Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Ќе спроведеме целосна децентрализација на општините

„Силни општини, силна држава.Ќе се фокусираме на јакнење на децентрализираниот систем, подобрување на условите за спроведување на веќе пренесените надлежности и осигурување на непречен трансфер на остатокот од зацртаните цели и ресурси во согласност со Законот за локалната самоуправа кои се однесуваат на локален економски развој, образование, култура, здравство, спорт и други области“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Во насока на децентрализација најавуваат дека ќе биде извршен трансфер на спортски објекти од централно на локално ниво.
„На локално ниво се обврзуваме и на приближување на примарното здравство до граѓаните во урбаните и руралните средини.Се обврзуваме на заокружување на проблемот со наследените долгови кај општините и воведување на контролни мерки за оневозможување на понатамошни непродуктивни задолжувања на истите.
Во насока на поголема финансиска самостојност на општините и зголемување на нивните буџети ќе овозможиме законски измени со цел средствата собрани од персоналниот данок од земјоделска дејност и пренамена на земјиште да станат приходи на општините. Дополнително ќе се зголеми и процентот на персоналниот данок на доход и ддв кој ќе се префрла кон општините.Владата на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да се посвети на поголемо финансирање на регионалните и меѓуопштинските проекти, а заради економско изедначување на планските региони. Предвидуваме процентот на одделување на средства по региони да биде сразмерен со степенот на нивната развиеност.Се обврзуваме на обнова.СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат единствено повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев на маса во ресторан во Полошкиот Регион ги договорил точните проценти од пописот

Костадин Костадинов и СДСМ очигледно се нервозни, па штом ќе се најдат во офсајд или наидат на отпор во јавноста заради погрешните политики, веднаш го споменуваат Груевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по денешната прес-конференција на портпаролот на владејачката партија кој го обвини поранешниот премиер за вмешаност во, како што кажа, саботажата на пописот.
Од опозициската партија воедно го повикуваат Костадинов да одговори дали е вистина дека Зоран Заев точните проценти од пописот ги договорил на маса во ресторан во Полошкиот Регион и дали, како што велат, сè друго е фарса која ќе ги чини граѓаните 10 милиони евра.
„Јавноста јасно виде дека СДСМ прави политичко-пазарџиски договор наречен попис, за кој веќе јавно се лицитира со резултати, бројки и проценти. Ваквиот насилен попис кој е продукт на стандарди и пазари на Заев, создава конфликти во јавноста и за тоа одговорност има само СДСМ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, постојат и факти дека се работи за гола политика, а не статистика.
„Пописот се спроведува со врзан потпис на директорот и заменик-директор на ДСЗ, пописот се спроведува надвор од европските стандарди и предвидува попишување на нерезиденти, пописот ќе се прави без јасна методологија со обично диктирање матични броеви, без приложување документи, па уште се оди до таму податоците на отсутните да ги диктираат лица кои најдобро ги познаваат“, велат од опозициската партија.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: 20 медицински лица се заболени од Корона-19 на Клиниката за нефрологија

Дваесет медицински лица се заболени од Корона-19 на Клиниката за нефрологија, во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза, се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ во кое се додава дека прашање е дали воопшто ќе може таа клиника да функционира во наредниот период.
Од опозициската партија јавно прашуваат што ќе се случува со пациентите кои секојдневно се таму на прегледи и оние кои без дијализа не можат да живеат.
„Зарем не ги јаде совеста Филипче и Заев? Очигледно не, гајле им е. Тие двајца дозволија масакр и ги оставија на цедило медицинските лица кои се на првата борбена линија“, стои во партиското соопштение во кое се нагласува дека надлежните најпрво не обезбедиле заштитна опрема за медицинските лица, а сега нема ниту вакцини за никого.
Соопштенија
СДСМ: Пописот е потребен за напредокот на државата, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги манипулира граѓаните

„По речиси две децении, со усвојувањето на Законот за попис и потпишувањето на Указот од страна на претседателот на државата, се исполнети сите нормативни услови за одржување на пописот, како најобемна статистичка операција, според сите меѓународни стандарди.Со пописот што ќе се одржи оваа пролет ќе се соберат релевантни податоци за креирање идни политики и стратегии за развој на државата“, соопшти СДСМ.
Според партијата, обидите на ВМРО-ДПМНЕ за политизирање и опструкција на пописот и се неодговорни и нема да поминат, бидејќи одржувањето на пописот е во интерес на граѓаните и на развојот и напредокот на државата.
„Собирањето потписи против Законот за попис од страна на ВМРО-ДПМНЕ им служи единствено за партиска агенда и треба да бидат чесни и на граѓаните да им објаснат дека само со потписи не се поништува Законот.Исто така, обидите да се калкулира со проценти за етничка припадност се непотребни, пописот е статистичка операција, што ќе ја регистрира реалноста таква каква што е, а резултатите нема да значат суспендирање нечии права.
Но, ВМРО ДПМНЕ се научени да бојкотираат, да бидат на спротивната страна на интересите на граѓаните и на државата. Наместо да се стремат за подобар живот на сите граѓани, прават раздор меѓу народот, ги повикуваат граѓаните да ги кршат законите.Граѓаните ги препознаваат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ диригирани директно од Будимпешта и токму затоа шест пати по ред ги поразија на избори. СДСМ како одговорна партија интересот на граѓаните и на државата е на прво место и нема да отстапи пред оние кои во неуспехот на државата, гледаат шанса за себе“, се вели во соопштението.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот