Соопштенија
Костадинов: Сите сме за влез во ЕУ и НАТО, освен Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ
Денешниот ден уште еднаш покажа дека сите ние заедно сме обединети за влез на Македонија во ЕУ и НАТО, а само Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се против, изјави Костадин Костадинов, пратеник од редовите на СДСМ.
„Колку и да се обидува, ВМРО-ДПМНЕ нема да ја закочи македонската иднина. Граѓаните слободно, без притисоци и достоинствено, ќе дадат поддршка за влез на Македонија во ЕУ и НАТО преку прифаќање на договорот со Грција“, рече Костадинов.
Тој додаде дека гласот на граѓаните ќе биде клучен за македонската иднина.
Попладнево Собранието со 68 гласа „за“ ја донесе одлуката за распишување референдум, кој ќе се одржи на 30 септември и ќе биде консултативен. Референдумското прашање ќе гласи: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција? На гласањето не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Халки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
Халкбанк воведува уште еден иновативен производ – прва банкарска картичка наменета за деца на возраст од 9 до 15 години. Овој производ е креиран за специфичните потреби на децата, кој ним ќе им помогне да стекнат корисни финансиски навики, а на родителите да имаат поголема контрола врз тоа каде и колку трошат нивните деца.
Станува збор за Mastercard Junior дебитна картичка, која е прва во земјава наменета за деца и тинејџери на возраст до 15 години. Картичката се поврзува со сметка на детето, но за сета документација, следење на трошењето и поставување ограничување на сумите за плаќање е одговорен родителот или старателот.
„Нашата цел е на децата да им овозможиме сопствена картичка, преку која ќе стекнат чувство дека располагаат со реална сума пари. На тој начин ќе учат како одговорно да го менаџираат својот џепарлак, да вршат сигурни и безбедни плаќања и постепено да развиваат навики за штедење. Родителите, пак, имаат целосна контрола врз користењето на картичката од страна на своите деца и добиваат СМС известување за секоја нивна трансакција. Веруваме дека ова претставува иновативен и веќе нужен пристап за поттикнување финансиска писменост и одговорност кај најмладите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Халки картичката нуди низа поволности – повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
„Со ваквиот пристап, децата се навикнуваат, изучуваат и се подготвуваат за користење на бенефициите што ги овозможува дигиталниот свет. Ова е особено важно имајќи предвид дека токму децата кои сега се на оваа возраст, се очекува да бидат идни двигатели во забрзувањето на дигитализацијата на општеството“, изјави Атила Селим, директор на Дирекцијата за дигитално банкарство во Халкбанк.
Сите заинтересирани за новата Халки картичка, може да аплицираат во која било филијала на Халкбанк. Корисниците на првите 60 издадени Mastercard Junior дебитни картички, на подарок ќе добијат и детска алка за дигитално плаќање. Отворањето и водењето платежна сметка за малолетни лица е бесплатно, додека сите што ќе аплицираат за Халки картичка до крајот на март 2026 година, ќе бидат ослободени и од трошоците за издавање на картичката.
Повеќе светски истражувања укажуваат дека основните знаења за парите децата ги стекнуваат до 7-годишна возраст, додека од 8 до 15 години веќе треба да научат како да управуваат со мали суми и да штедат за да можат да остварат некои цели кои бараат повеќе финансиски средства.
Халкбанк преку повеќе различни активности работи на финансиска едукација на децата и младите. Банката го издаде првиот Буквар за финансиска писменост за деца, а организира и повеќе креативни работилници преку кои децата учат за придобивките од штедењето.
(ПР)
Соопштенија
CHERY стана официјален спонзор на Ракометната федерација на Македонија
CHERY, еден од најбрзо растечките автомобилски брендови во Европа и во светот, официјално стана спонзор на Ракометната федерација на Македонија. Соработката беше промовирана на прес-конференција одржана во новоотворениот CHERY салон на Grand Auto, официјалниот увозник на брендот во Македонија.

„CHERY е бренд кој со забрзано темпо ја обликува иднината на автомобилската индустрија преку напредна технологија, современ дизајн и висок квалитет. Со поддршката на Ракометната федерација на Македонија, инвестираме не само во спортот, туку и во иднината – во младите таленти, новото раководство и позитивните промени, Чест ни е што денеска со нас се и претставници на ракометската елита на Македонија – претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, како и дел од нашите репрезентативци. Вашето присуство дополнително ја потврдува важноста и силата на ова партнерство.


