Контакт

Соопштенија

Демократскиот сојуз: Претседателот Пендаровски да не го потпишува законот за дивоградби

Објавено пред

Демократскиот сојуз (ДС) не го поддржува законот за добивање правен статус на бесправно изградени објекти и бараме претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува, со што ќе се спречи беззаконието во државата и да се привилегираат оние што ги кршат законите и се директно одговорни за градежниот хаос, потенцираат од оваа партија.

Според нив, постојат објекти изградени во заштитени зони, што е спротивно на детаљните урбанистички планови и објекти што ја попречуваат реализацијата на урбанистичките планови.

„Ставањето во нерамноправна положба на граѓаните е спротивно на принципот на владеење на правото и еднаквост на граѓаните пред законите. Чесните граѓани подготвуваат проекти, бараат дозволи за градба, плаќаат комуналии и ги почитуваат сите прописи. Додека оние што градат бесправно и узурпираат земјиште, диво се приклучуваат на водоводните мрежи, електричната енергија, ги кршат сообраќајните решенија и слично, не смее да бидат и натаму мотивирани и лош пример за во иднина“, реагираат од ДС.

Демократскиот сојуз има разбирање за социјалните аспекти, но никако не се за градежен хаос и легализација на хациенди, деловни објекти, куќи со базени итн., децидни се од оваа партија.

Соопштенија

Алијансата за Албанците: И по три години од преспанскиот договор, далеку сме од преговори со ЕУ

Објавено пред

Партијата Алијансата за Албанците денеска изрази жалење што дури и по три години, како што велат, главната цел на договорот од Преспа сè уште не е постигнат.

„Нашата земја е сè уште далеку од отворање разговори со ЕУ иако за три години Владата ги излажа граѓаните најмалку три пати. Духот на преспанскиот договор исто така требаше да се рефлектира и во односите со сите соседни земји, подобрувањето на комуникацијата, решавањето на споровите, унапредувањето на билатералните и регионалните односи, спроведувањето на заедничките развојни проекти и интеграцијата на регионот во Европската Унија“, се наведува во партиското соопштение.

Од партијата на Зијадин Села сметаат дека власта не покажала оти интересот на земјата и граѓаните го става над партискиот.

„Стагнација на реформи, криминал и корупција, партизација на правдата, етничка и политичка дискриминација, се само дел од дамките што ги загрозуваат самиот договор од Преспа и иднината на земјата, како што се очекуваше пред три години“, велат од Алијансата за Албанците.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев од 2019 најавува фотонапонска електрана во Осломеј

Објавено пред

На 4 јануари 2019 година, пред две и пол години најавуваа дека е потпишан договор за изградба на фотонапонска централа на поранешните наоѓалишта на јаглен во Осломеј и дека истата инвестиција ќе биде готова за една година, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако премиерот Заев објави дека денеска и официјално се потпишaни договорите за изградба на електраната.

Од опозициската партија посочуваат дека од првичните најави минало многу време, а, како што велат, ниту фотонапонска централа има, ниту се произведени првите мегават часови електрична енергија.

„Денес Зоран Заев повторно промовирајќи еден ист проект, не кажа ни збор за над 450 вработени во рудникот на РЕК Осломеј, дали и каде воопшто ќе работат овие луѓе. Тоа само говори за површноста во пристапот на оваа влада по вака сериозни енергетски и социјални прашања“, се наведува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во ситуација на пад на рејтингот и како што велат, секојдневни корупциски скандали, Заев е спремен да ветува и рециклира стари ветувања за да ја дефокусира јавноста од своите неуспеси.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов го премолчува предавството на Заев и не кажува што се преговара со Бугарија

Објавено пред

Костадин Костадинов и СДСМ продолжуваат слепо да го следат Зоран Заев во распродавањето на националните интереси, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако портпаролот на владејачката партија денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски целосно се загубиле во деструктивноста.

Од опозициската партија прашуваат зошто СДСМ и двоецот Заев – Бучковски молчи и на одговара дали во преговорите со Бугарија е ставена бугарската декларација како основа на новиот анекс.

„Зошто бегаат од одговорот дали историскиот континуитет на македонскиот јазик и народ се дел од преговорите со Бугарија? Дали подготвуваат ретуширање на историјата, газење на антифашистичката борба на македонскиот народ и асномските идеали врз кои е градена Македонија?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија, Заев е подготвен на секакви концесии и отстапки за да ја зачува власта бидејќи, како што велат, се чувствува заштитен од одговорност за својот криминал.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион8 часа

Курц: Западен Балкан да се врати високо на агендата на ЕУ

Во организација на австриската влада утре во Виена ќе се одржи конференција за Западен Балкан. Домаќинот на состанокот, австрискиот канцелар...

Македонија13 часа

Пендаровски-Борел: Се очекува исчекор за пристапните преговори со ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска оствари средба со потпретседателот на Европската Комисија и...

Македонија13 часа

Заев се сретна со Радев: Имаме обврска да градиме пријателството меѓу нашите братски народи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров...

Македонија14 часа

(Видео) Украина-Македонија 2:1

Првиот гол за македонската репрезентација во натпреварот со Украина го постигна фудбалерот Езгјан Алиоски. Во 54-та минута Трајковски успеа да...

Македонија15 часа

Десет нови случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје,...

Македонија17 часа

Наместо пресуда, повторно судење на Мијалков за „Тортура“

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестемина поранешни припадници на полициската единица „Алфа“, денеска требаше да ја слушнат пресудата...

Македонија18 часа

Бројката на хоспитализирани поради Ковид-19 падна на 90 лица

Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија, и тоа 26 во Скопје и 64...

Топ19 часа

Двајца браќа истепале полицајци во Струга

Двајца браќа со тупаници и шлаканици нападнале полицајци во Струга.  Поради опасност од бегство, судот им определи притвор на напаѓачите....

Македонија20 часа

(Видео) Запленети над 2.000 стебла марихуана во Виена во заедничка акција на македонската и австриската полиција

Во заедничка акција на македонската и австриската полиција запленети се над 2.000 стебла марихуана во околината на Виена, а приведени...

Македонија21 час

(Видео) Борисов на средбата со Заев: Убеден сум дека Радев ќе ви каже дека ништо не може да се направи

Поранешниот премиер на Бугарија и актуелен претседател на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, на средбата со премиерот, Зоран Заев, рече дека...

Спорт21 час

Ангеловски: Наша цел е пласман во втората фаза

Македонија е подготвена за најважниот натпревар на ЕП. Македонија, од 15 чадот ќе игра против Украина. Ова е дуел на...

Македонија22 часа

(Видео) Заев од Софија: Решението е околу нас, мора да го најдеме

Два пријателски и братски народа секогаш мора да разговараат и да бараат решение, изјави премиерот Зоран Заев на почетокот на...

Свет1 ден

Путин и Бајден согласни дека никогаш не смее да дојде до нукеарна војна во светот

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден, излегоа со заедничка изјава за прашањата на стратешката стабилност....

Свет1 ден

(Видео) Бајден: Мојата агенда не е против Русија, туку за американскиот народ

Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата агенда не е против...

Свет2 дена

(Видео) Путин: Преговорите беа добри, амбасадорите се враќаат

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата по самитот со неговиот американски колега Џозеф Бајден рече дека преговорите биле „добри“. Toj...

Европа2 дена

EMA даде позитивна оценка на клиничките испитувања на „спутник В“

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави позитивен извештај за резултатите од клиничките испитувања на руската вакцина „спутник В“ против коронавирус,...

Македонија2 дена

Заев: Изгубен е Мицкоски, ако некој го најде, нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев реагира на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека македонскиот идентитет е изгубен и дека утре...

Македонија2 дена

Регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.802 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на...

Македонија2 дена

Отфрлена пријавата за Џафери и за пратениците што се појавија во Собрание заболени од коронавирус

Основното јавно обвинителство Скопје ги отфрли кривичните пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата против претседателот на Собранието, Талат Џафери, и...

Македонија2 дена

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

Европската Унија одлучи да ја стави Република Северна Македонија на списокот на земји што се безбедни за патување, пренесуват европските...

Досие