Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Формирано е ново мнозинство во Советот на Град Скопје

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ информира дека преку освоените советници во Град Скопје на последните локални избори 2021 обезбедија апсолутно мнозинство од 24 советници од вкупниот број на 45 советници во Советот на град Скопје.

Новото градско мнозинство, соопштија од партијата, ќе функционира по принципот на конкретна соработка на точно одредени програмски проекти кои се во јавен интерес на народот и исклучиво за доброто на локалните жители и на месното население.

Со ова, како што велат, обзнануваме дека актуелната владина коалицијата на СДС и ДУИ ќе биде опозиција во градот Скопје.

„Следуваат многу подобри денови во раководењето со градот, во корист на сите жители на Град Скопје и на неговите општини“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

Павле Трајанов предлага темелни реформи на изборното законодавство

Објавено пред

Повеќе пратеници иницираат средба на која треба да се разговара за реформи на изборното законодавство, информира Павле Трајанов, пратеник од партијата Демократски сојуз.

„Наскоро пред пратениците ќе биде доставен предлог за избор на нова Влада и Програма за работа на владата во периодот 2022–2024 година“, објаснува тој.

Трајанов предлага еден од врвните приоритети да бидат темелните реформи на изборното законодавство.

„Да се подготви нов Изборен законик во кој ќе се дефинираат основи за рамноправен политички натпревар, да се елиминираат системските предности за четирите ‘големи партии’, потоа Македонија да биде една изборна единица со пропорционален модел и без изборен праг.

Новите изборни правила да се донесат најдоцна до крајот на февруари, но измените на Изборниот Законик кои се во собраниска постапка да се донесат до 15 јануари 2022 година“, посочува лидерот на Демократски сојуз.

Заради градење заеднички и усогласен став тој бара да се одржи работна средба, по можност во понеделник (13 декември), со почеток во 13 часот.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се во ценовен шок, платите не стигаат ниту за основните продукти

Објавено пред

Исто како и со недостигот на капитални инвестиции, исто како и со неработата на градоначалниците на СДСМ во општините, исто како задоцнетата набавка на вакцините и неколкуте економски пакет-мерки што ништо не продуцираа на реалниот сектор ниту, пак, спасија работни места, сега Владата е во нов неуспех, глуми дека се разбира од економија, па реши да ги замрзне веќе поскапените производи, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Лесно е да се водат економски политики на хартија од владините фотелји, тешко му е на народот да го купи она што му е потребно со празни џебови. Потрошувачката моќ на граѓаните е сѐ послаба затоа што платите не се доволни за живот, ниту две минимални плати не стигнуваат за нужни трошења. Повеќе од 3.000 денари е потрошувачката кошница за разлика од пред две години. Ако на сето тоа го ставиме секојдневното зголемување на горивата, цената на електричната енергија, која веќе неколкупати е зголемена, а најавите се дека ќе биде зголемена и повеќе од 20 %, реалноста е дека сме во тешка и невидена економска криза“, посочуваат од партијата на Мицкоски.

Додаваат дека граѓаните се веќе во ценовен шок, а Бектеши, според нив, треба да ја напушти владината фотелја и да проба да преживее еден месец со потпросечната плата што ја земаат осиромашените граѓани.

„Јавноста компарира цени на производи од земјите во ЕУ во споредба со цените тука, нелогично е на основните производи цените во Македонија да се повисоки од цените во некои земји на Е,У чии просечни плати се 2.000 евра. Не може млекото и лебот и другите производи да се поевтини во Германија отколку кај нас. Оваа Влада не успеа да донесе подобар живот за граѓаните, а со нејзините погубни економски мерки и одлуки не само што не им дадоа помош туку и им одмогнаа на граѓаните и на стопанството“, се вели во писменото соопштение.

Потребна е навремена правилна економска интервенција, која ќе го ублажи ценовниот шок, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Неспособноста на Владата, како што додаваат, погубните задоцнети мерки и прекумерната сиромаштија ќе бидат минато, на граѓаните им е потребна нова иднина, потребни се предвремени парламентарни избори за излез од мизеријата во која нѐ потонаа Заев и оваа Влада, е напишано во дописот.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Зајкова: ЕК го разгледува предлогот за бесплатен роаминг за Западен Балкан

Објавено пред

“Европската комисијата ја разгледува можноста да ги вклучи земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија во зоната “роаминг како дома” на ЕУ”, вели пратеничката и потпретседателка на ЛДП Моника Зајкова.

“По иницијативата која ја предложив викендов за бесплатен роаминг Западен Балкан во ЕУ во денешниот разговор со комесарот Оливер Вархеји добив одговор дека веќе се разгледува можноста за нивно вклучување во европскиот телеком систем. Тоа ќе биде нешто конкретно што би го направиле за граѓаните да ги почувствуваат придобивките од евроинтеграциите во секојдневието”, додава Зајкова.

Според неа на овој начин секаде во Европа би имале бесплатен пристап до интернет.

“Се надевам наскоро ќе реализираме повеќе иницијативи изнесени викендов на либералната конференција ,,Нов наратив за забрзана интеграција во Европа”, која беше организирана од страна на Renew Europe од Западен Балкан“, истакна Зајкова.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

168 нови случаи на Ковид-19 и седуммина починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.478 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на...

Македонија2 часа

(Видео) Запленета дрога вредна 600.000 евра, пресечен канал за шверц од Косово

Во координирана акција на полицијата, во текот на вчерашниот ден (8 декември) бил пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога...

Македонија3 часа

Со караница помеѓу обвинетиот Бојан Јовановски и судијката заврши рочиштето за Меѓународниот сојуз

Со караница помеѓу обвинетиот Бојан Јовановски и судијката Софче Гаврилова-Ефремова заврши рочиштето за Меѓународниот сојуз Јовановски побара нејзино изземање од...

Свет3 часа

Од компанијата „Фајзер“ со најава: Можеби ќе биде потребна четврта доза за заштита од омикрон-сојот

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ велат дека две дози од нивната вакцина не обезбедуваат силна заштита од омикрон-сојот, па затоа...

Свет5 часа

Бајден: Дали да испратам војска во Украина доколку Русите нападнат – тоа не е опција

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека нема да нареди испраќање американски војници во Украина како одговор на можна руска инвазија....

Европа6 часа

(Видео) Tепачка во турскиот парламент

Синоќешната расправа за буџетот во турскиот парламент завршила со тепачка меѓу пратениците, јавуваат медиумите во регионот. Имено, додека се расправало...

Свет6 часа

Aкутната фаза на пандемијата на коронавирусот ќе заврши во 2022, предвидува Бил Гејтс

Акутната фаза на пандемијата на коронавирусот ќе заврши во 2022 година, предвиде основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, на својот блог,...

Македонија22 часа

Бектеши: Цената на струјата нема да поскапи повеќе од 10%

Поскапувањето на струјата нема да биде повеќе од 10%, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. „Согласно сите проекции, зголемување...

Македонија22 часа

419 новозаразени и 14 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.285 тестирања,...

Свет1 ден

Три дози од вакцината на „Фајзер“ штитат од омикрон – официјална изјава од појавата на новиот сој

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ денеска објавија дека нивните три дози од вакцината против коронавирус за време на лабораториски тест...

Европа1 ден

Олаф Шолц официјално избран за канцелар на Германија

Германскиот парламент го избра Олаф Шолц за наследник на Ангела Меркел како канцелар на Германија. Лидерот на Социјалдемократската партија (СПД),...

Свет1 ден

Швајцарија одобри капсула за евтаназија: Смртта настапува за помалку од една минута

Еутаназијата е поддржана легално во Швајцарија, а оние што ја сакаат ќе имаат на располагање нов метод. Капсулите Сарко го...

Европа1 ден

Рации во Германија поради трговија со работници од Балканот – има уапсени и запленет имот

Германските полицајци и цариници денеска спроведоа десетици рации ширум земјата со цел да ја потиснат наводната трговија со привремени работници...

Свет1 ден

(Видео) Јапонски милијардер стана првиот руски турист во вселената

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава денеска полета до Меѓународната вселенска станица (ISS) во својот прв вселенски лет. Руското вселенско летало Сојуз,...

Свет1 ден

Објавена фотогафија од омикрон со помош на електронски микроскоп

Универзитетот во Хонг Конг објави фотографија од новиот сој на коронавирусот, омикрон, добиена со помош на електронски микроскоп. Омикрон првпат...

Свет1 ден

(Видео) Во Индија се урна хеликоптер во кој бил шефот за безбедност и неговата сопруга

Индиски воен хеликоптер утрово се урна во Тамил Хад. Според светските медиуми, во авионот бил и шефот на индискиот безбедносен...

Свет1 ден

Во разговорот на Путин и Бајден покрај сериозни теми имало и шеги

Разговорот помеѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден бил деловен, но се слушале и шеги и...

Европа2 дена

Белорусија воведува ембарго за производи од непријателски земји, меѓу нив и Македонија

Официјален Минск од следната година ќе воведе ембарго на стоки од земји кои водат непријателска политика кон Белорусија, соопшти прес-службата...

Европа2 дена

Банкнотите на еврото преку нов дизајн ќе промовираат различност и инклузивност

Европската централна банка (ЕЦБ) во понеделникот објави дека планира да ги редизајнира банкнотите на еврото во следните три години за...

Македонија2 дена

Вкупно 16 починати и 375 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на...

Досие