Контакт

Соопштенија

Единствена Македонија: Бејли потсвесно призна дека судството и марионетската власт биле негови подрачни единици

Објавено пред

Единствена Македонија му благодари на Џес Бејли што на крајот на неговата кариера во Македонија со писмо до судството всушност потсвесно призна дека во Македонија дејствувал како локален гувернер и дека македонските судови и македонската влада биле подрачни единици на американската амбасада во Скопје, велат во соопштение од партијата на Јанко Бачев.

Од партијата сметаат дека американскиот амбасадор се мешал во внатрешните работи во Македонија и во заднина носел одлуки во судството и политиката.

„Џејмс Бејли фрли многу пари на Сорос за уништување на македонскиот народ преку марионетската влада во Скопје иако македонскиот народ и поголем дел од граѓаните не сакаат промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ“, стои во партиското соопштение.

Од таму додаваат дека новата легална власт на Единствена Македонија, која ќе работи во интерес на Македонците а не во интерес на странците, доаѓа и прва задача ќе биде расчистување со националните предавства и конфискација на украденото во, како што се вели, бесмилосниот грабеж на народниот имот.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: За да им се стави крај на криминалот, корупцијата, неправдите и понижувањата, мора да се стави крај на владеењето на Заев

Објавено пред

Изборите на 15 јули ќе бидат денот кога народот ќе ги казни поразите, криминалот и корупцијата на Зоран Заев. Овие три години мафијашка власт на Заев ја осиромаши Македонија. Јавноста го виде хибридниот режим на СДСМ на дело, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Сите видоа и слушнаа дека Заев се пазарел со правдата. Диктирал решенија за истражни постапки, носел трас-трас одлуки во правосудството со кои селективно паѓале судски постапки. Сите видоа и слушнаа дека со милиони евра, со чанти Луј Витон или снопчиња пари се разнесувале рекетирани пари, за кои има сведоштво дека завршувале кај Заеви. Сите слушнаа и видоа дека Заеви и СДСМ биле во коалиција со подземејето, па така неистомислениците на Заев ако не добиеа монтиран судски процес ќе им беше запалено возило со амин на Заеви.

Народот виде дека додека сите осиромашуваат фрчеа лиценци, концесии и тендери на луѓето блиски на Заев. Поради тоа економијата најмногу трпеше. Растот на БДП беше убедливо најнизок во регионот, а Македонија стана приватен пашалук на Заеви. Тие одлучувале кој може, а кој не да води бизнис во државата. Јавниот долг порасна над 50%, а до крајот на годината се очекува да достигне 60% од БДП, односно нов долг од 1,5 милијарди евра. Ги потрошија најголемите буџети во историјата на Македонија, а ништо не изградија. Нема ни нови училишта, ни клинички центар, ни студентски градови, ни 600 километри нов автопат. Се што ветија во 2016-та се излажаа. Реализацијата на капиталните инвестиции им беше под 50% во текот на целиот мандат. Крвавите тендери, РЕК Битола, плантажите со Марихуана, Фондот за иновации и десетици други коруптивни скандали ја искачија Македонија на врвот по корупција во Европа.

За жал Македонија поради неодговорноста на власта на Заев е црн рекордер и по други параметри. Епидемијата со корона покажа дека политикантството на Заев го урнисало здравствениот систем, па така сме на неславното прво место во цел регион по смртност и број на заразени на еден милион жители.

Достоинството на граѓаните беше поразено, а беа раскрчмени националните и државните интереси. Понижувањата, неуспесите и поразите станаа секојдневие. Тоа мора да прекине. Народот ја препозна Обновата на Македонија и масовно ќе ја даде својата поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, за конечно вирусот Зоран Заев да биде победен.

СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!“ се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Дурловски по третпат избега од дебата со Шекеринска

Објавено пред

Дурловски по третпат избега од дебата со Шекеринска, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштеие.

„Како одговорна партија чии носители на листи се поборници за слободата на говор, демократските придобивки би сакале да ја информираме јавноста и медиумите за постојаното назадно однесување на дел од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 5 Игор Дурловски денес по третпат избега од телевизиско соочување со носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме” во ИЕ 5 Радмила Шекеринска.

Со тоа Дурловски покажа дека се плаши од дебата со носителката од СДСМ Радмила Шекеринска. Можеби на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Дурловски му е полесно да ги искажува своите ставови во толпа и да хушка кон насилно влегување во Собранието и физички напад врз Шекеринска отколку да застанат лице в лице и да ги спротивстават своите ставови.

Бегството од соочување е потценување на граѓаните од Битола, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Крушево и другите општини во ИЕ 5 кои Дурловски сака да ги претставува.

Со откажувањето на учество во дебати Дурловски покажува и како ја сфаќа демократијата и односот кон граѓаните и медиумите. Тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ кое може да ги обнови само стравот, насилството и медиумскиот молк“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Џабе сега Спасовски ветува кули и градови, кога неговата Влада беше неспособна

Објавено пред

СДСМ, Спасовски и Заев покажаа дека се неспособни ништо да изградат, велеат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, од каде ваквиот став го поткрепуваат со тврдење дека на актуелната власт ѝ требале две години само за да ги пушти автопатиташта што ги изградила претходната влада.

„Станува збор за Миладиновци – Штип и Демир Капија – Смоквица, каде уште без срам играа чочек во тунел. Три години еден метар асфалт не ставија на автопатот Кичево – Охрид и редица други директни показатели на нивното неработење“, се наведува во партиската реакција,

Во неа се додава дека тоа што Спасовски сега пред избори се слика и помпезно најавува проекти, не поминува кај граѓаните, бидејќи тие виделе дека СДСМ ништо не направил.

„Народот на овие избори поддршката ќе ја даде на Обновата, затоа што во неа се предвидени 1.000 конкретни и остварливи проекти, како изградба на автопат до Битола и експресен пат до Меџитлија, доизградба на автопатот од Кичево до Охрид, доизградба на експресните патишта кои СДСМ не беше способна да ги направи и реконструкција на над 1.000 километри магистрални, регионални и локални патишта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

(Видео) Заев: Имаме над 3 пратенички мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев посочи досега тие освоиле три мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ и остава можност за уште плус...

Македонија45 минути

ДИК: Според 93 отсто од обработените податоци „Можеме“ има 36,13%, а ВМРО-ДПМНЕ 34,65% од гласовите

Според неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија од обработени 93,96 отсто од податоците од вкупно 3.480 гласачки места,...

Македонија1 час

Јанушев: Трката е тесна, ВМРО-ДПМНЕ има шанси да формира Влада

Генралниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на прес-конференцијата пред партиските простории порача дека партијата влегува во трката да формира Влада...

Македонија2 часа

(Видео) Ахмети: ДУИ освои над 100 илјади гласа и 12 мандати

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа на неговата партија во албанскиот блок оценувајќи дека се обезбедени над 100 илјади...

Македонија3 часа

(Видео) Дерковски: Тековните резултати покажуваат мртва трка меѓу политичките ривали

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, на прес-конференција соопшти дека според тековните резултати со кои располага Комисијата, очигледна е мртвата трка...

Македонија3 часа

Манчевски во изолација, неговиот возач и заменик-министерот на МИОА позитивни на коронавирус

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, преку својот фејсбук-профил информира дека поради позитивниот тест на Ковид-19 на својот...

Македонија4 часа

Во исчекување на резултатите падна интернет-страницата на ДИК

Веб-страницата на Државната изборна комисија повеќе од еден час не функционира. Од ДИК велат дека станува збор за технички проблем...

Македонија4 часа

Чулев: Изборите поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера

„Овие парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера и се уште еден доказ како за демократската свест на...

Македонија5 часа

Oдѕивот на парламентарните избори надмина 50 отсто

Десеттите парламентарни избори завршија со одѕив од 50,86 отсто. На гласање излегле 922.678 гласачи од обработени 3.466 избирачки места од...

Македонија7 часа

„Мост“: Полицијата интервенирала во Кичевско, каде што гласач го фотографирал ливчето

Набљудувачите на „Мост“ информираат дека на гласачкото место 0755, село Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го...

Македонија8 часа

Битолчанка се обидела да изнесе ливче од гласачко место

Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и...

Македонија10 часа

Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на...

Македонија10 часа

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, вели...

Македонија10 часа

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња,...

Македонија11 час

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија13 часа

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија13 часа

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион13 часа

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет14 часа

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија15 часа

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Досие