Македонија
Левицата: Пописот итно да биде прекинат

Од партијата Левица апелираат до власта пописот итно да биде прекинат.
„Откако група програмери укажаа на низа пропусти и недостатоци на апликацијата за попис на дијаспората, кој почна на 1 март, првиот човек на Државниот завод за статистика, наместо сериозно да се зафати со решавање на недостатоците на системот, тој повторно во стилот на власта им се закани на граѓаните со затворски казни“, реагираат од Левицата.
Според Левицата, аматеризмот во изведувањето на најзначајната статистичка операција се гледа и во тоа што за попишување на населението надвор од границите по електронски пат работата ѝ е доверена на бугарската компанија „Скејл фокус“, и тоа како донација.
Ова, како што укажуваат од партијата, е направено без организиран тендер со јасно дефинирани критериуми кои ќе ја гарантираат безбедноста на процесот.
„Потсетуваме дека Левицата Законот за пописот го оспори пред Уставниот суд поради неколку причини: првин поради тоа што спроведувањето попис во време на пандемија е сулудно, особено во состојба кога Владата нема набавено ниту една единствена вакцина“, информираат од партијата.
Според Левицата, законот ги повредува приватноста, тајноста и сигурноста на личните податоци.
Од оваа партија предупредуваат дека резултатите од ваквиот попис ќе бидат груб фалсификат и ќе бидат искористени единствено во служба на легитимирање на дополнителните политики, кои власта ги планира, а со кои системски и намерно државата се води кон дезинтеграција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Македонија 364 нови случаи на коронавиус, починаа 24 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.379 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 161, Куманово – 36, Битола и Прилеп – по 25, Охрид – 15, Тетово – 13, Штип – 10, Кавадарци, Струмица и Гевгелија – по 9, Велес, Гостивар и Струга – по 8, Кичево и Дебар – по 6, Свети Николе – 4, Виница – 3, Кочани и Неготино – по 2, Крива Паланка, Ресен, Берово, Делчево и Богданци – по 1.
Регистрирани се 689 оздравени пациенти од:
Скопје – 254, Куманово – 61, Битола – 52, Прилеп – 44, Велес и Тетово – по 36, Кавадарци – 32, Штип – 24, Гостивар – 21, Струмица – 17, Кичево – 14, Неготино – 13, Гевгелија, Крива Паланка и Виница – по 10, Кочани – 9, Ресен и Валандово – по 7, Свети Николе, Пробиштип и Берово – по 5, Радовиш и Демир Капија – по 4, Пехчево – 3, Крушево и Кратово – по 2, Богданци и Македонски Брод – по 1.
Пријавени се вкупно 24 починати лица: 7 од Скопје (40г, 52г, 55г, 59г, 64г, 72г и 85г), 6 од Битола (63г, 68г, 70г, 71г, 71г и 85г), 3 од Куманово (73г, 76г и 84г) и по еден пациент е пријавен од Охрид (88г), Кавадарци (82г), Струмица (73г), Струга (69г), Свети Николе (64г), Крива Паланка (74г), Радовиш (75г) и Пробиштип (52г). Сите пријавени пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 2.379 тестови преку: ИЈЗ – 459, ЦЈЗ Скопје – 44, ЦЈЗ Битола – 84, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември – 13, Институт за микробиологија – 138, МАНУ – 76, Жан Митрев (Филип Втори) – 115, Авицена – 195, Биотек – 254, Систина – 189, лабораторија Лаор – 361, Синлаб – 31, Ремедика – 36, Плодност – 48, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 336.
Досега во земјата се направени вкупно 691.255 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.094, бројката на оздравени пациенти е 122.810, на починати е 4.443, а бројот на активни случаи изнесува 19.841.
Македонија
Кајмакоски: Да оставиме надлежните органи да си ја вршат својата работа

Пејачот Даниел Кајмакоски, кој трет ден е во болница, побара разбирање од медиумите и да не се објавуваат непроверени информации во врска со неговиот случај.
„На сите мои пријатели и фанови, сакам да им се заблагодарам за грижата и поддршката. Трет ден сум во болница. Би ги замолил медиумите за разбирање, како и да не објавуваат непроверени информации. Да оставиме надлежните органи да си ја вршат својата работа согласно законот за расчистување на случајот“, напиша Кајмакоски на социјалните мрежи.
Тој во петокот бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Пријавил дека бил на средба со поранешната сопруга која му дала кафе од кое му се слошило.
Неговата поранешна сопруга Кристина Димитријевска рече дека не сака да ги коментира обвинувањата од поранешниот сопруг.
Според пријавата во полиција, Кајмакоски кажал дека додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, била ставена дрога.
Според информациите од МВР, Димитријевска била повикана во Полициска станица Тетово при што ги негирала тврдењата на Кајмакоски и изјавила дека имале средба за да го види своето дете, но воопшто не пиеле кафе.
Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Кајмакоски му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците болни од ковид да се вратат во изолација, ќе поднесеме кривични пријави

Пратениците болни од Ковид-19 да се вратат во изолација веднаш, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава, порача опозициската партија и предупреди дека гласањето е нелегитимно.
„ Одговорност мора да има за сите од лицата кои ги пропуштиле да влезат во собранието и да го загрозат здравјето на сите, до Талат Џафери, кој дозволил нивно гласање, иако истите имаат решение за изолација и не смеат да го напуштаат домот, и да го посетуваат работното место“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Талат Џафери и СДСМ денеска покажале дека законите за нив не значат ништо, и дека ги кршат на секој чекор.
„ Доколку ова помине, државата веднаш да им ги врати парите на сите казнети за неносење на заштитни маски, на сите кои го прекршиле полицискиот час и на сите кои потрошиле заштеди и подигале кредити за да се лекуваат низ Ковид болниците. СДСМ е најголем ширач на зараза и канцерот на државата“ обвинија од партијата.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш