Соопштенија
Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
На овогодишното Генерално собрание на Американската стопанска комора (AmCham), Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, е избран за нов член на Одборот на директори на оваа организација, која претставува платформа за вмрежување, размена на искуства, споделување на најдобрите деловни практики и за застапување на интересите на нејзините членки, чиј број во земјава во моментов изнесува преку 140 субјекти.
„Алкалоид“ е членка на Американската стопанска комора од 2000 година и еден од нејзините патрони од 2013 година. Компанијата земала активно учество во многу комитети и работни групи на „AmCham“, меѓу кои Комитетот за здравствена заштита, Комитетот за корпоративна општествена одговорност, Работната група за донации и за спонзорства, Работната група за правата од интелектуална сопственост, Комитетот за развој на работна сила и многу други поврзани со работењето на „Алкалоид“.

Заедно со „AmCham“ „Алкалоид“ има поддржано и учествувано на многу значајни настани во земјава, како што се Скопскиот економски и финансиски форум (СЕФФ) во 2022 и во 2023 година, информативните сесии за можностите за финансирање компании, трговските мисии, Б2Б-активностите со меѓународни делегации и други. За „Алкалоид“, кој важи за еден од најголемите македонски извозници, соработката со регионални и со меѓународни платформи е од огромно значење.

„За мене членството во Одборот на директори на ’AmCham’ претставува нова можност да придонесам за иницирање и за промовирање позитивни промени во непосредното деловно опкружување, но и за да поттикнам подобрување на деловната клима и унапредување на условите за одржлив развој“, истакна Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на компанијата.

Во Одборот на директори на „AmCham“ на денешното годишно собрание избрани се и Иван Костиќ, Генерален директор на „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп“; Александра Ивановска, Генерален директор на „Рош Македонија“, и Душан Митрев, Генерален директор на „Пивара Скопје“.
Работата на Одборот на директори на Американската стопанска комора е фокусирана на унапредување на регионалната соработка, како и на соработката со клучните владини институции и со Амбасадата на САД, а еден од суштинските аспекти на овој одбор е мотивирање и охрабрување на членките на „AmCham“ да бидат гласот на прогресивниот бизнис-сектор. Мрежата на „AmCham“ низ Европа брои 46 подружни.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
COMBO.mk – Новата онлајн дестинација за алат, апарати за домаќинство и многу повеќе
COMBO официјално ја пушта во употреба својата нова онлајн продавница, со цел купувањето да стане побрзо, поедноставно и подостапно за сите корисници низ државата. Со новата платформа, COMBO ја пренесува својата богата понуда во дигитално искуство што овозможува лесна нарачка, преглед на производи и безгрижна набавка од дома.
COMBO е современо продажно одредиште со продажен простор од 6.000 м² и асортиман од над 15.000 производи, внимателно селектирани за секојдневни потреби и професионална употреба. Понудата опфаќа девет главни категории: машини и алат, градинарски алат, апарати за домаќинство, автокозметика, лепила и силикони, електрика, оков за мебел, чешми и туш системи, како и производи за домашни миленици. Компанијата посветува внимание на брза достава и професионална услуга, со фокус на практичност и доверба при секоја нарачка.
Што добиваат купувачите
- Онлајн купување со широк избор на производи во девет различни категории.
- Практична набавка од едно место – од професионални алати и градинарска опрема, преку апарати за домаќинство и електрика, до чешми, туш системи и производи за домашни миленици.
- Брза достава и флексибилни опции за испорака низ цела Македонија.
- Стручна поддршка и советување при избор на производи.
- Сервисна поддршка и гаранција за производите.
- Услуга насочена кон лесно, сигурно и безгрижно корисничко искуство.
(ПР)
Соопштенија
Брза инвестиција во батерии е решение за вишокот на електрична енергија и за новиот европски механизам „CBAM“
Батериските системи носат заштеди и нови приходи за сопствениците на фотоволтаични електрани, кои во изминатите две години се соочија со загуби поради прекумерно производство на електрична енергија во исто време, а од 1 јануари дополнителен предизвик претставува и европскиот механизам CBAM (Carbon Border Adjustment Mechanism).
На крајот на 2025 година и на почетокот на 2026, македонската енергетика влегува во нова фаза. По неколку години интензивни инвестиции во фотоволтаични електрани, системот се соочи со сериозни предизвици – ниски, па дури и негативни берзански цени во часовите на најголемо производство, ограничувања во преносната мрежа и финансиски загуби за инвеститорите.
Разговараме со Тодор Анѓушев, управител на компанијата ЕМС, дел од групацијата ФЕРОИНВЕСТ, кој смета дека денес веќе нема дилема: системите за складирање на електрична енергија стануваат клучен предуслов за стабилност, профитабилност и усогласување со европските правила.
1. Г-не Анѓушев, станува јасно дека батериите се неизбежен чекор. Како ја оценувате состојбата со фотоволтаиците денес?
Во последните години главните инвестиции беа насочени кон фотоволтаични централи. Денес веќе јасно се гледа дека без дополнителни решенија, системот не може да ја апсорбира целата произведена енергија.
Во изминатите две години имавме ситуации со негативни берзански цени, што значи дека производителите или мораа да ги исклучуваат електраните или дури да плаќаат за некој да ја преземе нивната енергија. Вишокот од обновливи извори создава дебаланси во мрежата и покажува дека складирањето станува неопходност, а не избор.
Батериските системи веќе не се дополнителна опција, туку клучна алка за одржливост на енергетската транзиција.
2. Дали инвеститорите веќе задоцнија со батерии?
Не е доцна. Батериските системи како инвестиција кај нас се релативно нови и беше потребно време државата да воспостави јасна законска и регулаторна рамка. Тоа подразбираше измени на закони, правилници и мрежни правила, што денес веќе е завршен процес.
Сепак, времето останува клучен фактор. Колку побрзо се инвестира во батериски систем, толку побрзо се намалуваат загубите и се подобрува економиката на проектот. Периодот крај на 2025 и почетокот на 2026 година ќе биде пресуден за инвеститорите кои сакаат да останат конкурентни.
Како ФЕРОИНВЕСТ, имаме батериски системи на залиха и технички подготвен кадар, што ни овозможува брза и сигурна реализација.

3. Колкава е реалната примена на батериите во моментов?
Батериите сè уште се во почетна фаза на примена, но проблемот кој тие го решаваат е веќе целосно присутен. Ние уште од минатата година ги советувавме сопствениците на фотоволтаични електрани да се подготвуваат за вакви инвестиции, за навреме да одговорат на новите пазарни и регулаторни услови.
Кога сите произведуваат во исто време, никој не може да продава по добра цена. Единственото рационално решение е складирање и продажба во часови со повисока цена.
4. Министерството за енергетика неодамна ги објави компаниите кои добија лиценци за батериски системи кои почнаа да се градат во 2025. Вашата компанија е единствена која има веќе изградени и лиценцирани батериски системи и кои веќе работат. Во јануари се очекува нова група проекти за 2026 година, од кои значаен дел ќе ги реализира токму ФЕРОИНВЕСТ. Како го оценувате ова ново поглавје во енергетската транзиција?
Ова е исклучително важен и позитивен чекор, не само за нашата компанија, туку и за целиот енергетски систем на државата. Фактот што ФЕРОИНВЕСТ е прва компанија со веќе изградени и лиценцирани батериски системи кои веќе работат, покажува дека навреме ја препознавме насоката во која се движи енергетиката. Батериите се поставени на две фотонапонски електрани, едната во сопственост на ФЕРОИНВЕСТ, а другата во наша делумна сопственост, каде сме во партнерски однос со уште неколку фирми.
Батериите повеќе не се пилот-проекти или експеримент – тие стануваат клучна инфраструктура за стабилноста на системот. Новата група на проекти што се очекува во јануари, како и подготовките за 2026 година, јасно покажуваат дека државата и инвеститорите конечно влегуваат во фаза на посистемско планирање.
За нас, ова претставува логично продолжение на нашата стратегија: да не бидеме само градители на електрани, туку активен и контруктивен чинител во управувањето, балансирањето и оптимизацијата на енергетскиот систем. Веруваме дека батериските системи ќе имаат клучна улога во наредните години, особено во контекст на високото учество на обновливи извори, пазарните ценовни флуктуации и новите европски механизми како CBAM, кој сега станува нов предизвик за нас како држава и стопанство.
5. Кои батериски системи ги нудите?
ФЕРОИНВЕСТ е ексклузивен застапник за Македонија на глобалниот бренд WEIHENG (WHES), и нуди две решенија. Станува збор за кабинетски батериски системи со капацитет од 233 kWh / 100 kW, составени од модуларни единици и лесно надградливи, наменети за фотоволтаични електрани до 2 MW.
Дополнително, нудиме и контејнерски батериски решенија од 2, 3, 4 и 5 MWh, наменети за големи комерцијални електрани, целосно прилагодени за надворешна инсталација и екстремни температури.
6. Колку се сложени батериите од технички аспект?
Батериите се далеку посложени од фотоволтаиците. Тие бараат секојдневно управување, мониторинг и оптимизација. Причината е тоа што постојат разлики помеѓу инсталиран и употреблив капацитет, како и софтверски стратегии кои мора да се прилагодат на локалните пазарни услови.
Затоа ние нудиме целосна услуга – од избор и инсталација, до часовно и дневно управување со батеријата, и на крајот откуп на електричната енергија.

7. Значи, нема дилема дека батериите се исплатлива инвестиција?
Цените на батериските системи значително се намалија. Според најновите физибилити студии, повратот на инвестицијата е од 2 до 3 години, земајќи ги предвид сите параметри на деградација и загуби.
Клучно е да се одбере докажан производител. Нашите системи се од AAA – Tier 1 производител според Bloomberg и веќе функционираат во повеќе европски земји. Инвеститорот мора точно да знае каде опремата е инсталирана и како работи, дали некаде во Европа тие конкретни батерии функционираат, кој тука во Македонија ќе ги преземе и сл. Има случаи кога инвеститори купија батерии без да се осигураат за нивната функционалност, за нивната понатамошна инсталација и управување, и наместо да решат еден свој проблем, за жал си создадоа нов. Но, има решение за се.
8. Какви се опциите за финансирање?
Главно преку банки. И банките увидоа дека без батерии фотоволтаичните проекти не се одржливи на долг рок и дека батериит се неопходност и се исплатливи за кредитирање.
За финансирање е потребна физибилити студија и бизнис план, кои ние ги подготвуваме за нашите клиенти, обезбедувајќи им целосна поддршка – од идеја до реализација и управување.
9. Како ќе влијае CBAM врз електричната енергија и инвестициите во батерии?
CBAM ќе ја тангира не само тешката индустрија, туку и електричната енергија, како и уште неколку категории. Со влегувањето во 2026 година, извозот на електрична енергија без дополнителните трошоци за CBAM ќе стане неисплатлив и како таков нема ни да се прави. Никој надвор нема да сака да купи скапа струја од нас, оптоварена со таа давачка. Исто ќе биде во сите земји надвор од ЕУ, се додека не се усогласат со регулативата и не ги воведат потребните регулаторни тела внатре во државите.
Тоа значи дека електричната енергија произведена во Македонија ќе мора да се користи и продава на домашниот пазар. За да се постигне тоа, неопходно е таа да се складира кога ја има во вишок и потоа рационално да се распределува во текот на сите 24 часа и да ја трошиме тука, во Македонија.
Токму сега батериите стануваат стратешка инфраструктура – не само за инвеститорите, туку и за државата. На Македонија и требаат батерии, базна енергија и сериозни инвестиции во преносната и дистрибутивната мрежа.
Енергетската транзиција мора да биде планирана, а не стихијна, за системот да ни остане стабилен.
ПР
Соопштенија
Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ
Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ за периодот 02.01.2026 – 08.01.2026 година.

• Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон
Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите.
• Производството запира доколку филтрите не работат
Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.
• ТИТАН УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот
Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на ТИТАН УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.
• Работењето на компанијата е постојано следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина
• Кога печките на ТИТАН УСЈЕ работат, тие работат 24 часа
ТИТАН УСЈЕ поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото денонокие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат.
• Производството на цемент е поинтензивно во текот на летните месеци, отколку во зима
Поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо во текот на летните месеци, отколку во зима.
ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.
Контакт e-mail: [email protected]
(ПР текст)

