Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов имаше 24 часа да покаже документи за семејната зграда инаку следи кривична

Објавено пред

Шилегов имаше рок од 24 часа, кој полека истекува, за да покаже дозвола, платени комуналии или каков било документ за семејната зграда, во спротивно ќе му биде поднесена кривична пријава, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, Шилегов одбра да молчи и да се крие. Бега од одговори затоа што е кабает. Тој има изградено два ката повеќе од дозволеното и сега од петни жили се обидува да го сокрие овој скандал, мислејќи дека така ќе се спаси од одговорност. Но се лаже, фатен е жив. Шилегов беше избран и платен од граѓаните да го штити градот од урбанистичко дивеење, но тој избра да премине на страната на урбаната мафија. Тоа е исто како шумар да стане дрвокрадец.

Остана уште малку време Петре. Покажи ги документите инаку следи кривична која нема да може Заев да ја крие во фиока. Многу скоро ќе нема Луј Витон судство и обвинителство кое ќе ја штити мафијата на власт“, додаваат од опозициската партија.

Соопштенија

СДСМ: Исплатени 230 милиони денари субвенции за 4.846 земјоделски субјекти

Објавено пред

Од владејачкиот СДСМ информираат дека изминатите денови се исплатени субвенции во висина од 230,1 милион денари за 4.846 земјоделски субјекти.

На 3.310 градинари, кои оствареното производство од пријавените површини го предале во преработувачки капацитети, исплатени им се 168,9 милиони денари, односно по три денари за килограм, додаваат од оваа партија.

„Сите земјоделци кои оствареното производство на овошни култури го предале во производни капацитети добија средства на сметките. 16,7 милиони денари на 172 овоштари, односно три денари по килограм произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети се исплатени за оваа мерки. Финансиска поддршка од 30,4 милиони денари примија и 708 градинари, кои имаа произведено пролетна зелка од почетокот на април до почетокот на мај лани. Тие добиваат по три денари за килограм пролетна зелка предадена кај регистрирани откупувачи. На сметките на 656 мали земјоделски стопанства легнаа над 14 милиони денари, додека исплатата на преостанатите мерки ќе продолжи во наредниот период, согласно динамиката на исплатата“, потенцираат од СДСМ.

Додаваат дека развојот на земјоделството и неселективната поддршка за секој земјоделец останува еден од нивните врвни приоритети.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бил предупреден за лошиот квалитет на модуларните болници, но не реагирал

Објавено пред

За време на ковид-пандемијата, а и за целиот негов мандат, Венко Филипче покажа само едно, дека и во криминалот, и во одморите, и забавите е со Зоран и Вице Заев. Тие не се грижат за здравјето и животот на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија, Филипче иако бил предупредуван за лошиот квалитет на материјалот од кој се правени модуларните болници, не реагирал ама затоа, како што велат, трчал по брзи пари.

„Неговото трчање по брзи пари чинеше 14 жртви, семејства завиени во црно. 14 лица загинаа во пожарот во модуларната болница во Тетово, која изгоре за две минути. Филипче и Заев се заинтересирани само за бизнисот и провизиите, ама не и за тоа дали има соодветни услови за лечење на граѓаните. Па така бројката на починати од корона е речиси 6.500 лица“, е непишано во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека е потребна професионална и независна истрага за пожарот во модуларната болница во Тетово. Тоа, според ВМРО-ДПМНЕ, може, но само со оставки на Филипче и Заев.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Две нови стратешки инвестиции во енергетиката, сончева електрична централа и ветерен парк

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ донесе одлука за спроведување на две нови стратешки инвестиции во енергетиката. На последната седница Владата ги усвои инвестициските проекти на Друштво за производство на енергија ЕФТ „Солар“ дооел Скопје и на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ветерен Парк Вирови“ дооел Скопје, со што енергетскиот систем ќе добие два дополнителни два извори на обновлива енергија, известија од СДСМ.

Ова, според СДСМ е еден од низата чекори што Владата ги презема со цел зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори и замена на старите нееколошки енергенси со нови зелени извори на енергија.

Пред неколку месеци, државата се вклучи во гасната централа „Александропули“ во Грција која треба да обезбеди стабилно снабдување со природен гас, потсетија од владејачкaта партија.

Додаваат дека во фаза на подготовка или во фаза на реализација се и неколку фотонапонски електрани и ветерни паркови, распоредени во неколку општини во државата.

„Од земја зависна од увоз на енергија, денес сме држава која го трансформира и модернизира својот енергетски систем. Сето ова е силна потврда за посветеноста на Владата на инвестициите во зелени, еколошки и обновливи извори на енергија со цел да се обезбедат поевтини извори на енергија, здрава животна средина и почист воздух“, нагласуваат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион8 минути

(Видео) Вучиќ: Го одбив предлогот на ЕУ за решение, тоа не е компромис туку понижување на Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати по седницата на Советот за национална безбедност. На седницата се разгледа актуелната ситуација...

Македонија36 минути

МОН ќе добие експертска поддршка од Естонија за развој на дигитализацијата во образованието

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска одржа состанок со делегација од Естонија, претставници од Секретаријатот за европски прашања...

Македонија2 часа

Вчера се вакцинирале над 12.000 граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 774.422 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Регион2 часа

Србите побројни на протестите, им носат храна и вода

Бројот на Срби собрани утрово на преминот Јариње е значително поголем од вчера, пренесува репортерот на „Косово онлајн“. Луѓето што...

Македонија3 часа

Досега се попишани 1.132.484 лица

Вкупно 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера. Можноста за самопопишување на лица...

Македонија4 часа

Вархеи во Софија на разговори за бугарското вето за Македонија

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј ќе престојува во посета на Бугарија, објави Европската комисија. Детали за разговорите не се соопштуваат,...

Свет4 часа

Претседателот на Бразил наместо во ресторан, вечераше пица на улица

Невакцинираните шефови на држави кои присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите нации оваа недела, најверојатно, ќе мора да се задоволат...

Регион5 часа

Седница на Совет за безбедност на Србија за ситуацијата на Косово

На Косово ноќта помина тензично, но мирно по распоредувањето на специјалните единици „Росу“ низ северот на провинцијата. Српскиот претседател, Александар...

Свет5 часа

Идентификувани жртвите од пукањето во универзитетот во Русија

Идентификувани се сите шест жртви на пукањето на универзитетот во рускиот град Перм. Како што пренесе ТАСС, повикувајќи се на...

Македонија6 часа

Пендаровски: Одржувањето на перспективата за членство во ЕУ е клучниот двигател за реформите во земјите од Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски во Њујорк учествуваше на 20. состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, што...

Свет17 часа

Од ноември можен влез во САД за странци што се вакцинирани

САД повторно во ноември ќе дозволат влез на патници од Кина, Индија, Велика Британија и од многу европски земји, кои...

Свет17 часа

(Видео) Напаѓачот од Русија објавил детали за нападот во универзитетот, во кој уби најмалку шест луѓе и рани 28

Приведениот напаѓач на универзитетот во Русија, Тимур Бекмансуров, објавил долго детаљно објаснување за својата подготовка за нападот, во кое тврди...

Регион18 часа

(Видео) Вучиќ за ситуацијата на Косово: Се надевам дека нема да треба да прeземеме контрамерки

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва ѝ се обрати на јавноста и нагласи дека ова е еден од најтешките денови за...

Македонија22 часа

Нови 154 заболени од Ковид-19, починале 12 луѓе

Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 118, Куманово...

Македонија24 часа

Заев: Прашањето за морална одговорност и моја оставка стана банално

Премиерот Зоран Заев изјави дека прашањето за морална одговорност и за негова оставка станува банално. „СДСМ има квалитетни кадри коишто...

Македонија1 ден

Позитивни на коронавирус се 13 воспитувачи и 9 деца во градинките, Шахпаска вели дека состојбата е стабилна

Тринаесет воспитувачи и 9 деца се позитивни на коронавирус низ градинките, информираше денеска министерката за труд и социјална политика, Jагода...

Македонија1 ден

Стевчо Јакимовски ќе настапи самостојно во Карпош, во другите општини ГРОМ ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

Граѓанската oпција за Македонија-ГРОМ на овие локални избори одлучи да настапува самостојно во oпштина Карпош со претседателот на партијатија Стевчо...

Свет1 ден

(Видео) Проработе вулкан во Шпанија, лавата проголта 20 куќи

Шпанските власти евакуираа околу 5.000 луѓе од неколку села на канарскиот остров Ла Палма поради ерупција на вулкан, соопштија локалните...

Македонија2 дена

Маричиќ: Над милион попишани граѓани, влегуваме во последната фаза

Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, преку социјалните...

Свет2 дена

Три европски земји ги укинуваат сите ковид-мерки, за таквиот чекор клучни се две нешта

Данска, Шведска и Холандија ги укинуваат практично сите мерки во борбата против пандемијата на коронавирус. Стапките на вакцинација се релативно...

Досие