Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Соседите одвојуваат до осумпати поголема помош за стопанството од неспособната Владa на СДСМ

Објавено пред

Владата на СДСМ има одвоено најмалку пари за стопанството во регионот. Додека Србија му помага на стопанството со високи 11 проценти од БДП, Бугарија со 9,9 отсто од БДП, Грција со 5 отсто, Хрватска и Босна со приближно 3 отсто од БДП, поддршката од македонската Влада изнесува мизерни 1,2 отсто од домашниот бруто-производ, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Штетите од аматеризмот на СДСМ секој ден се поочигледни. Првичните анкети велат дека речиси 100 илјади наши сограѓани добиле привремен отказ или останале без работа. Илјадници наши сограѓани се оставени на улица, а Владата на СДСМ упорно ги прикрива вистинските бројки на наши сограѓани погодени од кризата.

Најновите истражувања на јавното мислење велат дека 25,8 проценти од граѓаните во Република Македонија го изгубиле или познаваат некој што го загубил своето работно место привремено или трајно.

Граѓаните на избори ќе ги казнат Зоран Заев и неговата криминална влада. Крајот на оваа власт се ближи“, се наведува во партиското соопштение.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

(Видео) Илиевски: СДСМ станува носител на коронавирусот во државава

Објавено пред

Неспособноста на надлежните и владејачката структура да воспостават соодветен систем за заштита на здравјето на граѓаните доведе до тоа Македонија да е на врвот по црниот биланс во однос на коронавирусот, изјави на прес-конференција Боро Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Зоран Заев докажал дека здравјето на граѓаните ниту му е приоритет, ниту го интересира.

„Тој зборува само за избори и тера кампања додека раководството на неговата партија или е инфицирано или е во самоизолација“, рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ кој додаде дека владејачкиот  СДСМ станува носител на Ковид-19 во државава.

Според Илиевски ситуацијата е алармантна, а Македонија го доживува вториот пик на коронавирусот, кој првично беше најавуван за наесен.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Со редиците за субвенции, Шилегов ќе го направи Скопје нов корона-кластер

Објавено пред

Поради неодговорноста и неспособноста на Петре Шилегов, во Скопје се случува сериозна хаварија, велат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

„Секој ден стотици скопјани чекаат ред по неколку часа за субвенции на велосипеди и тротинети во услови кога се случува најсилниот пик на заразата со корона“, се наведува во соопштението.

Од Советничката група на ВМРО ДПМНЕ сметаат дека субвенциите за тротинети и велосипеди се корисен проект, но, според нив, максимално штетен е хаосот со начинот на аплицирање и колоните редици.

„Во 21 век Шилегов наместо да овозможи аплицирање по електронски пат, тој го строи народот во колони и редици директно изложувајќи го на закана на коронавирусот. Шилегов со редиците од неколку стотина метри и хаосот со субвенциите ризикува Скопје да стане нов корона-кластер“, се нагласува во соопштението во кое Советничката група бара веднаш да се смени начинот на аплицирање и документите да можат да се достават по електронски пат или по пошта.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Петров: Почна аплицирањето за мерката за плати за мај, за април ја искористиле 19.350 компании

Објавено пред

Од 1 до 7 јуни сите работодавачи погодени од коронакризата може да поднесуваат барања за финансиска поддршка од 14.500 денари за исплата на плати за мај, посочи на денешната прес-конференција потпретседателот на СДСМ, Коста Петров.

Тој соопшти дека во текот на минатиот месец Управата за јавни приходи примила, проверила и обработила вкупно 23.861 барање за финансиска поддршка за исплата на плата на повеќе од 120 илјади вработени.

Мерката за финансиска поддршка за исплата на плати за месец април ја искористиле 19.350 компании за 127.426 вработени од кои 42 компании кои имаат над 250 вработени (за 26.680 вработени), 300 компании со број на вработни од 51 до 250 (за 27.635 вработени) и 19.008 компании со број на вработени од 1 до 50 (за 73.111 вработени).

Условите за користење на финансиската поддршка остануваат исти како и за претходнитот месец: намалени приходи од над 30% во април и мај споредбено со просекот од месеците минатата година, да не се исплаќаат дивиденда или бонуси за време на користење на мерката и да нема над 120.000 денари нето-плата на над 10% од вработените, посочи Петров.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Свет4 часа

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа4 часа

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет4 часа

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет5 часа

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа6 часа

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Регион17 часа

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет18 часа

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Свет18 часа

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор...

Македонија19 часа

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија21 час

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија22 часа

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија23 часа

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија23 часа

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион1 ден

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија1 ден

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион1 ден

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет1 ден

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет1 ден

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт1 ден

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Досие