Контакт

Соопштенија

Единствена Македонија: Лидерски средби меѓу две албански и две македонски партии се неприродни и штетни

Објавено пред

„Зоран Заев повторно, којзнае кој пат, за утре свикува таканаречена лидерска средба само со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и партиите на албанското малцинство во државата. Досегашната практика на т.н. лидерски средби во исклучиво тесен круг учесници не дава гаранција за решенија во корист на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија оти Македонија практично се движи кон сопственото исчезнување со бришење сè што е македонско“, соопшти Единствена Македонија.

Партијата упатува јавен предлог до Заев како организатор на настанот за промена на форматот на учесниците на т.н. лидерски средби.

„Решение да се бара според формулата за учество на 15 партии во преговорите со следниот формат: турска, српска, ромска, влашка, бошњачка, две албански и осум македонски партии, и тоа од најмалку две причини, прво, учеството на поголем број партии овозможува решение со најширок легитимитет прифатено од македонскиот народ и сите национални малцинства и, второ, учеството само на две македонски и две албански партии е неприродна, неприфатлива и недозволива состојба оти не ја отсликува македонската реалност, недозволиво го фаворизира албанското наспроти сите други малцинства во земјата и не дава гаранција за заштита на виталните национални и државни интереси.

Ги потсетуваме Заев и Мицкоски дека во татковинската војна во 2001 година Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски прифатија преговори со учество само на две македонски и две албански партии поради што државата излезе поразена, посрамена и понижена со немерливи последици до денешно време“, се додава во соопштението.

Соопштенија

(Видео) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се уплашија од брзи избори

Објавено пред

На вчерашната лидерска средба ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уплашија од брзи избори, истакна портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Според него, тоа што Мицкоски не прифатил избори во декември кажува дека тој се плаши од граѓаните и знае дека го чека нов пораз.

„Јасно е дека СДСМ и коалицијата што ја предводи се фаворити на изборите на 12 април. Во изминатите две години ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски беа единствените што работеа против реформите, против напредокот, против интеграцијата во ЕУ и НАТО“, нагласи партискиот портпарол додавајќи дека единствените кои се радувале на историската грешка на Самитот во Брисел биле Мицкоски и неговата партија.

Костадинов кажа дека СДСМ е постојано на терен заедно со граѓаните со кои, како што рече, на 12 април ќе го потврдат правиот пат.

„Тоа е патот на повисоки плати, на огромна социјална помош, патот на бескомпромисна и неселективна борба со корупцијата, патот на враќањето пари назад кон граѓаните“, порача портпаролот и додаде дека граѓаните нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат во темното минато.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Јанушев: Во очите на Заев се гледа дека дојден е крајот за оваа власт

Објавено пред

По оставката на Зоран Заев, која ќе ја поденесе на 3 јануари, никогаш повеќе нема да дозволиме да ни се случи ваков арамилук, криминал, корупција и неправда на државата, порача на прес-конференција генералниот секратар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Тој нагласи дека во очите на Заев му се гледа дека е дојден крајот на неговата неславна политичка кариера.

„Зоран Заев заминува во историјата, а со него заминуваат и сите криминогени навики на Заеви, на Шеќеринска, Анѓушев, Спасовски, Кирацовски, Ременски и останатите. Заев е човек кој ја ограби Република Македонија, кој безмилосно ги лажеше граѓаните. Никој повеќе не му верува и затоа тоне дури и на сопствените анкети што ги прави“, истакна Јанушев нагласувајќи дека актуелниот премиер е најнепопуларниот политичар меѓу граѓаните.

Тој порача дека на изборите на 12 април ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата заедно со граѓаните ќе го зададат последниот удар на, како што кажа, криминално рекетарската банда на власт.

„Нè чека сите заедно многу работа и многу посветеност, за да ја вратиме државата на вистински колосек и да го постигнеме сето она што е изгубено изминатиот период. Република Македонија ќе ја направиме економски силна држава, правната држава мора да завладее и секој којшто се огрешил пред законот и направил криминал да одговара за истиот“, истакна Јанушев и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има вистински тим од стручни, чесни и посветени луѓе со визија, програма и план.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Глас за Македонија: Дрско е учесниците во дебаклот со ЕУ да распишуваат избори

Објавено пред

Преодна, а не Пржинска влада треба да ги организира предвремените избори, велат од партијата „Глас за Македонија“ на Солза Грчева, од каде додаваат дека после хаваријата која се случи со недобивањето на датум за отпочнување на преговори со ЕУ, дрско е учесниците во истата да распишат предвремени парламентарни избори.

„Нивната целокупна игра е пропадната: на власта и на ‘конструктивната’ опозиција. И сега, како ништо да не се случило, истите тие ќе организираат ‘фер’ избори за да продолжат со погубните политики и политиките на ‘ќорсокак’. Не е можнo“, се навадува во соопштението на политичката партија.

Од партијата на Грчева имаат три клучни барањa пред распишувањето на сега веќе закажаните предвремени парламентарни избори:

„Итно поништување на штетните договори, кои дури не ја постигнаа ниту целта со која граѓаните беа манипулирани. Промена на изборното законодавство, во насока на отворање на плуралниот простор и давање на фер шанса и за други партии. Експертска, преодна влада во која нема да има функционери од ниту една политичка партија, бидејќи овие два блока не можат да организираат фер избори“, истакнуваат од „Глас за Македонија“ во врска со своите барања.

Од таму нагласуваат дека само на ваков начин ќе случат вистински промени во политичкиот систем, а во спротивно, ќе има досега најмала излезност и влада со спорен легитимитет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

(Видео) Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на...

Македонија8 часа

(Видео) Мицкоски на средба со коалициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во седиштето на партијата е на средба со своите коалициски партнери. Состанокот следува по...

Регион9 часа

Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија за да го искажат своето несогласување...

Свет10 часа

Претседателот на британскиот Парламент одби гласање за договорот за брегзит

Барањето на британската влада пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за брегзит, што го постигна премиерот Борис...

Македонија12 часа

Конте: Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги почне преговорите за проширување...

Топ13 часа

Млад скопјанец се фрлил од вториот кат на зграда

Во Полициската станица Центар во вечерните часови на 20 октомври било пријавено дека на скопскиот булевар Кирил и Методиј едно...

Македонија14 часа

(Видео) Симовски: Нема попис во април, ќе се пролонгира

Април е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика,...

Економија16 часа

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена...

Македонија16 часа

Столтенберг телефонски разговараше со Заев: Со нетрпение ја очекувам Северна Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на својот твитер-профил денеска напиша дека имал добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев...

Топ17 часа

Возило удри во две девојки – возачот прво побегнал, па потоа сам се пријавил во полиција

Две девојки се повредени во Скопје, кога возило удрило во нив на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Возачот најпрво побегнал,...

Македонија18 часа

(Видео) Татко му на Боки 13: Не сум Сталоне па да тепам луѓе за една минута

Поради отсуство на скопската обвинителка Имран Османи, утрово во кривичниот суд беше одложено судењето за татко му на Боки 13,...

Свет18 часа

Студенти во Индија носат кутии на главите за време на испит за да нема измами

Индиските студенти носат кутии на главите за време на испитот за да спречат измама. Вакви фотографии се појавија во јавноста...

Европа19 часа

Aко планот на Џонсон не помине, ЕУ ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година

Европската Унија ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година, ако британскиот премиер Борис Џонсон не добие поддршка за неговиот...

Македонија20 часа

Земјотрес во Албанија, почувствуван во западните делови од нашата земја

Земјотрес со јачина од 3,1 степен синоќа ја погоди Албанија, а потресот бил почувствуван во западните делови на нашата земја,...

Свет20 часа

10 илјади полицајци на улиците на Чиле, приведени 1.462 демонстранти

По итен состанок доцна во неделата претседателот на Чиле, Себастијан Пињера, ја бранеше својата одлука да воведе вонредна состојба и...

Свет20 часа

(Видео) Ескалираше бранот насилство во Чиле, петмина загинаа во запалена фабрика

Пет лица загинаа откако фабрика за облека беше запалена од ограбувачи во близина на главниот град на Чиле, Сантијаго, среде...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: По 3 јануари имаме техничка влада и нова реалност

Имаме нова реалност. На 3 јануари имаме нов технички премиер, а по изборите и нова влада, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Предвремени избори на 12 април

Дванаесетти април идната година е датумот на кој ќе се одржат предвремените избори, изјави претседателот на СДСМ и премиер, Зоран...

Македонија1 ден

Пендаровски: Имаме државен консензус за ЕУ, не размислуваме за алтернатива

Имаме јасен државен консензус, а тоа е дека Република Северна Македонија треба што поскоро да ги почне преговорите со Европската...

Топ1 ден

Стружанец пијан паднал од балкон и починал

Педесет и осумгодишен стружанец доцна синоќа починал по пад од незаграден балкон во неговиот дом. МВР соопшти дека мажот бил...

Досие