„Силните брендови не се градат само преку прозводи, туку преку поврзаноста со луѓето, заедницата и страста кон возилата. Токму затоа сме тука денеска да го објавиме официјалното спонзорство на Chery кон Ракометната федерација на Македонија. Ракометот е емоција, традиција и денес е симбол на нов почеток. РФМ влегува во нова фаза со ново раководство и со јасна визија и млади таленти кои ја претставуваат иднината на македонскиот ракомет. Тоа целосно се совпаѓа со филозофијата на Chery – инвестирање во напредок, иновации и долгорочен развој. Chery носи нова енергија во автомобилската индустрија во Македонија и во светот, а македонскиот ракомет носи нова енергија и нови страсти во спортот во Македонија. Ова е чекор напред, заедно со РФМ и Chery. Веруваме дека оваа соработка ќе придонесе не само за спортски успеси, туку и за инспирација на младите деца, промоција на тимски дух, дисциплина, амбиција – вредности кои ги делат Chery и нашите репрезентативци и стручниот штаб, кои верувам дека ќе направат големи успеси во Данска. Упатувам благодарност до РФМ за довербата во име на Chery и Grand Auto – заедно до големи успеси“, изјави г-нот Дритон Заири-генерален директор на Grand Auto.



„Благодарност до г-нот Дритон Заири, кој целиот живот е посветен на ракометот. Денеска нашата соработка се продлабочува и преминува во партнерски договор за спонзорство на Ракометната федерација на Македонија. Се надевам дека оваа соработка ќе носи нови успеси и нови победи, ќе се радуваме заедно и ќе славиме. Ние како федерација сме секогаш отворени за нови соработки, работиме напорно и вредно, и се надевам дека низ сето тоа што го даваме и вложуваме, трудот на крај ќе излезе на виделина. Честитки за новиот салон на Chery и Grand Auto , и во иднина да се гледаме само за убави работи“, изјави г-нот Александар Стефанов -Претседател на Ракометна федерација на Македонија.


Спонзорството е дел од пошироката стратегија на CHERY за раст на европските пазари и претставува јасен сигнал за долгорочна посветеност кон луѓето во Македонија.
Новото партнерство има за цел да го поддржи развојот на македонскиот ракомет, да ги мотивира младите генерации и да промовира вредности како што се тимската работа, дисциплината и стремежот кон успех.
Со оваа соработка, CHERY и Ракометната федерација на Македонија испраќаат заедничка порака за напредок, доверба и нова енергија – и во спортот и во автомобилската индустрија.
(ПР)
Соопштенија
Binance доаѓа во Скопје: на 11 декември голем Community Meetup настан за криптоентузијастите
Binance, водечката светска берза за размена на криптовалути, организира Community Meetup настан, кој ќе се одржи на 11 декември 2025 година во 17 часот во хотел Мериот во Скопје.
На настанот, крипто-ентузијастите и сите заинтересирани за дигитални средства и блокчејн технологии ќе имаат уникатна можност да се сретнат со тимот на Binance, да ги разберат глобалните трендови во крипто-индустријата, да научат како да заработуваат безбедно преку Binance екосистемот, да се поврзат со луѓе со слични интереси и да станат дел од меѓународната Binance заедница.
Присуството на собирот е бесплатно, но поради ограничениот број учесници, потребна е претходна регистрација на следниот линк: https://www.binance.com/en/events/skopjemeetup.
По воведното обраќање, на настанот ќе има преглед на активностите, мисијата и визијата на Binance во Северна Македонија и регионот, ќе се одржи презентација на најновите производи и начини за заработка преку Binance екосистемот и BNB токенот, ќе се зборува за процесот за приклучување во Angels програмата, а присутните ќе имаат можност да учествуваат во интерактивен квиз и да освојат ексклузивен Binance подарок.
„Со организацијата на овој настан, сакаме да ја доближиме Binance заедницата до крипто ентузијастите во Северна Македонија, да поттикнеме едукација и споделување на знаење, и да изградиме мост кон нови можности во дигиталната економија“, велат од Binance.
За Binance
Binance е водечки глобален блокчејн екосистем зад најголемата светска размена на криптовалути по обем на тргување и регистрирани корисници. Довербата на Binance му ја пружаат околу 300 милиони луѓе во повеќе од 100 земји поради неговата водечка улога во безбедноста, транспарентноста, брзината на тргување, заштитата за инвеститорите и неспоредливото портфолио на производи и понуди на дигитални
средства, од трговија и финансии до образование, истражување, социјални добра, плаќања, институционални услуги и карактеристики на Web3. Binance е посветен на изградба на инклузивен крипто екосистем за зголемување на слободата на пари и финансиски пристап до луѓето ширум светот со криптото како основно средство. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата www.binance.com.
(ПР)

