Соопштенија
Левица бара јавна расправа со професори и експерти за Законот за личните карти

Пратениците на Левицата, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, денеска, до претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска, како и до претседателот на Собранието, Талат Џафери, поднеле барање за одржување јавна расправа и спроведување јавна дискусија за, како што велат од партијата, сензитивниот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта.
„Како единствени пратеници во Собранието, кои со поднесување амандмани на овој контроверзен закон го стопиравме процесот на негово донесување, сметаме дека итна јавна расправа е неминовна. Во спротивно, овој закон се заканува да предизвика етничка дискриминација поткопувајќи го уставниот концепт на Републиката“, објаснуваат од партијата.
Од таму сметаат дека на претстојната јавна расправа треба да бидат поканети и претставници на невладини организиации, кои се занимаваат со човекови права, стручњаци од пракса, професори по меѓународно право за правата на човекот, граѓански активисти, експерти и други општествени фактори со цел со свои професионални мислења и ставови, како што се вели, ефикасно да придонесат за разјаснување на отворените дилеми во јавноста и за евентуално подобрување на предложениот законски текст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Mицкоски да се врати во основно, само 39 пратеници застанаа зад него, а тој вели имал мнозинство

Мнозинство во Собранието е 61 пратеник, а не 39 колку што се потпишаа за поддршката на губтиникот Мицкоски, велат во соопштение од СДСМ и додаваат дека парламентарното мнозинство е стабилно и тоа може само дополнително да расте.
„Бројот на пратеници на Мицкоски во Собранието варира од 39, колку што се потпишаа зад неговата поддршка, и 53 пратеници од целата опозиција во парламентот, кои гласаа за интерпелација на вицепремиерот Никола Димитров. Тоа е далеку од парламентарно мнозинство и со вакви математики Мицкоски треба да се врати во основно образование и да престане да шири лаги во кои не веруваат ниту во неговата партија“, нагласуваат од владејачката партија, од каде што му порачуваат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да сфати дека 100 пати повторена лага не може да стане вистина.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Менувањето имиња на улици се прави по насилен пат

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје со реакција за одлуката на градоначалникот Петре Шилегов за менување на имињата на улиците.
„Менувањето на имињата на улици се прави на насилен пат, без квалитетна јавна дебата и со многу политика. Од ветениот зиплајн, луна-парк, нови булевари, подземни сообраќајници, тунел под кале, Шилегов спадна главен проект да му се имиња на улици како Социјалистичка зора наместо Христо Батанџиев, 4 јули наместо Борис Сарафов, Бихакќа наместо Павел Шатев, Иво Лола Рибар наместо Теодосиј Гологанов“, реагираат од опозициската партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ објаснуваат дека нивната партија бараше повлекување на предлозите за имиња на улици и нивна разработка со сите надлежни фактори и вклучување на општествени авторитети, градски јавни личности, и институтот за историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
„Шилегов овој предлог го одби. Предлозите за менување на имињата на улици сега чекаат одобрение од владата чиј идеен творец е. Апелираме истите да не се прифатат и да се прифати општествена јавна расправа“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
СДСМ: Мицкоски да ги повика на одговорност сите обвинети функционери од неговата партија

Откако ги призна сите криминални злодела на ВМРО-ДПМНЕ предводена од неговите ментори Никола Груевски и Сашо Мијалков, Христијан Мицкоски да ги повика на соочување со одговорност сите во белиот дворец против кои се водат судски предмети, велат од СДСМ преку соопштение.
„Цели три години Мицкоски е на браникот на криминалот, работи против правдата, против судска разрешница на предметите на СЈО во кои се и Груевски и Мијалков ама и Милошоски и Орце Камчев и многу други. ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се симболот на криминалот, корупцијата и неправдата.Граѓаните ова многу добро го знаат“, порача СДСМ.
Владејачката партија додава дека ќе има одговорност за сите.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер