Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Царовска да запре со притисокот врз матурантите и професорите

Мила Царовска веднаш да запре со притисокот врз матурантите и професорите, кој го спроведува преку директорите на средните училишта, а СДСМ да ги поддржи предлог-измените во Законот за средното образование, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Предлог-измените во Законот за средното образование се во корист на матурантите и во корист на нивната иднина, но и иднината на државата, бидејќи тоа се новите лекари, инженери, прогамери итн. Царовска и СДСМ мора да имаат слух за барањата на матурантите, а ВМРО-ДПМНЕ тоа го преточи во законски текст, кој СДСМ треба само да го поддржи.
Матурантите не смее да бидат поле за политичко надмудрување. Време е СДСМ да покаже политичка зрелост и во интерес на најмладите да ги тргне теснопартиските интереси на страна.
Полагањето само 2 предмета наместо 4 за годинешните матуранти ќе биде сериозна помош за нив, кои во време на Ковид-19 немаа целосна настава, но сакаат да го продолжат нивното образование. СДСМ нема право да им стои на патот на иднината на матурантите“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДОМ: Да ги отстрануваме, а не да ги легализираме дивоградбите

Зелената партија ДОМ е против усвојување на измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, со кои се предвидува продолжување на рокот за легализација уште 5 години. Децидни се дека граѓаните имаа законска можност од 10 години за да ги легализираат дивоградбите изградени до 3 март 2011 година.
„Сметаме дека со продолжување на рокот за легализација се охрабрува бесправното градење. Истовремено, се доведуваат во неправедна положба граѓаните што уредно си поднесуваат барања за дозвола за градба.Со продолжување на легализацијата на дивоградбите се девалвираат просторното и урбанистичко планирање. Која е целта на носење урбанистички планови ако се легализираат објекти што не биле предвидени? Со причина, бесправното градење е квалификувано како кривично дело што се санкционира со затворска казна“, велат од ДОМ.
Според партијата, крајно време е, наместо да се продолжува со легализирање на дивите градби, да почнат да се отстрануваат.
Македонија
Левицата: Пописот итно да биде прекинат

Од партијата Левица апелираат до власта пописот итно да биде прекинат.
„Откако група програмери укажаа на низа пропусти и недостатоци на апликацијата за попис на дијаспората, кој почна на 1 март, првиот човек на Државниот завод за статистика, наместо сериозно да се зафати со решавање на недостатоците на системот, тој повторно во стилот на власта им се закани на граѓаните со затворски казни“, реагираат од Левицата.
Според Левицата, аматеризмот во изведувањето на најзначајната статистичка операција се гледа и во тоа што за попишување на населението надвор од границите по електронски пат работата ѝ е доверена на бугарската компанија „Скејл фокус“, и тоа како донација.
Ова, како што укажуваат од партијата, е направено без организиран тендер со јасно дефинирани критериуми кои ќе ја гарантираат безбедноста на процесот.
„Потсетуваме дека Левицата Законот за пописот го оспори пред Уставниот суд поради неколку причини: првин поради тоа што спроведувањето попис во време на пандемија е сулудно, особено во состојба кога Владата нема набавено ниту една единствена вакцина“, информираат од партијата.
Според Левицата, законот ги повредува приватноста, тајноста и сигурноста на личните податоци.
Од оваа партија предупредуваат дека резултатите од ваквиот попис ќе бидат груб фалсификат и ќе бидат искористени единствено во служба на легитимирање на дополнителните политики, кои власта ги планира, а со кои системски и намерно државата се води кон дезинтеграција.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Со Филипче, Македонија не е на листите на држави со број на вакцини

Од oпозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека Македонија ја нема на листите на кои се гледа која држава колку вакцини има, според нив, државата ја има само во фуснота дека ѝ дале донација.
„Два милиона вакцини за Македонија се видливи само за Заев и Филипче, ама не и за граѓаните. Филипче лаже, Заев лаже, веќе тоа на сите им е јасно“, додаваат од оваа партија.
Прават споредба со другите земји за кои велат дека имаат конкретни бројки на вакцини.
„Македонија ја има само на листите на починати од корона, и тоа котира високо. Во Македонија нема вакцини, ама ги има сите соеви на коронавирусот“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, ваквата ситуација е недозволива и за тоа, како што велат, некој мора да одговара.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер